Контакт

Бизарно

(Видео) Тигар во руски циркус се онесвести среде претстава

Објавено пред

Тигрицата Зена, на возраст од шест години, се онесвести среде претстава кога ја изведе точката на скокање преку огнени обрачи.

Несреќното животно се онесвести од болка набргу по изведувањето на точката што ја водат братот и сестрата Артур и Карина Багдасаров во руски циркус во градот Магнитогорск.

Артур со долг стап и камшик ги наведуваше животните да скокаат низ огнени обрачи, како и многупати дотогаш, но кога Зена го заврши својот настап, таа се врати на своето место и почна да се витка од болка.

Човекот се обидел со стап да ја натера да стане, но тигрицата се онесвестила. Артур ја повлекол за опашката и ја одвлекол кон излезот од кафезот, каде што потоа ја полеал со вода.

Зена брзо дошла при себе, но не можела да ја продолжи точката.

Поради овој инцидент, Артур и Карина беа обвинети за суровост кон животните, а за прачката рекоа дека ја користеле како средство за другите тигри да ги држат на растојание да не ја нападнат Зена.

Иако сè беше многу сурово, братот и сестрата направија сè за да ги смират другите животни.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

Во обид да направи селфи жена испаднала од автомобил на автопат крај Лондон

Објавено пред

Жена испаднала од автомобил на фреквентен автопат во околината на Лондон додека висела низ прозорецот од сопатничката страна снимајќи видео за „Снепчет“, соопшти локалната полиција, а пренесе Си-ен-ен.

На жената ѝ била укажана лекарска помош на местото на настанот и не претрпела сериозни повреди.

„За среќа, таа не беше сериозно повредена“, објави полицијата на „Твитер“, додавајќи и слика од отворениот прозорец во автомобилот од кој испаднала жената.

Си-ен-ен соопшти и резултати од студија објавена во магазинот„Journal of Family Medicine and Primary Care“, според кои околу 259 луѓе ширум светот починале при обид да направат селфи во периодот меѓу 2011 и 2017 година. Истражувачите откриле дека највеќе вакви смртни случаи се регистрирани во Индија, а потоа следат Русија, САД и Пакистан. Повеќето од жртвите биле мажи (околу 72%) на возраст под 30 години.

Тие исто така потсетуваат дека четири лица од исто семејство се удавија минатата година во Индија откако се лизнале и паднале во вода обидувајќи се да направат селфи.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Два големи питона со должина од 2 и пол метри паднале низ таванот во куќа во Австралија

Објавено пред

Човек од Австралија доживеал прилично голем шок кога се вратил дома и видел дека две големи змии се провлекле низ неговиот таван и продолжиле да ползат низ собите во неговата куќа во Квинсленд.

Дејвид Тејт во понеделникот пронашол една змија во спалната соба и друга во дневната. Заедно имале околу 22 килограма. Експертот за фаќање змии Стивен Браун изјави дека змиите што се појавиле во домот на Тејт биле со исклучителна големина.

Received a call to Laceys Creek after customer found 2 very large Coastal Carpet Pythons (Morelia spilota mcdowelli) in…

Posted by Brisbane North Snake Catchers and Relocation 24hrs 7days 0449922341 on Недела, 30 август 2020

Се верува дека се работи за два мажјаци кои се бореле за женка и така пропаднале низ таванот. Женката сè уште не е лоцирана. Едниот питон пронајден во куќата бил долг 2,8 метри, а другиот 2,5 метри.

Тејт раскажал дека претходно ги видел змиите како се сончаат на неговиот покрив.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Французинка уапсена во Индија, се сликала гола на свет мост

Објавено пред

Една 27-годишна Французинка е уапсена затоа што се снимила гола на мост кој се смета за свет, а е изграден над реката Ганг во Индија.

Жената, позната само како Мари-Елен, била приведена на 27 август во индиската држава Утараканд. Полицаецот Р. К. Саклани за Си-ен-ен изјави дека обвинетата го снимала видеото за да го промовира својот бизнис за продажба на накит.

„Таа снимила видео на мостот Лаксман Џула, кој се смета за свет. После тоа, правела неморални фотографии и во хотелот. Таа е гола на фотографиите, кои подоцна ги објавила и на Инстаграм”, рече Саклани.

Полицијата добила дојава за фотографиите кога некои верници го препознале мостот на фотографиите и видеата, а локален советник исто така поднел кривична пријава против жената.

Лаксман Џула е висечки мост кој се наоѓа на околу пет километри северно од градот Ришикеш.

Мари-Елен во моментов е на слобода откако платила кауција, а е обвинета за недолично однесување на јавно место. Таа, наводно, дала изјава за француската новинска агенција АФП, велејќи дека делумно се соблекла на мостот затоа што секогаш кога ќе го преминала се чувствувала лошо поради прекорните погледи, како да била малтретирана.

„Жал ми е што со своите постапки и наштетив на локалната заедница. Не ги зедов доволно предвид локалните специфики“, објаснила таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Дурловски се повлекува од пратеничката функција

Пратеникот Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ го напушта Собранието. Тој на социјалните мрежи напиша дека негови приоритети се националните интереси по...

Македонија2 часа

Георгиевски во Софија на средба со Захариева

Лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, денеска имаше средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева. Информацијата...

Регион2 часа

Дачиќ е избран за претседател на српското собрание

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и досегашен министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, е избран за претседател на...

Македонија4 часа

Нови 640 заболени и 12 починати од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи на...

Свет4 часа

Шведска ги повика повозрасните граѓани да излезат од изолација

На повозрасните Швеѓани, на возраст над 70 години, и на другите ризични групи сега им се препорачува да ги следат...

Свет5 часа

(Видео) Жена се заканувала дека ќе се разнесе на железничка станица во Лион

Желелезничката станица „Пар-Диу“ во Лион е евакуирана поради пријава за бомба, а во тек е полициска акција, соопшти полицијата додавајќи...

Македонија7 часа

Македонскиот државен врв на разговор со претседателот на Европскиот парламент: Подготвени сме за успешна приказна

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска остварија...

Македонија8 часа

Обвинение за поранешниот градоначалник​ на општина Чашка

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинение против поранешниот градоначалник на општина Чашка за злоупотреба на службената положба и овластување. Тој...

Европа9 часа

И покрај дневниот рекорд од над 11.000 заразени, Германците уверени дека вирусот може да се спречи

Централниот германски епидемиолошки институт „Роберт Кох“ денеска ја оцени актуелната епидемиолошка состојба и рекордниот број на новозаразени во земјата од...

Македонија11 час

Првата меѓувладина конференција ќе биде позитивен сигнал и до регионот, порача Заев на онлајн средба со Борел

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни...

Регион12 часа

Во Хрватска повеќе од 1.500 новозаболени, десетмина починати во Загреб

Хрватскиот кризен штаб објави нови податоци според кои има повеќе од 1.500 новозаболени од коронавирус, а во Загреб има десетмина...

Свет12 часа

99-годишна жена од Шпанија го победи коронавирусот

Кога 99-годишната Флорентина Мартин се заразила со коронавирус во септември, нејзината внука стравувала дека ќе заврши сама на одделот за...

Македонија13 часа

Стевановиќ: Заразените со лесни симптоми да се лекуваат дома

Сите оние кои имаат лесни симптоми да бидат дома, изолирани со симптоматска и витаминска терапија. Да им помогнеме на оние...

Свет13 часа

ФБИ: Иран и Русија се мешаат во претседателските избори

Иран и Русија собраа податоци од американски гласачи за да влијаат на претстојните претседателски избори, соопшти денеска ФБИ, додавајќи дека...

Македонија14 часа

Активни над 6.000 случаи со коронавирус, болниците се полнат

Во моментот како активни се водат 6.069 случаи на коронавирус на целата територија, од кои 2.983 се од Скопје. Само...

Свет1 ден

Починал волонтер што учествувал во тестовите за вакцина против Ковид-19

Бразилската здравствена агенција „Анвиса“ потврди дека починал волонтер што учествувал во испитувања на вакцина против Ковид-19, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Станува...

Македонија1 ден

Дванаесетмина починати и нови 641 заразен од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.688 тестирања, а регистрирани се 641 нов случај на...

Топ1 ден

Кондовец со возило удрил во полицаец и побегнал, нападнати биле и полицајците што го пронашле

Во вечерните часови на 20 октомври, на скопската улица Ѓорче Петров, автомобил „ауди“, управуван од А. А. (26) од село...

Македонија1 ден

Инспекторите ќе можат да ги затвораат кафеаните со новите законски измени

Со новите построги мерки кои се во собраниска процедура инспекторите ќе можат веднаш да ги затвораат угостителските објекти до 30...

Свет1 ден

(Видео) Силен земјотрес го прекина интервјуто на премиерката на Исланд

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, за кратко го прекина интервјуто со премиерката на Исланд, Кетрин...

Досие