Забава
Тарантино не сакал Џони Деп да глуми во „Евтини приказни“

Неколку пати во годината на социјалните мрежи почнува да кружи кастинг листата за култниот филм на Квентин Тарантино, Pulp Fiction („Евтини приказни“). И секоја година оваа листа станува вирална.
„Мојот список со желби за екипата на ‘Евтини приказни’ кружи на интернет. Не знаев точно кого сакам за оваа или онаа улога, па направив огромен список со еден куп имиња”, рече тој во поткаст, додавајќи дека единствено сакал имињата да бидат одобрени.
Списокот содржи имиња на актери кои Тарантино ги имал предвид за одредени улоги во филмот, од фаворити до втор и трет избор, а на фановите едно име им паднало в очи.
Џони Деп бил на кастинг листата за улогата на Пампкин, но како втор избор. Миленик на Тарантино од самиот почеток бил Тим Рот, кој на крајот ја доби улогата.
Интересно, Тарантино откри во поткастот дека Деп не бил неговиот прв, па дури ни втор избор (тоа бил Кристијан Слејтер), но неговото име го форсирале од раководството на студиото.
Деп бил причина за конфликт меѓу Тарантино и коосновачот на „Орион пикчрс“ и поранешен директор на „Тристар пикчрс“, Мајк Медавој, кој не сакал да го одобри снимањето.
Интересно е тоа што Тарантино сметал дека Деп нема да биде доволно профитабилен, па го прашал Медавој: „Со Џони Деп во улога на Пампкин во овој филм, во воведната и завршната сцена, мислиш ли дека ќе заработи пари на благајните? Тој во тоа улога?“
Медавој одговорил: „Нема да заработи ниту цент, но ќе ме направи среќен“.
На крајот, Тарантино успеа во својата визија. „Мирамакс“ го презеде филмот, а Тим Рот ја доби улогата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Сè што може Жизел… може и тој! Том Брејди со провокативно селфи

Новопечениот ерген Том Брејди се соблече во долна облека и сподели провокативна фотографија на „Инстаграм“ во понеделникот – само неколку дена откако неговата поранешна сопруга Жизел Бундхен ги покажа своите облини додека позира на фотосесија на плажа.
Фудбалската ѕвезда (45) сподели разголена фотографија во „Инстаграм-приказни“ и на „Твитер“ додека го промовира сопствениот бренд за долна облека.
Атлетичарот, кој неодамна објави дека се повлекува од НФЛ, на себе има тесна долна облека додека ги покажува затегнатите стомачни мускули.
Впечатливата фотографија, на која се гледа како седи на работ од ненаместен кревет со раширени нозе со раката преку интимниот дел, не личи на ништо слично што Том досега го споделил. Оваа објава бргу предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
Многу фанови беа изненадени бидејќи никогаш не го имаа видено во вакво светло. Некои корисници на интернет објавата ја опишаа како „стапица за жед“, а други се шегуваа дека тој станал лошо момче по напуштањето на фудбалот.
„Друже, сопругите и девојките на многу луѓе се на оваа апликација“, твитна еден корисник.
„Ако тоа е ова што мора да го трпиме од тебе поради твоето пензионирање, тогаш очекувам да те видам на тренинг-кампот“, твитна друг.
Том ја сподели фотографијата како одговор на зделката што ја направи со својата компанија за облека „Брејди Ббенд“, која продава кошули, панталони и долна облека.
Забава
Би-би-си: Интересни моменти од 65. издание на „Греми“

Во неделата вечерта во Лос Анџелес се одржа доделувањето на Греми-наградите, а трофеи добија сите од Ози Озборн и Адел до Вили Нелсон и Бијонсе, пишува Марк Севиџ од британски Би-би-си.
Хари Стајлс ја доби посакуваната награда за најдобар албум, Вајола Дејвис се стекна со статусот ЕГОТ, Бијонсе стана најнаградуваниот изведувач во историјата на „Греми“.
Музичкиот дописник на Би-би-си издвои неколку интересни моменти на вечерта, која, според него, имаше многу пресврти.
„Што треба да направи Бијонсе за да освои ‘Греми’ за најдобар албум?“, прашува тој во својата колумна.
Оваа година Renaissance беше претпоставениот фаворит за албум на годината. Но, четврти пат во кариерата Бијонсе беше победена во категоријата „Најдобар албум“. Овој пат круната ја зеде Хари Стајлс. Претходно тоа беа Бек, Адел и Тејлор Свифт. Која е пораката што „Греми“ се обидува да ја испорача овде? Се чини дека е: престанете да бидете толку впечатливи и напишете музика со која се чувствуваме удобно!
Во колумната има и коментар за музичарите кога го примаат трофејот. „Сите треба да работат на своите говори, освен Лизо. Изгледа дека не беше голема ноќ за држење говори“.
Понатаму, како и многумина, така и Севиџ забележа дека Бен Афлек не е импресиониран. Тој присуствуваше на церемонијата за да ја поддржи својата сопруга и очигледно дека целиот настан му беше прилично досаден.
Фотографии на кои тој се чини целосно незаинтересиран, не помрднувајќи го телото и вртејќи ја главата како Стиви Вондер додека Џенифер Лопез танцува на својот стол набргу се појавија на социјалните мрежи.
„Колку и да сте имале лош ден, сигурен сум дека не се чувствувате толку бедно како Бен Афлек на ‘Греми’ во моментот“, напиша еден набљудувач. „Можете да видите како неговите батерии се празнат во реално време“.
„Греми“ со задоцнување сфати дека хип-хопот е прилично добар.
Тоа беше голема ноќ за Ким Петрас.
Сем Смит и Ким Петрас освоија трофеј во категоријата „Најдобра соработка на поп дуо/бенд“ за својата секс-мелодрама Unholy, која ја изведоа на сцената со Смит облечен како ѓавол.
Забава
(Видео) Сопственичка покажа како го научила своето милениче на галење

Мачките се познати како своеглави, мистериозни и резервирани суштества, но како и секое друго живо суштество, така и тие умеат да искажат љубов. Единствено, ви треба малку поинаков пристап.
Тие не се како кучињата склони кон претерано галење. Сепак, мачорот Пакито докажува дека може да се научат од мали. Неговата сопственичка сподели видео на „Тик-ток“, во кое објаснува дека го галела своето милениче уште кога бил мал и секој ден го бакнувала на врвот на главата.
„Сега бара бакнеж секоја вечер пред спиење“, додава таа.
@paquito_thecat Sharing how I raised my cat to be cuddly. Follow for more! #cat #catsoftiktok #fyp #catlover #purring #asmr ♬ original sound – Paquito Del Barrio
Видеото собра над 800.000 прегледи, а многумина ги споделија своите искуства во делот за коментари.
„Некогаш и јас правев така, ама сега мојата мачка бега од мене“, „Мојата мачка сака да се гали и не би го менувала тоа за цел свет“, „Се обидов така и не успеа. Мојот мачор сака галење, но мрази бакнежи“, беа некои од коментарите.