Забава
Украден накит од музеј за Бонапарта во вредност над 100.000 евра

Ноќта меѓу саботата и неделата бил ограбен француски музеј од кој бил украден накитот на Матилда Бонапарта, внуката на Наполеон, вреден околу 110.000 евра.
Музејот посветен на Наполеон се наоѓа во замокот Фонтенбло во близина на Париз, поранешна резиденција на француските династии, која е реновирана.
Според „Фигаро“, крадците при грабежот користеле скала и за скршиле оградата од просторијата во која се чувал накитот.
Грабежот бил откриен околу 5 часот наутро кога се огласил алармот и персоналот видел две лица во бегство.
Украдените парчиња на принцезата Матилда Бонапарта (1820-1904) според првата процена вредат 110.000 евра.
Ерик Вајан, јавен обвинител на Гренобл, рече дека истрагата ѝ е доверена на судската полиција.
Тој изјави дека накитот е сопственост на Фондацијата на Франција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Грешки во готвењето можат да ја направат вашата храна токсична, предупредуваат експертите

Кога станува збор за готвење, некои луѓе се гордеат со тоа дека се врвни готвачи, други горат сè што ќе допрат, а останатите се некаде помеѓу. Без разлика во која група припаѓате, постојат грешки во приготвувањето кои всушност може да ја направат храната помалку здрава за јадење.
Светската здравствена организација (СЗО) наведува дека храната која содржи штетни бактерии, вируси, паразити или контаминанти може да предизвика над 200 болести.
Еве што советуваат здравствените експерти за да се заштитите од инфекција.
Една од најчестите причини за труење е салмонелата, која заразува над 91.000 луѓе годишно во Европа. Постојат и други предизвикувачи како што се Campylobacter, Escherichia coli, Clostridium perfringens и Listeria monocytogenes.
Што всушност се случува? Бактериите кои ги внесуваме преку храната се лепат на цревниот ѕид каде што брзо се размножуваат или произведуваат токсини во храната кои можат да предизвикаат труење по ингестијата. Ова доведува до разни дигестивни проблеми, од гадење и повраќање до дијареа и стомачни грчеви. Понекогаш симптомите може да бидат потешки и може да предизвикаат трајни последици врз здравјето.
Со цел да се намали појавата на овие болести, во Европската Унија функционира систем за безбедност на храна, кој е еден од најбезбедните во светот и на кој работат бројни експерти од цела Европа.
Бактериите салмонела најчесто се наоѓаат во јајцата, непастеризираните млечни производи и суровото месо. Затоа овие намирници треба да се подготвуваат на температури над 70°C, за да се отстранат опасните микроорганизми преку термичка обработка. Експертите предупредуваат дека на ова мора да обрнеме посебно внимание ако готвиме за трудници, деца или постари лица, бидејќи овие групи се почувствителни поради нивниот послаб имунитет.
Научниците исто така истакнуваат колку е важно правилно да се чува храната, во согласност со упатствата на пакувањата. Температурата во фрижидерот треба да се одржува под 5°C бидејќи повисоките температури го зголемуваат ризикот од развој на бактерии.
А што се однесува до маслиновото масло, експертите велат дека треба да се чува во темни шишиња, затворени и подалеку од топлина, а објаснуваат и зошто: „Маслиновото масло има многу хлорофил кој е чувствителен на светлина. Ако го ставите хлорофилот на светло, тој ќе се претвори во други состојки кои не ги сакате во вашето маслиново масло, а ќе се уништат и антиоксидансите што ги содржи“.
Поради напорниот распоред, често го бараме најбрзиот начин за одмрзнување на храната, па затоа ја одмрзнуваме на собна температура, а понекогаш и во топла вода. Но, научниците, користејќи го примерот на замрзнатите ракчиња, истакнуваат дека најдобар начин е да ги одмрзнете во фрижидер неколку часа пред да ги готвите. „Полека ќе се одмрзнува, што ќе го намали ризикот од добивање на некои болести што се пренесуваат преку храна“, советуваат експертите за безбедност на храна.
Забава
Сè што може Жизел… може и тој! Том Брејди со провокативно селфи

