Контакт

Забава

Уште еден филм за „Трансформери“ доаѓа од режисерот Енџгел Мануел Сото

Објавено пред

Поминаа долги три години откако последен пат ги видовме маскираните роботи во киносалите. А сега „Парамаунт“ се враќа со нов филм во режија на Енџел Мануел Сото и Марко Рамирез како продуцент.

Сото е најпознат по претстојната работа на „Синиот бумбар“ и по неговиот најнов филм Charm City Kings. Тој ќе работи со Марко Рамирез за кого ова ќе биде прв долгометражен филм. Но, ова не значи дека тој не е искусен. Писателот има Марвелова крв, ги продуцира нивната серија The Defenders за „Нетфликс“ и шест епизоди на Daredevil во втората сезона.

Овој филм не треба да се меша со „Трансформери 7“, чија премиера се очекува во 2022 година. Овој филм не е поврзан ниту со главната линија на оригиналните филмови за трансформерите. Филмот е сè уште во рана фаза, така што има малку информации за приказната и за sвездите што играат во него.

Забава

Холивуд сака рестартирање – сега е на ред шоуто на „Оскарите“

Објавено пред

Најголемото исчекување на „Оскарите“ во недела (25 април) можеби не е кој ќе ги освои најпрестижните награди – па дури и ако „Нетфликс“ конечно може да го добие посакуваниот трофеј за најдобар филм – туку како ќе изгледа најголемата вечер на филмската индустрија по бурната година, коментираат светските медиуми.

Принудени да ја преиспитаат церемонијата поради пандемијата, и со наплив на диверзитет претежно со помали филмови, организаторите ветуваат шоу поразлично од сè што е видено во 93-годишната историја на „Оскарите“.

Поставена за прв пат во железничка станица во центарот на Лос Анџелес, иако впечатлива зграда на Арт Деко, продуцентите на свеченоста беа нејасни во врска со деталите за лимитираната церемонија, што ќе се емитува на телевизијата Еј-би-си.

Но, тие велат дека тонот ќе биде оптимистички и свечената вечер ќе делува како љубовно писмо за девастираната филмска индустрија по едногодишното затворање на кината и одложувања на премиери на десетици потенцијални блокбастери.

„Ние сме тука за да покажеме зошто е важно киното“, рече Стејси Шер, една од тројцата продуценти на „Оскарите“.

Холивудската драма „Менк“ на Нетфликс Инк, од 1930-тите, води по бројот на номинации – 10 на листата за најдобри филмови, на која е и сагата во судницата од 1960-тите, „Судењето на седумтемина од Чикаго “, исто така од Нетфликс.

Прикажи повеќе...

Забава

Спајдермен конечно се враќа дома во „Дизни плус“ во нов договор со „Сони“

Објавено пред

Филмскиот универзум на „Марвел“ не е комплетен без Спајдермен, па затоа „Сони“ и „Дизни“ се бореа околу франшизата како да е дете на развод.

Сега, двете големи компании потпишаа договор за лиценцирање со кој филмовите Спајдермен, како и други филмови на „Марвел“, ќе бидат достапни за стриминг на „Дизни плус“.

Овој договор доаѓа по спогодбата „плати 1 прозорец“ меѓу Сони и Нетфликс, што му овозможува на Нетфликс да ги стримува филмови на Сони девет месеци по нивното деби во киносалите..

Прикажи повеќе...

Забава

Новото работно место на принцот Хари е јапонски сленг за пенис

Објавено пред

Новата работна позиција на принцот Хари, војводата од Сасекс, наводно значи пенис во Јапонија.

36-годишниот принц е именуван за главен директор за влијанија, Chief Impact Officer – или CHIMPO – во американска стартап компанија, BetterUp Inc., која нуди онлајн подучување на компании и поединци за поддршка на менталното здравје и велнес, меѓутоа новата работна титула предизвика малку смеење во Јапонија, пренесува „Пејџ сикс“ и додава дека овој акроним се преведува во сленг кој се користи за опис на дел од машката анатомија.

Војводата од Сасекс за „Волстрит журнал“ изјави дека е именуван за CHIMPO во BetterUp Inc., фирма за онлајн коучинг за ментално здравје, каде што тој планира да помогне во создавање на влијание во животот на луѓето.

Оваа позиција, наводно, е веднаш до главен извршен директор (CEO).

Но, кратенката на неговата титула во Силиконската долина сама по себе веќе имаше доста големо влијание, според јапонскиот сајт за вести Сора-њуз24, кој го посочува нејзиното фалично значење во земјата.

„Не е важно на која возраст сте, зборот чимпо секогаш измамува насмевка“, напиша едно лице на социјалните мрежи, пренесува агенцијата.

„Замислете да дојде во Јапонија и да се претстави како чимпо пред официјални лица? Би сакал да ги видам нивните лица! “ напиша друг.

