Контакт

Забава

Струга денеска ќе биде центар на електронската музика

Објавено пред

„Дримон фестивал“ и „Десонанц фестивал“ денеска со почеток во 22 часот организираат целовечерен настан во Струга. Во склопот на овој настан ќе настапат 8 диџеи на два стејџа и афтер на брод сè до утринските часови. Покрај британскиот диџеј Иниго Кенеди, ќе настапат и македонските диџеи Андреас Херц, Клара, Митрик, Меги, Оги, Боби, Кроном.

Главната сцена на која ќе настапи гостинот од Англија и нашите Андреас Херц, Клара и Митрик ќе биде сместена во големиот хангар што се наоѓа во комплексот од центарот за култура во Струга, а на летната сцена ќе биде сместен вториот стејџ, каде што ќе има настап на Боби и Оги до полноќ. На врата ќе може да се купат беќезици за афтер на бродот за кој ќе биде организиран и автобуски превоз до локацијата за кој се планирани Меги и Митрик.

Кенеди претставува икона во светот на електронската музика со над 100 музички изданија и две децении активна инволвираност во британската и интернационалната сцена, како и актуелно име што често можете да го сретнете во програмите на елитните технохрамови во светот, како: „Фабрик“, „Бергхајн“, „Трезори“ сл. Како музичар и продуцент неговата иновативност и уникатен пристап се легендарни со каталог на изданија на водечките техноетикети како „Токен“, „Семантика“ и неговата сопствена издавачка куќа „Асиметрик“. Долгогодишното искуство и високите стандарди на селекција ги прават неговите сетови незаборавни патувања на подиумот. Билети во претпродажба во строго ограничен број ќе може да се набават преку продажните мрежи на mktickets.mk и karti.com.mk и пред почетокот на настанот на врата.

Актуелно

Почнува „Скопје стрит мјузик фестивал“ – четири дена музика под отворено небо

Објавено пред

Од

Од денеска до недела на седум локации во Скопје ќе се случува „Скопје стрит мјузик фестивал“, на кој ќе настапат 25 солисти, групи и ансамбли во живо, на отворен простор. „Кабадајас“, „Вај нот“, женскиот хор „Св. Злата Мегленска“, Антоние Весковски, Елена Чадиковска, „Боса Ун Дер Ковер“, „Пеперминт“ и други ќе изведуваат авторска музика, но и преработки на познати песни.

За време на фестивалот посетителите ќе може да слушнат рокенрол, џез, боса нова, етно, класична и филмска музика. Покрај тоа, ќе настапат и специфични состави со француски шансони, еврејска музика и хорско пеење. На отворен простор, освен на стандардните инструменти, ќе се музицира и на ксилофон, вибрафон, акустично пијано, бандонеон, кои ретко може да се видат надвор од концертните сали.

За Дуња Иванова, наша позната пијанистка со светска слава, поставувањето акустичен инструмент на нестандардна локација е привлечно за минувачите, а предизвик за изведувачот. Во рамките на нејзиниот настап во Градскиот парк на акустично пијано таа ќе изведе филмска музика.

Локациите на кои ќе се одржува фестивалот се: плоштадот Македонија, Градскиот парк, ТЦ „Лептокарија“, Паркот на авиончето во Аеродром, плоштадот Скендербег, платото пред Универзалната сала и Боемската улица. Настапите ќе започнуваат во три термини: од 18, 20 и од 22 часот. Отворањето на фестивалот е вечерва во 19 часот на плоштадот Македонија, а на последниот ден настапите ќе почнат во 12 часот.

Коорганизатор на фестивалот е Конгресниот центар „Александар Македонски“, а покровител е Град Скопје. Повеќе информации за фестивалот се достапни на www.skopjestreetmusicfestival.com.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Производителот на облека „Бенетон“ за рекламна кампања искористил фотографија од штотуку спасени мигранти

Објавено пред

Од

Француската хуманитарна организација „СОС Медитеран“ го критикува производителот на облека „Бенетон“ бидејќи во рекламна кампања користел фотографии од штотуку спасени мигранти.

„СОС Медитеран“ целосно се дистанцира од кампањата на модниот бренд на која се прикажуваат фотографии од нашите тимови кои спасуваат луѓе во неволја на отворено море, соопшти организацијата преку „Твитер“.

Фотографијата објавена на интернет и во дневни весници, според невладината организација, прикажува мигранти во чамец со црвени елеци за спасување заедно со слоганот „Обединети бои на ‘Бенетон’“.

Организацијата „СОС Медитеран“ во реакцијата забележува дека во секое време мора да се почитува достоинството на преживеаните.

Човечката трагедија во Средоземното Море никогаш не смее да се користи за какви било комерцијални цели, се додава во соопштението, објави АФП.

Хуманитарната организација исто така истакна дека не одобрува никаква комерцијална употреба на овие слики. „Бенетон“ на својот твитер-профил објави една фотографија со мигранти направена од страна на организацијата „СОС Медитеран“ и една што ѝ припаѓа на италијанската новинска агенција АНСА.

Прикажи повеќе...

Hitech

Кинезите патентирале телефон без рамка околу екранот

Објавено пред

Од

Минатата недела се појавија извештаи за претстојниот телефон од кинеската компанија „Хуавеј“, кој треба да има 6,9-инчен ОЛЕД-дисплеј. Уредот ќе има рамен екран, а не т.н. edge-to-edge каков што има на актуелната Mate 10 серија.