Новопечениот ерген Том Брејди се соблече во долна облека и сподели провокативна фотографија на „Инстаграм“ во понеделникот – само неколку дена откако неговата поранешна сопруга Жизел Бундхен ги покажа своите облини додека позира на фотосесија на плажа.
Фудбалската ѕвезда (45) сподели разголена фотографија во „Инстаграм-приказни“ и на „Твитер“ додека го промовира сопствениот бренд за долна облека.
Атлетичарот, кој неодамна објави дека се повлекува од НФЛ, на себе има тесна долна облека додека ги покажува затегнатите стомачни мускули.
Впечатливата фотографија, на која се гледа како седи на работ од ненаместен кревет со раширени нозе со раката преку интимниот дел, не личи на ништо слично што Том досега го споделил. Оваа објава бргу предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
Многу фанови беа изненадени бидејќи никогаш не го имаа видено во вакво светло. Некои корисници на интернет објавата ја опишаа како „стапица за жед“, а други се шегуваа дека тој станал лошо момче по напуштањето на фудбалот.
„Друже, сопругите и девојките на многу луѓе се на оваа апликација“, твитна еден корисник.
„Ако тоа е ова што мора да го трпиме од тебе поради твоето пензионирање, тогаш очекувам да те видам на тренинг-кампот“, твитна друг.
Том ја сподели фотографијата како одговор на зделката што ја направи со својата компанија за облека „Брејди Ббенд“, која продава кошули, панталони и долна облека.
Забава
Би-би-си: Интересни моменти од 65. издание на „Греми“

Во неделата вечерта во Лос Анџелес се одржа доделувањето на Греми-наградите, а трофеи добија сите од Ози Озборн и Адел до Вили Нелсон и Бијонсе, пишува Марк Севиџ од британски Би-би-си.
Хари Стајлс ја доби посакуваната награда за најдобар албум, Вајола Дејвис се стекна со статусот ЕГОТ, Бијонсе стана најнаградуваниот изведувач во историјата на „Греми“.
Музичкиот дописник на Би-би-си издвои неколку интересни моменти на вечерта, која, според него, имаше многу пресврти.
„Што треба да направи Бијонсе за да освои ‘Греми’ за најдобар албум?“, прашува тој во својата колумна.
Оваа година Renaissance беше претпоставениот фаворит за албум на годината. Но, четврти пат во кариерата Бијонсе беше победена во категоријата „Најдобар албум“. Овој пат круната ја зеде Хари Стајлс. Претходно тоа беа Бек, Адел и Тејлор Свифт. Која е пораката што „Греми“ се обидува да ја испорача овде? Се чини дека е: престанете да бидете толку впечатливи и напишете музика со која се чувствуваме удобно!
Во колумната има и коментар за музичарите кога го примаат трофејот. „Сите треба да работат на своите говори, освен Лизо. Изгледа дека не беше голема ноќ за држење говори“.
Понатаму, како и многумина, така и Севиџ забележа дека Бен Афлек не е импресиониран. Тој присуствуваше на церемонијата за да ја поддржи својата сопруга и очигледно дека целиот настан му беше прилично досаден.
Фотографии на кои тој се чини целосно незаинтересиран, не помрднувајќи го телото и вртејќи ја главата како Стиви Вондер додека Џенифер Лопез танцува на својот стол набргу се појавија на социјалните мрежи.
„Колку и да сте имале лош ден, сигурен сум дека не се чувствувате толку бедно како Бен Афлек на ‘Греми’ во моментот“, напиша еден набљудувач. „Можете да видите како неговите батерии се празнат во реално време“.
„Греми“ со задоцнување сфати дека хип-хопот е прилично добар.
Тоа беше голема ноќ за Ким Петрас.
Сем Смит и Ким Петрас освоија трофеј во категоријата „Најдобра соработка на поп дуо/бенд“ за својата секс-мелодрама Unholy, која ја изведоа на сцената со Смит облечен како ѓавол.