Забава
Трки во трчање и велосипедизам на првиот „Шара челинџ“
В недела, 15 јули, ќе се одржи првото издание на предизвикот на Шар Планина, „Шара челинџ“, со трки во трчање и велосипедизам од Тетово до Попова Шапка.
Во програмата на настанот застапени се трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, како и пикник на целта на Попова Шапка по завршувањето на трките, на кој е предвидена музичка програма и церемонија на прогласување на победниците, на кој, освен учесниците, поканети се сите оние што сакаат да бидат дел од еден ваков хепенинг во познатиот туристички центар.
Стартовите на трките се закажани во 9 часот на плоштадот во Тетово, а пријавувањето за учество е отворено преку веб-страницата www.prvdovrv.mk. За најдобрите е обезбеден паричен награден фонд во вкупен износ од 186.000 денари.
Трките претставуваат континуитет на веќе добро познатите натпревари „Прв до врв“ на Водно во Скопје, но овој пат со поголем предизвик во целите што ќе треба да ги совладаат учесниците во поглед на должините на патеките и висинската разлика. Патеката за трчање е во должина од 10 километри и од Тетово минува покрај селата Гајре и Лисец до целта на Попова Шапка. Патеката за планински велосипеди е долга 20 километри и од Тетово минува покрај селата Шипковица и Лисец до целта на Попова Шапка, а друмските велосипедисти ќе возат по асфалтниот пат до целта. На сите три патеки ќе се совлада висинска разлика од 1.200 метри.
Настанот го организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ во соработка со Општина Тетово и со поддршка на деловната и општествената заедница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Овие три хороскопски знаци најлесно можете да ги заведете на одмор
Лето, море, коктели и чувството дека нема правила – не е ни чудо што некои хороскопски знаци се особено склони кон флертување и кратки романси во ова време. Додека некои остануваат претпазливи дури и на одмор, други лесно се предаваат на атмосферата.
Според астрологијата, овие три знаци се најлесни за заведување на одмор.

Близнаци
Близнаците обожаваат да запознаваат нови луѓе и тешко им одолева на возбудата што ја носи летото. Добар разговор, малку хумор и чувство за спонтаност се доволни за целосно да ги освојат. Најважно за нив е да не им здодее.
Ако ги насмеете и го задржите нивното внимание, тие брзо ќе покажат интерес.
Вага
Вагите се одлични романтичари и лесно се вљубуваат во летната атмосфера. Вечерни прошетки покрај морето, добра музика и малку внимание често се доволни за да се заљубат во идејата за романса.
Тие го сакаат чувството на пеперутки во стомакот и често ги идеализираат луѓето што штотуку ги запознаваат, поради што лесно се впуштаат во кратки, интензивни летни приказни.

Стрелец
Стрелците сакаат авантури, патувања и спонтани врски. Тие се особено отворени за флерт на одмор бидејќи се привлечени од слобода, забава и чувство дека може да се случи нешто возбудливо.
Ако изгледате опуштено и спонтано, лесно можете да ги освоите. Но, штом се почувствуваат под притисок или премногу сериозни, брзо го губат интересот.
Забава
(Фото) Откако почна сезоната на бикини, таа не ги соблече и никогаш не била „пожешка“
Позната по својата зачудувачка фигура и бразилска убавина што ѝ ги донесе ангелските крилја на „Викторијас сикрет“, прекрасната Алесандра Амбросио повторно успеа да привлече внимание.
Се чини дека оваа убавица веќе некое време ужива во жешките летни денови, кои вклучуваат серија атрактивни бикини и нема намера да ги соблече. На Инстаграм, каде што е често активна, ги информира фановите за актуелните настани во нејзиниот живот, а неодамна покажа како ужива на плажа со својот партнер.
Таа гордо позираше за своите обожаватели, а вниманието на јавноста го привлече нејзината облека. Носеше бикини во пудра розова боја што ја истакнуваше нејзината зачудувачка фигура, како и градите, а додаде и тесна тоалета во истата боја што совршено одговараше на овој стајлинг.
Што се однесува до фризурата, таа ја остави косата слободно да паѓа, а носеше нежни тонови на шминка што ја нагласуваа нејзината природна убавина. Обожавателите брзо коментираа на оваа сцена, кажувајќи ѝ едно нешто – дека е навистина убава!
Забава
(Фото/Видео) Мадона шокираше многумина со својот настап: „Бабо, не“
Мадона веќе некое време ја интригира јавноста, а работите уште повеќе се загреаа кога неодамна откри кој е нејзиниот најдобар љубовник. Се чини дека легендарната поп-дива ги вложува сите свои напори во својот имиџ, за да не ја изгуби трката со времето, но тоа е малку залудно потрошен труд, бидејќи полека, но сигурно, ѝ бега.
Madonna, 67, leaves fans in HORROR with dangerous stunt at Pride concert in Times Square https://t.co/QaYHX4FwFj
— Daily Mail (@DailyMail) June 5, 2026
Неодамна таа создаде вистински спектакл за време на нејзиниот музички настап на Тајмс Сквер во Њујорк по повод Месецот на гордоста. За таа пригода, таа носеше чипкана облека во розова боја што многу потсетува на нејзината „Like a Virgin“ ера, но и на нејзината естетика.
Is it time for 67 year old Madonna to retire? pic.twitter.com/vk1eCnjoyx
— Oli London (@OliLondonTV) June 5, 2026
Сепак, многу нејзини обожаватели останаа во шок кога Мадона направи еден потег. На висока сцена, каде што имаше пластична ограда, пејачката во еден момент ја префрли ногата, а дел од нејзиното тело висеше преку оградата.
Овој момент ги исплаши многу нејзини обожаватели на концертот, а видеа и фотографии се проширија низ мрежите.
67 year old Madonna performs in Times Square wearing lingerie to promote her upcoming album. pic.twitter.com/sD2C4WCpgR
— Oli London (@OliLondonTV) June 5, 2026
„Како вреснав: ‘Мадона, не, немој!’ кога висеше преку оградата!“, „Тоа ме направи толку нервозна“, „Бев преплашена до смрт“, „Бабо, не, о боже“ и „Најдобра, сите бевме нервозни, хахахаха“, се само дел од коментарите…
