Контакт

Забава

Орнела Мути ќе наполни 65 години, но нејзината убавина не бледнее

Објавено пред

Италијанската филмска ѕвезда Орнела Мути деновиве се појави на Француската модна недела, каде што сите очи беа вперени во неа. Таа набргу ќе го прослави својот 65. роденден, но нејзината убавина не бледнее.

Зад себе има два брака и три деца. Таа првпат се омажила за актерот Алесио Оран и била во брак со него од 1975 до 1981 година, а во Италија биле познати како најубавата славна двојка. Во 1988 година се омажила за Федерико Фашинети, со кого има син Андреа и ќерка Каролина, а во 1996 година се развела од него.

Интересно е што во 2015 година таа беше осудена на осум месеци затвор или глоба од 30.000 евра затоа што одбила да игра во претстава за да може да излезе на вечера со рускиот претседател Владимир Путин, а една година подоцна побарала руско државјанство.

Забава

Д Викенд: Греми остануваат корумпирани

Објавено пред

Канадскиот пејач Д Викенд реагира на шпекулациите дека неговиот претстоен настап на полувремето на „Супербол“ е можеби причина што не доби ниту една номинација за Греми-награди.

Тој ги нарече „Греми“ корумпирани откако беа објавени номинациите во вторникот, а неговото име не беше меѓу номинираните и покрај многу успешната година.

Неговата реакција доаѓа по медиуските шпекулации дека спорните преговори со организаторите на „Греми“ можеби доведоа до негово изоставување од номинациите.

Во својата најнова објава на социјалните мрежи, Д Викенд (30) им напиша на организаторите: „Ми должите мене, на моите фанови и на транспарентноста на индустријата.“

Sвездата од Торонто беше во преговори дали може да настапи на претстојниот Super Bowl, изјавија извори за „ТМЗ“ во вторникот.

Организаторите на Греми, наводно, побарале тој да продолжи со преговорите за настап на сцената на полувремето на Super Bowl.

Инсајдери изјавија дека во таборот на Д Викенд, изведувачот на мегахитот Can’t Feel My Face, се сомневаат дека отсуството на номинации е одговор на непријатните преговори околу тоа дали тој ќе настапи во Суперболот.

Прикажи повеќе...

Забава

Џоџо го крева пулсот во новата кампања на „Севиџ икс Фенти“

Објавено пред

Џоџо дебитираше во првите 10 на „Билборд 200“ кога беше тинејџерка.

Но, таа ја заобиколи својата музичка кариера во вторникот кога сподели фотографија во долна облека, во улога на амбасадор на брендот за долна облека „Севиџ икс Фенти“ (Savage X Fenty).

29-годишната пејачка и текстописец го истакна своето извајано тело во градник и гаќички од зелена тантела, парчиња од новата линија на брендот на Ријана.

Градникот Savage Not Sorry се продава по цена од 64.95 долари на веб-страницата на Savage X Fenty, а женствените танга гаќички Savage Not Sorry чинат 22.95 долари.

Прикажи повеќе...

Забава

Лијам Пејн се пресели во уште една опседната куќа

Објавено пред

Лијам Пејн повторно живее во проколната куќа по иселувањето од една иста таква.

Поранешниот пејач на групата One Direction беше убеден дека има дух во неговиот дом во западен Лондон, но се чини дека необичните појавувања го следат и во неговата нова куќа и тој се бори да спие.

Говорејќи на „Инстаграм лајф“, тој рече: Не спиев добро минатата ноќ.

„Се преселив во уште една опседната куќа. Таа е изградена во 1500 година и е стара и страшна. Можеби ќе направиме некој вид истерување духови во стилот на „Големиот брат“.

27-годишниот пејач раскажа за откаченото искуство што го имаше во мај кога го разбуди силен шум додека престојуваше во својата стара куќа.

„Лежев на креветот кога се запали светлото на гардероберот во мојата соба и вратата од шкафот се затвори со тресок. Тоа беше откачен момент“, рече пејачот.

Прикажи повеќе...

Најново

Култура4 минути

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе и обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата коишто се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа50 минути

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет1 час

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но откако во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија1 час

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-на места

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно...

Македонија2 часа

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата Стево Пендаровски се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите Нации,...

Регион2 часа

Од денес стапува на сила полициски час во Црна Гора

Во Црна Гора, од денес угостителските и услужните објекти ќе работат од 7 до 18 часот, додека забраната за напуштање...

Европа2 часа

Финцитe мајстори во борбата против коронавирусот

Финска, со население од нешто помалку од 6 милиони жители, е една од земјите што најдобро се справуваат со пандемијата...

Свет2 часа

Трамп ќе го помилува поранешниот советник за безбедност, кој го лажеше ФБИ

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го помилува поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој во 2017 година призна...

Свет3 часа

Бајден: Сè уште не сум разговарал со Трамп

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, изјави дека сè уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп. Бајден во првото интервју...

Свет3 часа

Макрон најави попуштање на мерките

Франција следниот викенд ќе почне со олабавување на мерките против ширењето на коронавирусот за до Божик продавниците, театрите и кината...

Свет3 часа

Австралија ги ублажува мерките, со денови нема нови заразени

Австралиската федерална држава Нов Јужен Велс ќе ги олесни ограничувањата за физичка дистанца и ќе ги отстрани условите за компаниите...

Свет3 часа

Голем метеж на аеродромите и во центрите за тестирање во САД во пресрет на Денот на благодарноста

Метежот на аеродромите и редиците пред центрите за тестирање покажуваат дека многу Американци планираат да го прослават Денот на благодарноста...

Македонија15 часа

Регистрирани се 1039 нови случаи на Ковид-19, починаа 15 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на...

Свет16 часа

Зошто Путин досега не се вакцинирал?

Рускиот претседател Владимир Путин не може да биде меѓу доброволците кои ќе бидат вакцинирани против коронавирусот до крајот на клиничките...

Свет16 часа

(Видео) Маж со секира држеше во заложништво шест деца во Русија

Маж кој држеше шест деца како заложници во стан во Санкт Петербург, се предаде на полицијата.Во стан во предградијата на...

Македонија17 часа

Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Поранешниот пратеник Мухамед Зекири е избран за нов генерален секретар во Владата.Одлуката e донесена на последната владина седница одржана денеска....

Европа17 часа

Старските домови во Шпанија први ќе бидат вакцинирани против Ковид-19

Штитениците и персоналот на домовите за стари лица ќе бидат први вакцинирани против коронавирус во Шпанија, изјави министерот за здравство...

Свет18 часа

САД: Повеќе од 190.000 новозаразени со Ковид-19

Во САД 1.083 лица починаа како последица на Ковид-19 во изминатите 24 часа, додека регистрирани се 190.562 нови случаи на...

Спорт18 часа

Ѓоковиќ најдобар во 2020-та година

Моментно најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја завршува годинава на првата позиција на АТП листата. Тоа му појде од рака...

Топ18 часа

Приведен германски државјанин баран и од Интерпол, кај него пронајдени две исчезнати деца

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага на ул.МАНАПО во Скопје врз основа на издадена меѓународна потерница...

Досие