Контакт

Забава

Фановите ѝ порачаа на Џејда Пинкет Смит: Престани да зборуваш

Објавено пред

Сопругата на Вил Смит, Џејда Пинкет Смит, моментно е во кампања на промовирање на своите нови мемоари.

Актерката е позната по тоа што нема влакна на јазикот, а нејзината книга Worthy не е исклучок.

Таа раскажува за својот живот, од деновите на продавање дрога во Балтимор до бракот со Вил Смит, а во текот на промоцијата на книгата во едно интервју откри дека таа и Вил, всушност, живеат одвоено веќе седум години, но се трудат да го поправат бракот.

Џејда наиде на бурни реакции поради ова, а фановите на Вил ѝ порачаа да престане да зборува.

Споделувањето детали и информации не е ништо ново за една типична славна личност, која соголува сè кога пишува мемоари. Сепак, луѓето ја молат Џејда да престане да открива делови од својот приватен живот.

Многумина се огласија на социјалните мрежи за да ја изразат својата фрустрација поради тоа што добиваат толку многу вести за нејзиниот живот. „Може ли да престанат да ја интервјуираат Џејда Пинкет Смит, сериозно?“, напиша еден корисник, а друг додаде: „Ако треба лично да платам луѓето да престанат да ја интервјуираат Џејда Пинкет Смит, се колнам во Бога дека ќе го направам тоа“.

„Кому треба да му платам за да престанам да слушам за Џејда Пинкет Смит?“

„Знам толку многу за Џејда и сето тоа е против моја волја. Ве молам, престанете“, додаде трет, па дури и спортскиот коментатор Стивен Смит побара да сопре соголувањето на приватниот живот. Тој, конкретно, ги таргетира нејзините откритија за Вил.

„Не е моја работа, само знам дека е срамно и гротескно неправедно јавно да го озборуваш сопругот! Јавно. Тој е Вил Смит. Колку мал сакаш да го направиш? Како можеше да го сториш тоа? Тоа е претерано сурово“, напиша коментаторот.

Најново

Забава9 часа

Пет животни лекции што повеќето луѓе ги учат предоцна

Мудроста често доаѓа со возраста, но многумина посакуваат да научеле некои животни лекции многу порано. Токму затоа психолозите истакнуваат дека...

Свет10 часа

Протести на Мајорка против масовниот туризам

Жителите на Мајорка денес повторно излегоа на улиците за да протестираат против големиот годишен прилив на туристи и кризата со...

Забава10 часа

Девет необични симптоми на бременоста за кои можеби не сте знаеле

Утринските мачнини и необичните желби за храна се меѓу најпознатите симптоми на бременост, но многу бремени жени се соочуваат и...

Забава10 часа

Ако облеката мириса непријатно веднаш по перењето, исчистете го овој дел од машината

Ги вадите алиштата од машината и наместо мирис на свежина, мирисате на влажен подрум. Виновникот често не е детергентот за...

Забава11 часа

Често се будите уморни: Овие навики може да бидат причина зошто немате доволно енергија

Будењето по неколку часа сон не секогаш значи дека сте се одмориле. Ако често се чувствувате уморни штом ќе ги...

Свет11 часа

Нов инцидент во Германија, дронови прелетаа над воена база

Два дрона беа забележани над германската воена база во Мехерних на западот од земјата, објавија германските вооружени сили. Инцидентот се...

Забава12 часа

(Фото) Стотици луѓе се собраа пред катедрала затоа што мислеа дека Роналдо се жени, неговата сестра се огласи

Стотици луѓе денеска го исполнија плоштадот пред катедралата во Фуншал откако се раширија гласини дека Кристијано Роналдо ќе се жени...

Спорт12 часа

Алмада пристигна во Ривер Плата

Спектакуларен трансфер во аргентинскиот фудбал – Ривер Плата го донесе Тијаго Алмада од Атлетико Мадрид. Репрезентативецот на Аргентина, кој играше...

Македонија12 часа

Утре сончево и многу топло време со температура до 39 степени

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој...