Забава
„Сè уште ја сакам таа жена“: Бред Пит не може да заборави поранешна девојка, а таа не е ниту Анџелина Џоли ниту Џенифер Анистон
Бред Пит отсекогаш важел за миленик на жените и за еден од најпосакуваните мажи во светот.
Покрај успешната кариера во Холивуд, Бред Пит можеше да се пофали и со титулата еден од најубавите мажи на светот, а на неговиот шарм не одолеаја многу светски убавици.
Популарниот актер уживаше во романсата со филмските ѕвезди Гвинет Палтроу, Џенифер Анистон и Анџелина Џоли, но кога е во прашање неговиот љубовен живот, познатиот актер ја издвојува врската со актерката Џулиет Луис.
Џулиет и Бред уживаа во романса пред повеќе од три децении. Двојката се запознала во 1990 година на снимањето на заедничкиот филм Too Young to Die, а актерката тогаш имала 17 години. Бред Пит е 10 години постар од Џулиет и во времето кога се запознале имал 27 години, а една деценија разлика не ги спречила на прв поглед да сфатат дека се еден за друг.
Актерската двојка се забавуваше три години, а врската ја прекинаа на почетокот на 1993 година. Години подоцна, кога се навраќаа на љубовната врска, атрактивната бринета изјави дека холивудскиот заводник воопшто „не е во нејзиниот универзум“, а Бред Пит во повеќе наврати зборуваше во медиумите за одличното време поминато заедно.

„Сè уште ја сакам таа жена. Таа е вистински гениј. Прекрасно си поминав со неа“, изјави Бред Пит во интервју за „Венити фер“ и додаде:
„Тоа беше една од најдобрите врски во кои некогаш сум бил. Проблемот е што растеме со визија дека љубовта победува сè, а тоа, едноставно, не е така, нели?’
Во 1993 година, кога се запознаа, Бред Пит и Џулиет Луис снимија уште еден заеднички филм – „Калифорнија“.
Во тоа време, додека зборуваше за својата романса со Бред, кој веќе уживаше огромна популарност во Холивуд, Џулиет призна дека Бред ѝ се допаѓал како актер уште пред почетокот на нивната љубовна приказна.
„Се запознавме на снимањето на филмот и почнавме да излегуваме кога заврши снимањето. „Веќе ми се допадна како актер и мора да почитуваш некој што е во истото поле како тебе“, изјави тогаш Луис.
„Ние сме во момент во љубов кога, едноставно, сакаме да се гледаме секој ден и не ни е досадно кога сме еден со друг, па затоа е навистина, навистина убаво. Исто така, можеме да бидеме заедно кога работиме и разговараме за тоа и соработуваме. Сакаме да работиме заедно повторно, и повторно, и повторно“, ја опиша Џулиет својата врска со популарниот актер за „Лос Анџелес тајмс“.

Години подоцна, актерката повторно се присети на врската со колегата и истакна дека се надева оти Бред Пит ќе ја најде среќата во љубовта бидејќи искрено го сака.
„Тој воопшто не е во мојот универзум сега. Ми се чини како да била средношколска врска за мене бидејќи тој сега е толку славна личност. Ја гледам оваа личност со која имам малку заедничка историја. Се надевам дека ќе најде среќа затоа што јас навистина го сакав. Тој е многу лојален, добро момче“, изјави Џулиет Луис за медиумите.
Години подоцна, во 2009 година, актерката истакна дека единствената причина зошто луѓето ја прашуваат нешто за Бред Пит е затоа што тој има култен статус во Холивуд.
„Луѓето ме прашуваат за него само затоа што е толку познат. Ништо не ме прашуваат за мојот поранешен сопруг, иако тоа секако е многу позначајна врска бидејќи сепак бевме во брак“, изјави актерката.
Џулиет Луис беше во брак од 1999 до 2003 година со професионалниот скејтбордер Стив Бур.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
