Контакт

Забава

Сajмон Коуел го принудува синот да носи маска за да се заштити од коронавирусот

Објавено пред

Шефот на „Икс фактор“ е преплашен од смртоносниот вирус по потекло од Вухан (Кина), кој досега зарази над 71.000 луѓе, од кои 1.770 починаа.

Сајмон Коуел, креаторот на многу успешни реални формати, како што се „Икс фактор“ и „Америка бара талент“, го принудува шестгодишниот син Ерик да носи медицинска маска кога ќе патуваат во „Дизниленд Париз“ следниот викенд.

Во изјава за talkRADIO, Сајмон (60) рече: „Преплашен сум од вирусот. Носам маски веќе долго време“.

„Кога возам велосипед во градот, јас носам маска. Но, следниот викенд ќе го носиме Ерик во ‘Дизниленд Париз’ и кога ќе бидеме во воз, сите ќе носиме маски“.

„И ќе носиме цел пакет средства за дезинфекција на рацете бидејќи вирусот ме плаши. Не би сакал да бидам на крстарење сега. Толку многу луѓе заглавени во крузер. Зошто не ги симнаа од бродот и не ги ставија во соодветна болница, навистина неверојатно. Никаде не би одел во моментот“.

Сајмон почна сериозно да го сфаќа своето здравје и од неодамна е на растителна диета. Тој се откажа од продукти од животинско потекло кога откри дека исхраната без животински продукти му дава повеќе енергија.

 

Забава

Кели Бенсимон практикува социјално дистанцирање покрај базен во својот дом

Објавено пред

Таа најави одмор од социјалните медиуми на почетокот на овој месец.

Оваа недела Кели Бенсимон повторно се појави во јавноста, откако им дозволи на фотографите да ја сликаат во нејзиниот дом со цел да ги докаже обидите за дистанцирање од луѓе во текот на пандемијата на коронавирус.

Поранешната манекенка и американска телевизиска ѕвезда е позната по тоа што во петата деценија има фантастична линија и водушевува со својот изглед.

51-годишната ѕвезда од ТВ-серијата „Вистински домаќинки од Њујорк“ сè уште им пркоси на годините со беспрекорна фигура додека ужива околу базенот во нејзиниот дом во Вест палм бич, Флорида.

Кели, поранешна жена на францускиот моден фотограф Жил Бенсимон, ја сликаа и во секојдневно, кежуал издание додека се дружи со кучето внатре во куќата.

А во периодот на дистанцирање од луѓе, поранешниот модел не се откажува од  секојдневната рутина – џогирање покрај морето.

Поранешната ријалити ѕвезда со тело на млада девојка во неонско зелен комплет хеланки и топ за џогинг.

Претходно овој месец, Кели ги посети Бахамите, во време кога низ целиот свет се слушаат препораките за изолација, пишува британски „Дејли мејл“.

„Таа тврди дека е во карантин во луксуз, иако се чини дека не ги почитува правилата за социјално растојание и ограничен контакт со другите,“ оценува таблоидот.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Боб Дилан со нова песна по пауза од 8 години

Објавено пред

Американскиот пејач-текстописец Боб Дилан ги изненади фановите со својата прва оригинална песна во осум години, 17-минутна балада за атентатот на 35. претседател на САД, Џон Ф. Кенеди.

Во придружба на нежно пијано, чело и придушени тапани, кои даваат една посебна магија на целата изведба, песната со име Murder Most Foul го раскажува убиството на претседателот додека ја опишува еволуцијата на контракултурата на 60-тите.

„Ова е неиздадена песна што ја снимивме неодамна и може да ви биде интересна. Бидете безбедни и Бог да е со вас“, напиша Дилан на својата веб-страница, заедно со портрет на Кенеди, кој беше убиен во 1963 година возејќи се во поворка низ Далас.

Во песната се спомнуваат имиња на музичари, бендови и референци за поп-културата, вклучувајќи ги „Битлси“, Чарли Паркер, „Иглс“, Стиви Никс и фестивалот „Вудсток“.

Прикажи повеќе...

Забава

Пласидо Доминго итно пренесен во болница поради коронавирусот

Објавено пред

Познатиот оперски пејач Пласидо Доминго (77) итно бил пренесен во болница бидејќи неговото здравје се влошило една недела по утврдувањето дека е заразен со коронавирус.

Доминго бил на домашно лекување во мексиканското одморалиште Акапулко, но неговата состојба се влошила, па бил итно пренесен во болница за да биде под медицински надзор, јавуваат светските медиуми.

