Забава
Супермен прикажан како бисексуалец, ама не е Кларк Кент

Новиот Супермен сега ќе биде бисексуалец.
Сегашниот суперхерој на DC Comics, Џон Кент, син на Кларк Кент и Лоис Лејн, открива дека го привлекуваат и мажи и жени во изданието на стрипот „Супермен: Син на Кал-Ел“ од 9 ноември.
Писателот Том Тејлор рече за развојот: „Отсекогаш сум велел дека на сите им требаат херои и секој заслужува да се гледа себеси во своите херои и јас сум им многу благодарен на DC и на Warner Bros што ја споделуваат оваа идеј..“
„Симболот на Супермен отсекогаш претставувал надеж, вистина и правда. Денес, тој симбол претставува нешто повеќе. Денес, повеќе луѓе може да се видат себеси во најмоќниот суперхерој во стриповите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Мајли Сајрус: Издрогирана халуцинирав дека убивам фоки

Пејачката Мајли Сајрус призна дека халуцинирала како убива фоки додека била издрогирана, па дека тоа ја натерало да стане веган во 2013 година. Сепак, шест години подоцна, таа пак почнала да јаде месо. Мајли ова го раскажа во интервју во живо со Џои Роган.
„Трипав дека убивам фоки и дека шаман од уста ми го извлекува секое мртво животно што некогаш сум го изела. Не беше забавно“, вели Мајли во интервјуто.
Таа откри дека во тоа време користела пијалок што содржи халуциногена состојка, а шаманите го користат за време на нивните ритуали.
Забава
Роберт Ретфорд: Носев штитници на пенисот за да се одбранам од Барбара додека снимавме секс сцени

Популарниот актер Роберт Ртфорд (86) открива дека имал проблеми поради Барбара Стрејсенд (80), па бил принуден да стави два генитални штитници пред првпат да легне во ист кревет со неа на снимањето на филмот.
Ова тој го раскажал во книгата „The Way They Were: How Epic Battles and Bruised Egos Brought a Classic Hollywood Love Story to the Screen“ која била објавена на 24 јануари.
Книгата содржи детали за продукцијата, снимањето, но и продукцијата на филмот од 1973 година која на Стрејсенд ѝ донела номинација за Оскар за најдобра главна глумица.
Хофлер наведува дека Редфорд се двоумел дали да ја прифати улогата во истиот филм со Барбара затоа што не ја сметал за сериозна актерка, а исто така сакал да се заштити со оглед на тоа дека во тој момент бил во среќен брак.
Таа пак, била воодушевена од физичката убавина на Роберт и била очајна од желба да се забавува со него, пишува во книгата. За време на снимањето носела и бикини, но сепак Редфорд носел два пара штитници за гениталии и се погрижил кадрите воопшто да не бидат жешки, да може да ги гледаат дури и деца.
Филмот бил снимен во периодот кога Редфорд имал 36, а Стрејсенд 30 години.
Книгата открива и дека актерот одбил во текот на снимањето на втората секс-сцена да ја изговори реченицата „Овојпат ќе биде подобро“ затоа што верувал дека ќе мислиат дека и во реален живот е лош во кревет.
Режисерот на филмот Синди Полак открил дека Барбара се заљубила во Роберт пред да почнат со снимање, иако тој веднаш и поставил граници.
Се вели дека ѝ рекола: „Доколку работиме заедно, мораш да знаеш дека сè што ќе ти кажам во соба ќе биде кажано затоа што јас сакам да знаеш. Не затоа што ти мислиш дека имаш некое право тоа да го знаеш“.
Но, како што се тврди во книгата на Барбара тоа ѝ била дополнителна мотивација затоа што таа сакала силни и арогантни мажи.
Сепак, и покрај тензијата зад камрите, филмот постигнал неверојатен успех, а кога се полемизирало за тоа дали ќе има продолжение, Редфорд не прифатил: „Барбара би го сакала тоа, но јас не“.
Забава
Џереми Ренер го прегазила машина за чистење снег додека се обидувал да го спаси својот внук

Актерот Џереми Ренер се обидувал да спречи машина за чистење снег да удри во внук му, но тој самиот настрадал од машината, која се залетала кон него и го згмечила, дознава британски Би-би-си.
Според полицискиот извештај, Џереми, ѕвездата на „Марвел“, го користел својот плуг PistenBully, тежок шест тони, за да му помогне на Александар Фрис да го исчисти снегот од својот автомобил.
Но, големото возило почнало да се тркала по ридот, се наведува во извештајот на одделот на шерифот на округот Вашо.
Ренер во несреќата добил повреди на торзото, лицето, екстремитетите и на главата.
Актерот оттогаш закрепнува во болница.
Ренер претходно изјави дека во инцидентот скршил повеќе од 30 коски, но нагласи дека тие ќе зајакнат исто како што се продлабочува љубовта и врската со семејството и пријателите.
Несреќата се случи околу Нова година, во близина на автопатот Маунт Роуз, кој ги поврзува езерото Тахо и јужниот Рено, на границата меѓу Невада и Калифорнија.