Контакт

Забава

Танчар од Англискиот национален балет прогласен за виновен за сексуални напади

Објавено пред

Поранешен главен танчар на Англискиот национален балет е прогласен за виновен за сексуални напади врз негови ученички.

Јатсен Чанг извршил сексуална злоупотреба и злоупотреба на моќ врз девојки и жени од Англискиот национален балет (English National Ballet) и Академијата за млади танчари (Young Dancers Academy) во Лондон во периодот од декември 2009 година до март 2016 година.

49-годишникот е осуден по 12 точки од обвиненијата за сексуален напад и една точка за напад со пенетрација.

Пресудата ќе му биде изречена во лондонскиот суд АIsleworth Crown Court на 18 јуни.

Судијата Едвард Конел му рече на Чанг дека неговиот престап ескалирал сериозно и го предупреди дека се соочува со долга затворска казна.

Четири жени, на возраст од 16 до 18 години во тоа време, го обвинија танчарот дека несоодветно ги допирал за време на масажите во училиштата.

На поротата ѝ беше кажано дека Чанг, кој сега живее во германскиот град Кил, ја користел својата позиција како славен и почитуван балетан за да ги злоупотребува своите студенти.

„Тој верувал дека неговата слава и неговата позиција ќе го заштитат од поплаки или од последици на неговите постапки“, рече обвинителот Џоел Смит.

Чанг ги негира сите обвинувања.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Што се случува? Алекс и Џеј Ло повторно се поврзаа со своите поранешни

Објавено пред

Алекс Родригез деновиве се дружеше со својата поранешна сопруга, па сѐ повеќе се шират шпекулации дека тие се повторно заедно. Од друга страна, латино-дивата е фотографирана како страсно се бакнува со Афлек, со кого беше во врска пред 17 години.

Џенифер Лопез (51) и бејзбол-легендата Алекс Родригез (45) кон средината на април годинава за странските медиуми го потврдија крајот на нивната љубов.

Не помина долго и на површина излегоа приказните за причината на нивната разделба и сите се посомневаа во реалната ѕвезда Медисон Лекрој (31), со која Алекс наводно имал афера. Џенифер негира дека трето лице е виновно за нивните проблеми. Тие се обидоа да ги решат, но неуспешно.

Џенифер, во меѓувреме, ѝ се врати на старата љубов – актерот Бен Афлек (48), со кого беше пред 17 години. Со денови се криеја, а потоа папараците ги фатија како се гушкаат и бакнуваат.

Иста е ситуацијата и со Алекс. Тој побегна во прегратките на својата поранешна сопруга Синтија Скуртис, со која беше во брак од 2002 до 2008 година.

За време на викендот, тој позира со неа и ја истакна потребата од редовен тренинг. Тој девет недели работеше со минувачи учесници во неговиот „Челинџ“ („Предизвик“), во кој очигледно учествувала и мајката на неговите деца. Фановите затоа го задеваа: „Бргу се врати кај сопругата. Дома, сепак, е најдобро, а?“

Прикажи повеќе...

Забава

Стадо залутани слонови заспале заедно по 500 километри одење

Објавено пред

Стадо азиски залутани слонови запреле по 500-километарско одење низ Кина. Тие биле забележани како исцрпени од патувањето дремнуваат на заслужен одмор во шума во близина на градот Ксијанг, пишува „Дејли мејл“.

Животните лутале во земјата околу 15 месеци и поминале над 500 километри од своето природно живеалиште, природен резерват на префектурата Ксиуангбана Даи кон провинцијата Јунан од 16 април.

Нивното патување го следеле властите со 14 дрона и 500 луѓе, кои го чувале стадото од опасност.

Во стадото има 15 слона, вклучително и три мали слончиња. Некои претпоставуваат дека стадото залутало, а други веруваат дека слоновите бараат ново живеалиште. Нивното патување будно го следат властите во Кина бидејќи тие се заштитен вид и ги има само 300.

„Чајна дејли“ ги сподели фотографиите што биле направени од дрон и кои ги покажуваат слоновите како спијат во шума.

Животните јаделе култури вредни милиони долари за време на нивното патување оштетувајќи неколку згради кога поминувале низ градот Кунминг, каде што живеат милиони луѓе.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Втората сезона на See премиерно на 27 август

Објавено пред

„Епл ТВ-плус“ објави трејлер за втората сезона на својот епски постапокалиптичен серијал See, чија премиера на глобално ниво е закажана за 27 август, со нови епизоди што ќе се прикажувааат на Apple TV + секој петок потоа.

Серијата исто така доби рано зелено светло за трета сезона, а снимањето веќе почна во Торонто, Канада.

Дополнување во актерскиот тим е Дејв Батиста („Чувари на галаксијата“) како Едо Вос, брат на ликот Џејсон Момоа, Баба Вос.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Владата го укина полицискиот час, дозволени се прослави и настани

Полицискиот час од утре се укинува, угостителските објекти останува да работат само на отворено, а се дозволува и одржување на...

Топ11 час

Пронајдени 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид

Полицијата пронајде 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Според информациите на МВР, приведени се две...

Македонија13 часа

28 новозаразени од коронавирус, нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на...

Македонија14 часа

Актерката Силвија Стојановска доби три и пол години затвор поради учество во шверц на кокаин

Затворска казна од 3,6 години доби актерката Силвија Стојановска за транспортот на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Нејзиниот...

Македонија15 часа

Филипче ја прими грчката донација од 20.000 дози вакцини од „Астра зенека“

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини на „Астра зенека“...

Свет16 часа

„Политико“: Има пет работи поради кои Бајден ја сака Европа, една од нив е Балканот

Малкумина американски претседатели стапиле на таа функција со толку многу поминати километри во меѓународни патувања како што е Бајден, пишува...

Македонија16 часа

Вчера се аплицирани 4.840 вакцини, прва доза примиле 3.222 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани,...

Македонија16 часа

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми влијае за некој предмет

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, тврди дека врз неа не може да влијае ниту еден политичар ниту, пак, да...

Свет18 часа

Израел ги укина маските во затворено

Министерството за здравство на Израел објави дека од денеска веќе не важи обврската за носење заштитни маски во затворен простор....

Македонија18 часа

Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

На седница што ќе почне денеска во 13 часот, според соопштение од владините служби, на дневен ред пред министрите за...

Свет19 часа

СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирус во последните седум недели

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, рече дека има пад на новозаразени од коронавирус во последните...

Свет19 часа

Бајден вети дека ќе му ја каже црвената линија на Путин

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, вчера во Брисел вети дека ќе му каже на својот руски колега Владимир Путин каде е...

Свет19 часа

Кина возврати на обвинувањата на НАТО: Кажувате невистини, ние сме мирољубиви

Кинеската мисија во Европската Унија денеска ја осуди процената на НАТО од вчерашниот самит дека Кина претставува „системски предизвик“. Водачите...

Македонија1 ден

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Свет1 ден

Бајден: Напад врз една членка на НАТО е напад врз секого

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се...

Свет2 дена

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Македонија2 дена

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на...

Европа2 дена

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица...

Економија2 дена

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија2 дена

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Досие