Контакт

Забава

Том Хенкс закрепнува и дава совети за оние што се во слична ситуација

Објавено пред

Оскаровецот Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон се чувствуваат подобро откако беа упатени на лекување од коронавирус. Хенкс им понуди совет на оние кои се во слична ситуација.

„Еј народе. Две недели по првите симптоми се чувствуваме подобро. Мораме да се грижиме едни за други. Здравиот разум сугерира да не бидеме целосно активни некое време и дека треба да се откажеме од одредени удобности. И ова ќе помине, ние мора да го прифатиме тоа“, напиша Хенкс на својот профил на „Твитер“.


Двојката беше во карантин во својата куќа во Австралија откако беа отпуштени од болница минатата недела.

Хенкс и Вилсон беа во Австралија поради обврски околу продукцијата на филм за пејачот Елвис Присли.

Славната двојка редовно ја информираше јавноста за нивното искуство со коронавирусот преку социјалните мрежи, вклучително и видеа за тоа како го поминуваат времето додека закрепнуваат. Тие, исто така, редовно им се заблагодаруваат на сите што им ја понудиле својата помош.

Хенкс и Вилсон се во брак во 1988 година и имаат заедно четири деца. Во 2013 година, Хенкс откри дека има дијабетес тип 2. Тој е еден од првите познати личности што објави дека е заразен со коронавирус.

Забава

Во НАСА пристигнале 12.000 апликации за идни астронаути

Објавено пред

Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека примила 12.000 апликации за идната генерација астронаути за десетина слободни места, а резултатите од процесот на селекција ќе бидат објавени до летото 2021 година.

НАСА регрутира нова екипа на астронаути за својата програма „Артемис“, чија цел е да ја однесе и првата жена на Месечината. Првата екипа на Артемис треба да слета на Месечината до 2024 година, а потоа наредната екипа ќе се испраќа секоја година.

„Следната класа астронаути, генерацијата Артемида, ќе ни овозможи да истражиме нови области на Месечината, а таа ќе нè однесе и до Црвената планета“, вели Џим Бриденштајн, директор на НАСА.

Во 2017 година, од 18.300 кандидати, биле избрани 12 за астронаути, а 11 ја завршиле обуката до крај. Траела до јануари годинава. Пријавените мора да бидат американски државјани и да имаат најмалку магистратура во научни дисциплини, технологија или математика, а ќе бидат примени и лекари и пилоти. Во моментот НАСА има 48 активни астронаути.

Прикажи повеќе...

Забава

Sвезди што несебично се борат да го подобрат животот во светот

Објавено пред

Многу sвезди, како Леонардо ди Каприо, Мет Дејмон и Џорџ Клуни, уживаат во пари и слава, но имаат и добро срце што го користат за да променат многу животи и да бидат пример за другите, пишува Bright Side.

Леонардо ди Каприо не е само актер, туку и голем еколог и филантроп. Во 1998 година тој основа фондација посветена на обезбедување одржлива и среќна иднина за нашата планета. Под негово водство беа формирани 200 проекти, поддржани се 132 организации, а 50 земји добија помош.

Актерот потврди дека постигнал многу работи и дека среќата не е во постигнувањето голем успех, туку некако да се придонесе за целиот свет околу нас. И Леонардо ги оправдува своите зборови со своите постапки.

Мет Дејмон го сакаме поради неговата насмевка, што го рефлектира неговото добро срце. Неговата хуманитарна работа е за пофалба, а Фондацијата H2O го докажува тоа. Тој е исто така амбасадор на непрофитни организации, кои го подобруваат животот на децата во светот. Досега Дејмон им помогна на 16 милиони луѓе.
Тој вели дека хуманитарните проекти го прават среќен.

Aктивист, хуманитарец и убав човек! Неговото име е Џорџ Клуни. Со нето-вредност од 239 милиони американски долари, тој помага во борбата против глобалната сиромаштија. Тој го прави сето ова преку донации и организации што самиот ги иницира. Тој е сè повеќе познат по својата хуманитарна работа и славата ја користи за добри работи.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Бон Џови во емотивна борба против коронавирусот, исповедувањата на луѓето ги претвора во стихови на песна

Објавено пред

Пејачот Џон Бон Џови ги покани луѓето од целиот свет да испратат свои приказни и искуства во борбата против коронавирусот, кои тој потоа ги преточи во песната Do What You Can, јавува „Хедлајнер“.

Бон Џови на „Твитер“ рече дека преку социјалните мрежи примил илјадници пораки и изведби на песни на тема Do what you can. Некои од нив ги избрал и самиот ги пеел цитирајќи ги авторите на тие исповедувања.

Тој особено им се заблагодари на возачите на големите камиони, кои и понатаму крстосуваат низ Америка и, како што вели, го олеснуваат животот на другите.

