Забава
Тејлор Свифт најавува ново издание на „Фирлес“

ејлор Свифт заврши со повторно снимање на својот втор албум Fearless.
31-годишната sвезда, која претходно откри дека планира да издаде нови верзии на нејзините први плочи, откако „Итака Холдингс“ на Скутер Браун ги откупи записите во нејзиниот заден каталог, ги изненади фановите со возбудливо ажурирање на преработеното издание на нејзиниот ЛП од 2008 година.

BEVERLY HILLS, CALIFORNIA – JANUARY 05: Taylor Swift attends the 77th Annual Golden Globe Awards at The Beverly Hilton Hotel on January 05, 2020 in Beverly Hills, California. (Photo by Frazer Harrison/Getty Images)
На Твитер во четвртокот таа напиша: „Воодушевена сум што можам да ја споделам веста дека мојата нова верзија на Fearless (верзија на Тејлор) е готова и ќе биде со вас наскоро“.
„Има 26 песни, вклучително и шест никогаш порано објавени песни“, напиша таа, додавајќи дека „Љубовна приказна (Верзија на Тејлор)“ ќе излезе вечерва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ким Кардашијан на виртуелна ревија „Долче и Габана“

Таа ѝ се придружи на својата сестра Кортни Кардашијан во „виртуелна прошетка“ на модната ревија на брендот „Долче и Габана“ есен / зима 2021 година.
А, Ким Кардашијан во понеделникот покажа волшебна црна долна облека што ја доби од култната модна куќа, споделувајќи фотографии на својот Инстаграм-стори.
Виртуелна писта: Ким Кардашијан (39) на себе има дводелен комплет долна облека од црно кадифе и долги црни ракавици за виртуелното шоу „Долче и Габана за есен-зима 2021“.
Забава
(Видео) „Бриџертон“ со рекордна гледаност на „Нетфликс“

Моќните алгоритми не можеа да се мерат со глобалниот феномен на поп-културата кога станува збор за „Бриџертон“. И како романса и како приказна за социјалното општество во регенси-ерата не само што ги надмина првичните проекции на гледаност на „Нетфликс“ туку и ги порази.
Конечните бројки откриваат дека првата сезоната ја следеле рекордни 82 милиона домаќинства во светот (делумно или во целост). Тоа е неверојатни 19 милиони домаќинства повеќе од четиринеделната проекција што „Нетфликс“ ја објави 10 дена по почетокот на серијата (63 милиони), во тоа време петто најголемо лансирање во историјата на стримерот.
„Бриџертон“, чиј огромен бран на популарност не покажува знаци на стивнување, е најгледаната серија на „Нетфликс“ досега и со голема разлика во споредба со другите. Успеа да го истурка на второ место претходниот рекордер, сагата „Вештерот“ (The Witcher), со 76 милиони во првите 28 дена.
Првата сезонa, базирана на првата од серијалот книги на Џулија Квин, „Војводата и јас“, се фокусира на комплицираната романса помеѓу најстарата ќерка на Бриџертонови, Дафне, која ја игра Фиби Диневор, и војводата од Хестингс, Самон Басет, кој го игра Реги Жан Пејџ и кој веќе ја освои светската публика со улогата на Сајмон.
Најгледаната серија во дури 83 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Индија, Франција, се најде на безброј насловни страници за своите жешки секс-сцени.
Втората сезона почнува со продукција напролет во Велика Британија.
Забава
Шетачот на кучиња на Лејди Гага раскажува за нападот

Рајан Фишер, човекот кој се грижи за кучињата на Лејди Гага, за првпат од болница проговори за „своето искуство блиску до смртa“, како што вели тој.
Фишер беше застрелан во градите минатата недела од киднапер на кучиња. Киднаперот и неговиот соучесник ги однесоа двата булдога на Лејди Гага, Коџи и Густав. Нападот се случи во Холивуд, Лос Анџелес.
Третиот булдог женка, Мис Азија, успеала да побегне од киднаперите, но потоа се вратила кај повредениот Фишер, кој вели дека таа е неговиот „ангел чувар“.
Тој објасни дека штом ја видел покрај него додека лежел на земја во локва крв, Азија му влевала храброст и решеност да преживее.
„Моите панични врисоци се смирија додека ја гледав, иако сфатив дека крвта што се собира околу нејзиното мало тело е моја крв“, напиша тој на својот Инстаграм во понеделникот.
„Ја галев Азија колку што можев, ѝ се заблагодарив за сите неверојатни авантури во кои сме биле заедно, се извинив дека не можам да ги бранам нејзините браќа и потоа решив дека сепак ќе се обидам да ги спасам нив и себеси“, напиша Фишер.
Тој е сè уште во болница и заздравува од повредите од минатонеделниот напад.
Булдозите на Лејди Гага беа пронајдени во петокот вечерта, откако една жена ги донесе во полициска станица во Лос Анџелес. Властите соопштија дека жената не била вклучена во инцидентот. Полицијата допрва треба да идентификува осомничени лица.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер