Контакт

Забава

Тони Цетински добитник на наградата „Оливер Драгоевиќ“ 

Објавено пред

Хрватскиот пејач Тони Цетински е добитник на наградата „Оливер Драгоевиќ“, награда што се доделува за најдобар пејач. Тој со престижната награда се пофали на „Инстаграм“.

Со ова Цетински ја продолжи низата успешни настапи почнати од 2018 година. Минатата година заврши во знак на неговиот нов албум „Као у сну“, но и хитовите „Генерал без чинова“, „Као у сну“ и „Ја не знам никог бољег од тебе“.

Круна на сето ова беа неговите многубројни настапи во најугледните концертни сали за кои се бараше влезница повеќе, но исто така и непрекината и несебична помош на млади музичари на патот кон врвот на сцената.

Забава

Мечка провалила во куќа и заспала во плакар

Објавено пред

Сопствениците на куќа во американската држава Монтана беа изненадени кога враќајќи се дома во петокот открија дека црна мечка спие на полицата од плакарот во нивниот дом.

Полицајците, кои беа повикани поради провала, низ прозорецот видоа голема црна мечка како дреме на полицата од плакарот, пишува „Би-би-си“.

A video from today’s bear adventure!

Posted by Missoula County Sheriff's Office on Петок, 21 јуни 2019

И покрај тоа што тие тропаа на прозорецот за да ја разбудат, таа само уморно зевнала и продолжила да спие.

Животното најверојатно влегло во куќата преку пералницата и ја заглавило вратата. Обидувајќи се да излезе,  таа направила целосен хаос, но потоа најверојатно била уморна и одлучила да прилегне.

WOW!!! WHAT A DAY! Today at approximately 5:45am deputies responded to a call up Butler Creek for a bear stuck inside a…

Posted by Missoula County Sheriff's Office on Петок, 21 јуни 2019

Полицајците кои дојдоа во куќата не ја импресионираа мечката, па на крајот ветеринарите мораа да ја успијат за да ја вратат во природата.

Полицијата го искористи овој настан за да им се обрати на локалните жители да ги заклучуваат вратите, бидејќи ова не е прв пат што мечки да влегуваат во куќите во Монтана.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Ѓаволски нос – најопасното патување со воз во светот

Објавено пред

Нариз дел Диабло или носот на ѓаволот е името на посебен дел од железничката пруга која поминува низ Андите во Еквадор. Железничката пруга е изградена на планински терен на надморска височина од 800 метри. Еквадорскиот железнички систем е навистина прекрасен. Во оваа јужноамериканска земја пругата го спојува главниот град Кито со Гуајакил повеќе од век, а изградена е со примитивна технологија.

Станува збкр за зачудувачки проект, бидејќи пругата поминува низ многу предизвикувачки терен, низ ридести клисури, покрај бесни речни брзаци и густа шумска вегетација.

Најимпресивниот дел се нарекува Нариз дел Диабло или носот на ѓаволот, именуван откако за време на изградбата на овој опасен терен загинале повеќе од две илјади лица, како последица на честа сеизмичка активност, жолта треска, напади на диви животни и други несреќи.

Овој опасен дел од пругата е изграден од затвореници осудени на доживотен затвор – главно од Јамајка и Порториканци, на коишто по успешното завршување на работите им било ветено дека ќе бидат помилувани.

Ѓаволскиот нос отсекогаш бил најпопуларниот дел од еквадорскиот железнички систем во деведесеттите години на минатиот век, кога голем дел од инфраструктурата почнала да се распаѓа и да се затвра, додека само Нариз дел Диабло остана во функција.

За тоа се заслужни туристите, кои доаѓаат од целиот свет во Еквадор за да го видат ова чудо, поради што локалните власти инвестираат пари за реновирање на пругата.

Прикажи повеќе...

Естрада

Лејди Гага ја гризе совеста поради разделбата на Бредли Купер и неговата сопруга

Објавено пред

„Љубовниот триаголник” – Бредли Купер (44), Ирина Шајк (33) и Лејди Гага (33) не престануваат да бидат главната тема на Холивуд. Додека некои шпекулираат дека актерот и пејачката биле во врска за време на снимањето на филмот „Ѕвездата е родена”, други со нетрпение чекаат изјави од поранешните партнери и наводната љубовница.

Освен демантирањето на спорната врска, Гага и Купер не дадоа никакви изјави, но близок пријател на пејачката за USWeekly рече дека таа тешко се справува со ситуацијата.