Според портпаролот на Доминго, оперскиот пејач моментно е во стабилна состојба.

Првите симптоми Доминго ги добил на 13 март, два дена по пристигнувањето во Мексико, а неодамна на „Фејсбук“ објави дека бил тестиран и дека е позитивен на коронавирус.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Нухиу: Петмина полициски службеници се заразени со коронавирус

Заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на својот фејсбук-профил објави дека петмина полициски службеници се заразени со коронавирус, додавајќи дека...

Економија12 минути

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Од вечерва на полноќ бензините ќе поевтинат, а дизелот ќе поскапи, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на бензинот...

Свет1 час

Веќе шест дена нема нови заболени од коронавирус во Вухан, се отвораат продавниците и трговските центри

Нема нови случаи на заразени од коронавирус во Вухан веќе неколку дена, продавниците се отвораат и животот полека се враќа...

Топ2 часа

Полицискиот час не го почитувале 242 лица, приведени се 95

Според статистиките на МВР, во текот на изминатите 24 часа на ниво на целата држава 242 лица не ја почитувале...

Свет3 часа

Во светот 716.482 заболени од коронавирус, починале 33.691

Бројот на заболени од коронавирус до синоќа до 22 часот бил 716.482, 33.691 лице починале, а 150.889 луѓе се излекувани....

Свет17 часа

Италија и Шпанија заедно имаат повеќе од половина од жртвите на коронавирус во светот

Само во Италија и Шпанија досега починале 17.385 лица, што е повеќе од половина од вкупната бројка на починати од...

Македонија20 часа

(Видео) Заразен доктор во битолската болница „Плодност“, болницата ќе биде затворена до 13 април

Директорот на болницата „Плодност“ од Битола, Таше Трпчевски, во видео обраќање соопшти дека болницата ќе биде затворена и воопшто нема...

Македонија21 час

Медицинските работници во земјава ќе добијат нова тура на бесплатни маски направени со 3D принтери

По изминативе два дена бројот на активни 3D принтери порасна на 60-тина, со што ќе се оствари бројката од 6.000...

Македонија21 час

31-годишниот скопјанец починал по распад на белите дробови, единствен ризик фактор била дебелината

31-годишниот пациент кој претпладнево починал на Инфективната клиника во Скопје е најмладиот починат пациент во Македонија од коронавирус. Бил примен...

Македонија22 часа

Вкупно 259 случаи на коронавирус во Македонија, досега починаа 6 лица

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Претходно, на...

Македонија23 часа

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена поради починатата пациентка од струшко

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена од функцијата поради случајот со починатата 66-годишна жена од струшко која и покрај...

Македонија23 часа

Две лица починаа на инфективната клиника, едниот бил на 31-годишна возраст

На Клиниката за инфективни болести починале две лица заболени од коронавирус, извести министерот за здравство Венко Филипче. Едниот е пациент...

Македонија24 часа

Хотелот „Макпетрол“ во Маврово станува државен карантин

Макпетрол АД одлучи да го стави на располагање хотелот „Макпетрол” во Маврово, кој располага со сместувачки капацитет од 40 двокреветни...

Македонија1 ден

Приведени се 102 лица кои вчера не го почитувале полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на државата вкупно 263 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето,...

Свет1 ден

Во Кина 45 новозаразени од коронавирус, само еден не е од странство

Кина објави 45 нови случаи на коронавирус, од кои 44 заразени доаѓаат од странство. Според Националната здравствена комисија, уште петмина...

Свет1 ден

Њујорк нема да биде ставен во карантин, одлучи Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп, сепак, ја отфрли идејата за воведување на карантин во Њујорк заради пандемијата на коронавирусот, откако доби...

Македонија2 дена

Обвинителството ќе ја истражува смртта на стружанката, не била примена во болница и покрај препораката од матичниот

Основното јавно обвинителство Охрид отвори предмет по допрен глас за смртта на 66-годишната жена од Струга, која денеска почина од...

Европа2 дена

Франција ќе увезе милијарда маски од Кина

Францускиот министер за здравство објави дека земјата ќе увезе милијарда маски од Кина. Според здравствените власти, Франција може да произведе...

Македонија2 дена

Стапи на сила полицискиот час за време на викендите, улиците се празни

Со одлука на Владата, од денеска за време на викендите е забрането движењето на сите граѓани од 16 до 5...

Македонија2 дена

Полиција ќе ги доставува на домашна адреса готовите лични карти и возачки дозволи

За да се намали метежот во Управните служби на Министерството за внатрешни работи од понеделник граѓаните чии лични карти и...

Досие