Контакт

Забава

Трамп се фалел дека можел да ја има принцезата Дијана

Објавено пред

Во интервјуто што му го дал на Хауард Стерн непосредно пред смртта на принцезата Дијана, Доналд Трамп се фалел дека можел да ја одведе во кревет.

Откако Стерн го прашал зошто луѓето мислат дека е егоист, Трамп одговорил дека можел да биде „со Леди Ди”.

„Можеше да спиеш со неа?”, прашал Стерн, а Трамп одговорил: „Мислам дека можев”.

„Таа беше навистина убава, изгледаше како супермодел. Понекогаш не изгледаше многу добро, но понекогаш изгледаше подобро од кој било друг во светот”, рекол Трамп.

Тој, исто така, наводно, се пошегувал со Стерн, коментирајќи дека Дијана ќе мора да помине ХИВ-тест пред да биде со него.

Ова интервју беше објавено во 1997 година, само неколку месеци пред смртта на Дијана.

По нејзината смрт, според „Мирор“, тој коментирал дека „таа да беше жива ќе одеше со него, а не со Фајед”.

Во својата книга „The Art of Comeback“, објавена по смртта на Дијана, тој напишал дека „во љубовниот живот жали само за едно нешто: што не бил со принцезата Дијана”.

Пријателката на Дијана, Селина Скот, откри дека овие чувства не биле заемни и дека „Дијана се ужаснувала од него”.

„Тој ја бомбардираше со огромни букети цвеќе, кои почнаа да ја загрижуваат”, тврди Селина.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Метју Пери реши да се жени

Објавено пред

Метју Пери објави дека е подготвен да го врзе јазолот со својата девојка Моли Харвиц, откако неодамна се спушти на едно колено за да ја запроси.

Во интерју за списанието „Пипл“, sвездата на „Пријатели“ рече: „Одлучив да се верам. За среќа, во тоа време случајно бев во врска со моментално најдобрата жена на планетава“.

51-годишниот Метју е во врска со 29-годишната Моли од 2018 година, и иако воглавно својата романса ја чуваат надвор од центарот на вниманието, Моли оваа година се појави на Инстаграм на Денот на вљубените за да се пофали со со нејзиниот сакан.

Прикажи повеќе...

Забава

Дензел Вашингтон води на листата на „Њујорк тајмс“ за најдобар актер на 21 век

Објавено пред

Оскаровецот Дензел Вашингтон, кој ја доби највисоката филмска награда за својата улога во акциониот трилер „Ден за обука“ ( 2001 година), е на врвот на престижното одбројување на „Њујорк Тајмс“.

Манола Дарџис и А.О. Скот, критичарите кои ја составија листата на најдобри актери/актерки на столетието, открија дека Дензел го зазел местото број еден без никакви дискусии.

Скот напиша: „Се расправавме… и се расправавме за секој друг внес на листата, но немаше никакво двоумење или дебата за него.“

„Дензел Вашингтон е многу повеќе од категорија: Титан на екранот, тој е суптилен и чувствителен мајстор, со сериозна обука од старата школа и блескаво присуство на филмска sвезда. Може да направи од Шекспир и Август Вилсон злодело или акционо херојство. Тој е еден од врвните актерски момци.“

Дарџис додаде: „Дензел прави глумата да изгледа како дишење“.

Втора на листата е актерката Изабел Хаперт за нејзините „бестрашни и зачудувачки“ настапи, додека третото место му припадна на Даниел Деј Луис.

Кијану Ривс се пласираше на четвртото место, едно место пред Никол Кидман.

Прикажи повеќе...

Забава

Кејт и Вилијам кријат од принцот Џорџ дека ќе стане крал

Објавено пред

Трет во редот за круната, по 71-годишниот дедо, принцот Чарлс, и 38-годишниот татко, принцот Вилијам, е малиот Џорџ, кој поради тоа, уште на самиот почеток доби многу поголемо значење отколку сестра му Шарлота и братот Луис, кои се родени подоцна.

Токму поради тоа значење, но и одговорноста што ја носи титулата, од Џорџ со години се крие една голема тајна.

Авторката што се занимава со кралското семејство, Кетрин Мејер, за „Е! Њуз“ објасни дека сакајќи да го заштитат своето дете од притисокот на сите наследници на круната, Кејт и Вилијам сакаат да го одложат дознавањето на Џорџ дека еден ден ќе биде британски крал.

„Тие одлучија да го одложат моментот во кој ќе му кажат каква иднина го чека затоа што сакаат тој да има што е можно понормално растење и неоптоварено детство“, објасни Мејер.

Тој веќе сфатил дека не е обично момче, но Кејт инсистира да порасне во нормално опкружување со цел да му овозможи детство какво што таа имала.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Шекеринска: Не сакаме да бидеме заложници на темните страни на балканската историја

Имаме историја на која сме горди, но мора да се трудиме да ги решаваме проблемите, истакна денеска министерката за одбрана...

Македонија2 часа

Радев: Согласност за Македонија откако ќе се признаат историските факти и искорени омразата

Бугарија треба да даде согласност за почеток на преговорите за Северна Македонија, откако ќе се признаат објективните историски факти и...

Македонија2 часа

Ахмети: Верувам во европските вредности на Бугарија и се надевам дека ќе најдеме заедничко решение

Премиерот Зоран Заев ја ризикува својата политичка кариера, само за да го деблокира патот на земјата за интегрирање во Европската...

Македонија3 часа

Заев: Груевски беше организаторот на „27-ми април“, а не Јанакиески, Ристовски и Вељаноски

Никола Груевски е главен организатор на 27-ми април, а екс-функционерите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески се изманипулирани од него,...

Економија5 часа

Поради стравот кај јавноста, АЕК распиша тендер за изработка на студија за влијанието на 4Г и 5Г-мрежите

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша меѓународен тендер за изработка научна студија за влијанието на зрачењата од 4Г и 5Г-мрежите...

Македонија7 часа

Филипче: Охрабрува бројот на оздравени

„Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1“, вели министерот за здравство,...

Свет7 часа

Трамп: Испораката на вакцина против коронавирусот почнува следната недела

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека испораката на вакцина против коронавирусот ќе почне следната недела, пренесува „Ројтерс“. Во разговор со...

Свет8 часа

Истражување: тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба...

Свет8 часа

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирусот...

Свет9 часа

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, изјави дека нема да прими вакцина против коронавирусот. Тој во видеообјава преку социјалните мрежи вели дека...

Спорт9 часа

Погребан Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, кој почина во средата е погребан во Буенос Аирес. Илјадници навивачи низ улиците на...

Свет9 часа

За еден ден потврдени повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид-19 се потврдени за еден ден во светот, објави Светската здравствена организација (СЗО), со...

Свет9 часа

(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат...

Свет9 часа

Милиони Американци отпатувале на семејни средби за Денот на благодарноста и покрај предупредувањето да не се групираат

Mилиони Американци отпатуваа на семејни средби на Денот на благодарноста и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат тоа...

Македонија21 час

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија22 часа

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Македонија23 часа

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите за Северна Македонија поради говорот на омраза

Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија  сè додека не го напушти говорот...

Европа23 часа

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со...

Регион1 ден

Хрватска воведува строги мерки – се затвораат рестораните, училиштата, фитнес-центрите…

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ги претстави новите строги мерки за борба против коронавирусот, кои ќе траат најмалку до 21...

Македонија1 ден

На вработените во МВР ќе им бидат исплатени заостанатите бонус плати за 2017 и 2018 година

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаше он лајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот...

Досие