Пејачот објасни за „Ројтерс“ дека повикот упатен до луѓето да му испраќаат текстови не бил свесна намера во смисла на нешто што мора да го направи, туку дека бил искрен и спонтан во својот повик.

Тој додаде дека многу од стиховите што ги добил претставуваат исповед на оние што се во првите редови на борбата против коронавирусот – медицински сестри, возачи на камиони, доставувачи на продукти.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Скопјанец знаел дека има коронавирус, шетал низ Охрид и дома примил вработени од еден оператор

Четириесет и четиригодишен скопјанец, кој се вратил од странство и кој бил позитивен на коронавирус наместо да биде во строга...

Македонија38 минути

Министерството за здравство: На располагање има повеќе од 1.000 кревети за хоспитализирање на пациенти со коронавирус

Здравствениот систем е подготвен да апсорбира поголем број на пациенти којшто се очекува со пикот на коронавирусот кон крајот на...

Македонија45 минути

Во болницата „Плодност“ во Битола двајца доктори и една медицинска сестра позитивни на ковид-19

Двајца доктори, еден анестезиолог и еден гинеколог, и една медицинска сестра од приватната болница „Плодност“ во Битола се позитивни на...

Регион1 час

Србија ја укина одлуката со која се цензурираа информации за коронавирусот

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, објави дека ја повлекува одлуката за информирање во време на пандемијата на коронавирус, со која...

Свет2 часа

ЕУ: На Западен Балкан пандемијата се користи за промоција на антиевропски ставови

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) оцени дека кризата во врска со пандемијата на коронавирус на Западен Балкан се користи...

Македонија2 часа

Во Битола 55 сантиметри снег, во Крушево – 47

Снежната покривка во Битола сотигна до 55 сантиметри, додека во Крушево има 47 сантиметри снег. Во Маврови Анови има 40...

Свет3 часа

Руски воен транспортер со медицинска опрема пристигна во САД

Руски воен транспортен авион пристигна во Њујорк носејќи медицинска опрема и маски како помош за САД во борбата против коронавирусот....

Забава3 часа

Во НАСА пристигнале 12.000 апликации за идни астронаути

Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека примила 12.000 апликации за идната генерација астронаути за десетина слободни места, а резултатите од...

Свет4 часа

„Ламборгини“ ќе произведе хируршки маски за да помогне во борбата против Ковид-19

Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ламборгини“ претвори некои оддели во својата фабрика „Сант’Агата болоњезе“ во погони за производство на хируршки...

Македонија15 часа

Се забрануваат нови вработувања во јавниот сектор

Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело,...

Македонија16 часа

Починатата родилка од Охрид немала коронавирус

Министерството за здравство информира дека се негативни резултатите на битолчанецот кој беше пронајден починат во својот стан и кај родилката...

Македонија18 часа

Бројот на излекувани пациенти со коронавирус во Македонија се искачи на 17

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, денеска се испишани пет пациенти....

Македонија19 часа

ЕУ дозволи пристап за земјава до Европскиот солидарен фонд

Северна Македонија доби пристап и до Европскиот солидарен фонд, од каде заедно со земјите – членки на ЕУ ќе бидат...

Македонија20 часа

Се продолжува породилното отсуство додека трае вонредната состојба

Родилките чие породилно отсуство од работа истекува за време на вонредната состојба, ќе може да останат дома цело време додека...

Македонија21 час

Со Ковид-19 заразена медицинска сестра од Клиниката за пулмологија

Во Куманово медицинска сестра, вработена на Клиниката за пулмологија, дошла на работа без симптоми, но вчера ѝ се појавила зголемена температура...

Економија21 час

Ангеловска: Подготвени сме за најлошото сценарио за буџетот, работиме да се случи најдоброто

Многу е тешко за економските аналитичари, вклучително и за меѓународните финансиски институции, да ги предвидат случувањата за време на кризата...

Македонија21 час

Нов смртен случај на коронавирус во земјата, позитивна и починатата пациентка од Струга

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести во Скопје починала една пациентка од Лабуништа на возраст...

Економија22 часа

Ангеловска: Каматите на кредитите не може да бидат укинати, банкарскиот сектор треба да биде стабилен

Банките ќе пресметуваат камати на одложените кредити за да се овозможи нормално функционирање на банкарскиот сектор. Министерката за финансии, Нина...

Свет22 часа

Речиси 2.500 туристи ќе тужат скијачки центар во Австрија поради коронавирусот

Речиси 2.500 туристи спремаат тужба против ски-центарот Ишгл во Австрија поради лошо постапување за време на епидемијата на коронавирусот и...

Свет23 часа

(Видео) Во Лондон за пет дена направена болница за 4.000 пациенти

Британската агенција за јавно здравје со помош на војската за пет дена ја претвори конференциската сала „Ексел“ во Лондон во...

Досие