Еден корисник на Твитер напиша: „Прочитав дека принц Хари сега е чимпо (главен директор за влијанија). Моите јапонски пријатели добро се кикотат за ова, бидејќи чимпо опишува одреден дел од машката анатомија на јапонски. Упс. Тој можеби ќе сака да ја отфрли таа титула.“

Прикажи повеќе...

Најново

Свет33 минути

Студија: Една доза од „Астра зенека“ и „Фајзер“ значително го намалува ризикот за зараза со коронавирусот

Ризикот едно лице да се зарази со коронавирусот е значително помал по примaње на една доза од вакцините на „Астразенека“...

Македонија2 часа

Денеска се вакцинираат пратениците

Во „А1 арената Борис Трајковски“ денеска ќе се вакцинираат пратениците од Собранието како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот...

Македонија15 часа

Намален е притисокот врз болниците, вели министерот Филипче

Притисокот брз болниците е намален, а состојбата со вирусот се смирува, оцени денеска министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со...

Топ17 часа

Девојка од Гостивар, без нејзина согласност, била омажена и силувана

Без нејзина согласнот, 19-годишна девојка од Гостивар била предадена за брак во Шуто Оризари по што била силувана. Според твдењето...

Македонија18 часа

Заев за повлекувањето на Шекеринска: Таа е моја другарка, без разлика каде ќе биде во иднина

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека тој и потаму ќе соработува со Радмила Шекеринска по најавата дека...

Регион18 часа

Мас: Добар момент за поддршка на дијалогот меѓу Србија и Косово

Сакам да видам на самото место како можеме да го поддржиме нормативниот дијалог меѓу двете земји, рече германскиот министер за...

Македонија18 часа

39 починати и 603 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.596 тестирања, а регистрирани се 603 нови случаи на...

Топ20 часа

Приведено лицето што утрово пред кривичниот суд ѝ избега на затворската полиција

Единицата за прв одговор и интервенција при МВР кај Камениот мост во Скопје го привела 30-годишниот А.З. од Скопје, кој...

Македонија22 часа

Тројца обвинители од поранешното СЈО во тимот на Русковска

Пет кандидати од кои тројца обвинители од поранешното специјално јавно обвинителство се избрани за нови јавни обвинители во Обвинителството за...

Топ22 часа

Уапсен 59-годишен маж кој им испраќал еротски фотографии на малолетнички на „Фејсбук“

Полицијата приведе 59-годишен маж од село Ораовица, Радовишко, со престојувалиште во село Ерџелија, Светиниколско, кој е обвинет дека им испраќал еротски...

Македонија23 часа

Браќа од Сарај заболени од Ковид-19 фатени со лажни ПЦР-тестотви на скопскиот аеродром

Скопското oсновно јавно обвинителство поднесе предлог за парични казни против двајца браќа од Сарај, на возраст од 24 и 26...

Европа23 часа

ЕУ подготвува тужба против „Астразенека“

Европската комисија се подготвува да преземе правни активности против „Астразенека“, објави „Политико“, повикувајќи се на пет неименувани европски дипломати. Вчера...

Топ23 часа

Обвинение за српски државјанин за сообраќајката кај Ростуше во која загинаа две лица

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение за српски државјанин кој предизвика сообраќајна несреќа со камион кај Ростуше во која загинаа...

Свет24 часа

Во Индија откриен троен мутиран вид на Ковид-19

Индија откри нов троен вид на ковид во време кога се бори да го спречи најлошиот бран на коронавирус од...

Свет1 ден

Вакцинирани лица во старски дом во Америка масовно се заразиле со нов вид на вирусот

Случаи на Ковид-19 „експлодирале“ во март во пензионерски дом во САД каде што голем дел од корисниците биле вакцинирани, откако...

Македонија2 дена

Рашковски, од куќен притвор, ќе оди во затворот во Шуто Оризари, одлучи Кривичниот совет

Кривичниот совет ја преиначи одлуката и, наместо куќен притвор, на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, и на сопственикот на...

Македонија2 дена

Нови 627 случаи на Ковид-19, починати се 47 лицa

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа, од направени...

Македонија2 дена

Инспекторите утврдија дека немало прекршувања за гласањето во скафандери

Не се констатирани неправилности и протоколите се обезбедни од страна на Собранието, извести Државниот инспекторат за труд по направениот вонреден...

Македонија2 дена

Владата за комплексот спроти „Холидеј ин“: Ќе се гради ако е во согласност со Законот за градење

Одобрението за градба се издава доколку се исполнети сите услови пропишани во Законот за градење, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски, прашан...

Македонија2 дена

Шилегов: Го остваруваме 40 години стариот сон на скопјани за трамвај, обезбедувајќи систем подобар од трамвајот

Со денешното потпишување на договорот за заем меѓу Град Скопје, Министерството за финансии и Европската банка за обнова и развој...

Досие