Прашањето што многумина го поставуваат е дали ова ќе биде само нов огромен телефон или „Хуавеј“ успеала да најде начин значително да ги намали рамките околу екранот? Сега се појавија фотографии од патент, кои може да објаснат некои од деталите. Имено, на компанијата ѝ е одобрен патент со име уред за мобилни комуникации. Патентот претставува паметен телефон со правоаголно куќиште и без рамки отстрана.

Инаку, производството на телефони со многу тенки рамки не е можно доколку се користи постојната технологија. Поради оваа причина, инженерите на „Хуавеј“ најдоа алтернатива.

Невообичаена рамка се користи за левата и десната страна на уредот, при што метални ленти се залепени за куќиштето со помош на двострана леплива лента. Ова е направено на исклучително професионален начин кој овозможува уредот да биде водоотпорен и отпорен на прав.

Екранот на допир има вградена структура на врвот и на дното. Како резултат на тоа екранот е прикачен во внатрешноста на куќиштето и затоа на страните не постои непотребен притисок. Рамката останува прилично тесна и на врвот и на дното на уредот, пренесува „Банчмарк“.

Дали ова може да биде новиот 6,9-инчен телефон „хуавеј“ за кои неодамна проструија информации останува да се види.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Отворено писмо до пратениците: Мораториум за градбите, итно да запре деструкцијата на охридскиот регион

По повод Денот на Охридското езеро, Еколошко здружение на граѓани Фронт 21/42 испрати отворено писмо до пратениците во кое се...

Македонија59 минути

Истрагата за пожарот во Велес во кој загинаа три деца сè уште трае

Сè уште не се познати причините како настанал пожарот во куќата во Велес во кој загинаа три девојчиња на возраст...

Вести2 часа

Трамп го потпиша указот со кој се забранува раздвојување на мигрантските семејства

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го потпиша указот со кој се става крај на раздвојувањето на семејствата мигранти што незаконски...

Свет2 часа

Премиерката на Нов Зеланд стана прва светска лидерка што роди дете додека е на власт

Се породи премиерката на Нов Зеланд, Јацинда Ардерн, со што стана прв светски лидер во изминатите 30 години што имал...

Европа3 часа

Во ЕУ лани имало 50 отсто повеќе терористички напади во споредба со 2016 година

Во земјите членки на Европската Унија минатата година имало 50 отсто повеќе терористички напади и обиди за напади поврзани со...

Македонија3 часа

Додека го менува името, Заев ја задолжи државата со нови 7,1 милиони евра, обвинува опозицијата

Зоран Заев и криминалниот картел што го води ја задолжија државата со нови 7,1 милиони евра. Додека го продава името,...

Топ15 часа

Три деца изгореа во пожар во Велес

Три деца во возраст од една, две и пет години изгореа во пожар во нивниот дом во Велес. Куќата се...

Македонија16 часа

„Страшно е да се менува името“, велат демонстрантите пред Собранието

Со патриотски песни, знамиња и пораки против промената на името започна протестот пред македонското Собрание. Демонстрантите порачуваат дека е страшно...

Економија18 часа

(Видео) СИЕР: Срамно и недозреано е барањето на градоначалникот на Кавадарци за „Фени“

По три часа расправа во судот во Велес одложено е гласањето за планот за реорганизација на „Фени“ предложен од швајцарски...

Македонија23 часа

(Видео) Пратениците го ратификуваа договорот со Грција

Со 69 гласа „за“, без против и воздржани, пратениците во македонското Собрание го ратификуваа договорот за името со Грција. На...

Македонија24 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ќе бара мислење од Венециската комисија за договорот со Грција

Венециската комисија ќе треба да се изјасни за договорот со Грција по барање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, најави пратеникот Драган Данев....

Економија1 ден

(Видео) Протест пред судот во Велес за поддршка на планот за „Фени“

Шеесетина вработени од „Фени“ претпладнево дојдоа пред судот во Велес за да му дадат поддршка на планот за реорганизација на...

Македонија1 ден

(Видео) Груби: Денес се раѓа ново сонце на слободата

Денес се раѓа ново сонце на слободата и исполнување на сонот на Македонија за Европската Унија, рече пратеникот од ДУИ,...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името

Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање на седницата на која пратениците...

Македонија1 ден

Иванов до Заев: Поведи постапка за импичмент, мојот став за договорот со Грција е конечен

Претседателот Ѓорге Иванов го повика премиерот Зоран Заев да поведе постапка за импичмент. Во соопштението испратено од кабинетот на претседателот,...

Македонија1 ден

Груевски: Ваков договор не можев да прифатам оти Грција немала вакви барања

По изјавата на премиерот Зоран Заев дека не е првпат Македонија да прифати ерга омнес и дека тоа го направила...

Свет1 ден

САД се повлекуваат од Советот за човекови права на Обединетите нации

САД се повлекуваат од Советот за човекови права на Обединетите нации. Државниот секретар Мајк Помпео и американскиот амбасадор во ОН, Ники...

Македонија1 ден

Ратификацијата на договорот со Грција на собраниска седница

Пратениците денеска се очекува да гласаат за ратификација на договорот со Грција за промена на името, откако предлог-законот вчера попладне...

Македонија2 дена

(Видео) Архитектите не сакаат да проектираат болница за 12 денари по квадрат, Филипче ги повикува на дискусија

Тендерот што го распиша Министерството за здравство на кој се бара идејно решение за нова градска болница на местото на...

Македонија2 дена

(Видео) Димитров: Сите ја сакаме татковината и сакаме да го зачуваме идентитетот

Предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името e пред Комисијата за европски прашања, каде што расправата...

Досие