„Гага се чувствува многу лошо поради нивниот прекин и ја гризе совеста. Не планира да започне врска со актерот, но ѝ беше жал за Ирина, бидејќи таа е свесна дека озборувањата за нивната афера секако се една од причините за нивната разделба и е свесна дека филмот во кој глумеше со Бредли имаше силно влијание врз нивната врска“, изјави пријателот за американското списание.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Камион поклопи маж при истовар на стока

Педесетиседумгодишен маж од село Скудриње вчера почина откако бил поклопен од неговиот камион „ТАМ“. Несреќата се случила кога камионот се...

Регион2 часа

Напнато на Медитеранот, грчките воени сили во состојба на готовност

Грчките вооружени сили се во состојба на готовност поради продолжување на можниот турски провокативен настап на истокот од Медитеранот, пишува...

Регион3 часа

(Видео) Во Банат падна град со големина на тениско топче

Само во Белград во попладневните часови за помалку од еден и пол час падна повеќе дожд од просекот за овој...

Регион3 часа

(Видео) Белград под вода, бликнаа ,,фонтани” на улиците

Невреме проследено со пороен дожд, а во некои места и град со големина на тениски топчиња, го погоди северниот, западниот...

Свет3 часа

Ердоган и ја честиташе победата на опозицијата, на улиците еуфорично се славеше

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган му ја честита на кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу победата на повторените избори за...

Македонија15 часа

,,Октомври е близу, наскоро ќе добиете датум”, порача Вајгл

Тројката европратеници Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, доцна вечерва заедно со претседателот на Собранието, Талат Џафери, од законодавниот...

Топ16 часа

Трагедија во Битола – ја убил сопругата, по што се застрелал

Убиство и самоубиство се случи попладнево во Битола. По расправија, маж ја застрелал сопругата по што си го одземал животот....

Регион18 часа

Топлотен бран и се заканува на Европа со температури над 40 степени

Европејците следната недела ги очекува топлотен бран со температури кои ќе достигнат над 40 степени, кои се невообичаени за јуни,...

Македонија22 часа

Нови министри во Владата се Димковски, Нуредини, Исмаили и Милевски

Премиерот Зоран Заев, денеска од Валандово, го соопшти предлогот со имињата за нови министри како дел од реконструкцијата на Владата...

Македонија22 часа

(Видео) За 24 часа регистрирани два случаи на незаконско исфрлање медицински отпад

Инспекторатот на град Скопје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по дојава од граѓани, на 20.06.2019 и 21.06.2019 извршија вонреден...

Македонија23 часа

Заев ќе биде и министер за финансии и премиер

Премиерот Зоран Заев го соопшти предлогот на новите имиња на министри, што ќе го достави до Собранието во текот на...

Македонија23 часа

(Видео) Учесниците на Парадата на гордоста ќе бидат безбедни, гарантира МВР

Организаторите на првата парада на гордоста која треба да се случи идниот викенд во Скопје, заедно со портпаролот на МВР,...

Свет1 ден

Ким Џонг-ун доби „одлично“ писмо од Трамп

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, доби лично писмо од американскиот претседател Доналд Трамп, објавија државните медиуми. Ким го пофалил...

Регион1 ден

Повторни избори за градоначалник во Истанбул

Граѓаните на Истанбул денеска повторно избираат градоначалник, откако беа поништени претходните изборни резултати, од изборите на 31 март. На претходните...

Свет1 ден

САД изведоа хакерски напади врз одбранбениот систем на Иран

САД изминатата недела извеле компјутерски напади на иранскиот систем за лансирање ракети и на шпионската мрежа, по што Техеран го...

Топ1 ден

Кривична против 18-годишник поради дистрибуција на детска порнографија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.М.(18) од село Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение...

Свет2 дена

(Видео) Трамп му се закани на Иран со уништување ако дојде до војна

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака војна, но го предупреди Иран дека ако дојде до војна ќе се...

Топ2 дена

Свирепо убиство на уличен продавач на девизи во Струмица, убиецот зад решетки

Министерството за внатрешни работи во координација со јавното обвинителство информира дека го расчистиле случајот со пронајденото тело во метално буре...

Македонија2 дена

Дипломатскиот кор на филџан кафе и чај во Скопската чаршија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со заменик – градоначалникот на град Скопје, Енвер Малиќи,...

Свет2 дена

(Видео) Се урна авион на Хаваи, загинаа сите патници

Девет лица загинаа во авионска несреќа што се случи ноќеска на Хаваи. Како што јавуваат медиумитe, мал двомоторен авион од...

Досие