Контакт

Забава

Тилда Свинтон со феноменална маска

Објавено пред

 

Кога се појавија првите фотографии на постариот актер Луц Еберсдорф, кој наводно ја доби својата прва улога во филмот „Суспирија“, јавноста беше збунета. Многумина се сомневаа дека под маската се крие Тилда Свинтон, која глуми во истиот филм како непознат актер.

Таа одлучно ги отфрли овие тврдења и многумина ѝ поверуваа убедени дека таа не може толку добро да ја одигра оваа улога со оглед на тоа дека е жена и не е осумдесетгодишна. Режисерот на филмот, Лука Гвадањино, написите дека Тилда е всушност Луц, ги нарече лажна вест. Дури е направена и страница посветена на Луц на интернет-филмска база на податоци поради што многумина беа убедени дека тој е вистинска личност.

Но, вчера, 57-годишната Тилда призна дека таа цело време го глумела Луц Еберсдорф, односно неговиот лик д-р Јозеф Клемперер во „Суспирија“.

Таа призна дека со часови ѝ ставале вештачки делови на телото за да биде поубедлива вклучувајќи и вештачки пенис.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Нова сторија за Бетмен ќе дебитира на „Спотифај“ во 2021 година

Објавено пред

Оригинална приказна за алтер егото на Бетмен, Брус Вејн, ќе дебитира в година како поткаст-серија на стриминг-платформата „Спотифај“, објавија продуцентите во вторникот.

Со наслов „Бетмен непогребан“ серијата е прва што се развива преку договор меѓу Spotify Technology SA и AT&T Inc Warner Bros, кој ги донесува суперхероите на „Ди-си комикс“ во светот на наративните поткасти.

Поткаст серијалот за човекот лилјак ќе ги истражува „потемните аспекти на психологијата на Брус Вејн“, според изјавата на „Спотифај“ и „Ворнер брос“.

Прикажи повеќе...

Забава

Мемоарите на Мараја Кери, живописен портрет на поп-ѕвездата

Објавено пред

Мараја Кери има безброј хитови број еден, полица полна со „Греми“ и е внесена во Домот на славните текстописци.

Но, многу малку се знаеше за нејзиниот приватен живот – до сега.

Во својата книга мемоари, The Meaning of Mariah Carey, поп-ѕездата зборува за растењето во сиромаштија во насилно домаќинство, за своите искуства со расизам, за својата музика, браковите и многу повеќе.

Напишана во соработка со писателката Михаела Ангела Дејвис, книгата ја повлекува завесата на впечатлива приказна за сиромаштија и богатство и го деконструира имиџот на sвезда како самозаблудена дива.

Кери во книгата открива дека била жртва на семејно насилство кога била многу мала. Потоа, како дете на црн татко и бела мајка, таа во училиште се соочувала со расизам.

Таа исто така открива дека нејзиниот прв сопруг – директорот на „Сони мјузик“, Томи Мотола, со кого се омажи во 1993 година – толку многу ја контролирал, што не можела да оди ниту во „Бургер кинг“.

Прикажи повеќе...

Забава

Артемизија Џeнтилески доби рецензии со пет ѕвездички

Објавено пред

Првата голема изложба во Велика Британија на жена сликар која со векови беше занемарувана поради нејзиниот пол е оценета како возбудлива и величествена, пренесуваат британските медиуми.

Изложбата на делата на Артемизија Џeнтилески во Националната галерија во Лондон е  отворена по шестмесечно доцнење поради Ковид-19.

Италијанскиот барокен уметник создаде живописни слики на силни жени.

Критичарите од „Телеграф“, „Гардијан“, „Тајмс“ и „Ивнинг стандард“ дадоа рецензии со пет sвезди, а некои од нив ја нарекоа фантастична.

Џoнатан Џонс од „Гардијан“ изложбата ја опиша како „возбудливо возење од почеток до крај, ова е највозбудливата изложба што некогаш сум ја доживеал во Националната галерија“.

Италијанката Артемизија Џентилески денес се смета за една од највештите барокни сликари на генерацијата по Караваџо. Во време кога жените сликари не биле лесно прифатени од страна на уметничката заедница или клиентите, таа беше првата жена што стана членка на Accademia di Arte del Disegno во Фиренца.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 минути

Меркел: Пандемијата е трка на долги стази, пред нас е тешко време

Германската канцеларка Ангела Меркел апелира граѓаните да се придржуваат до епидемиолошките мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. „Во моментов...

Топ37 минути

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово, осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Македонија2 часа

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет3 часа

ЕУ со предупредување до Турција: Сите опции се на маса

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, предурпеди дека сите опции се на маса во одбрана на интересите на ЕУ ако...

Свет3 часа

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет3 часа

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет17 часа

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија18 часа

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија18 часа

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Македонија18 часа

Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата. „Одобрена е организацијата на...

Македонија21 час

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет21 час

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија22 часа

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија23 часа

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Македонија23 часа

Царовска: Место да ја бојкотираат онлајн-наставата, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска....

Македонија23 часа

(Видео) Затворска казна за Груевски, а условна за Јанакиески и за извршителите во „Насилство во Центар“

Судот изрече казна затвор од 1 година и 6 месеци за Никола Груевски, а за Миле Јанакиески условна казна од...

Македонија24 часа

Илјадници ученици и денес не може да се приклучат за онлајн-учење, Царовска повикува на трпение

Фијаско и на генералната проба, Националната платформа за онлајн-учење и денес паѓа. Илјадници ученици, наставници и родители и утрово не...

Свет1 ден

(Видео) Гори цивилен автобус погоден од азербејџански дрон

Ерменскиот министер за одбрана објави на „Твитер“ дека гори цивилен автобус, погоден од азербејџански дрон. In #Vardenis which is located...

Македонија1 ден

Средба Османи – Вархељи: Почетокот на преговорите ќе биде јасен сигнал за европскиот курс на целиот регион

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со еврокомесарот за соседство и...

Топ1 ден

Се преврте автобус со 16 војници на АРМ, пренесени се во болница со полесни повреди

Изутринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица – Штип кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници...

Досие