Забава
Филмовите „Спајдерверзум“ се најдобри екранизации на стрипови во историјата

Новиот Spider-Man: Across the Spider-Verse (Човек пајак: Ширум пајак вселената“) се одвива во прилично поинаков филмски пејзаж од неговиот претходник Spider-Man: Into the Spider-Verse отколку пред пет години.
За неупатените, анимираната серија го замислува својот централен херој Мајлс Моралес како да постои во мултиверзум на светови, во кој владеат разни инкарнации на човекот пајак.
Мултиверзумот сè уште беше новина во 2018 година, но концептот подоцна стана истрошен во филмовите за суперхерои, особено во тие од филмскиот универзум на „Марвел“. Тие ја научија погрешната лекција од првиот анимиран филм за Спајдермен, чиј вистински шарм не е во мултиверзумите полни со нови можности за франшиза со разни ликови и инкарнации на ликови, кои може да се спарат по желба, пишува Би-би-си.
Вистинската привлечност на спајдерврзумот лежи во неговото прифаќање на визуелно ексцентричните суперхеројски стрипови. Во спајдерверзумот, мултиверзумот, пред сè, значи можност да се прекршат некои правила, а не да се усогласат со формулата.
Првиот филм се истакна по начинот на кој режисерите Питер Ремзи, Родни Ротман и Боб Персичети го натераа својот тим да го наслика светот на Мајлс во нов стил. Таквото, често носталгично, евоцирање на овие елементи им овозможи на гледачите да почувствуваат дека Мајлс Моралес, релативно нов лик во стриповите на „Марвел“, отсекогаш бил таму, легендарен како и самиот Питер Паркер.
Според Би-би-си, најновиот Across the Spider-Verse ја проширува својата палета со која ја одразува важноста на уметноста на стрипот користејќи го своето калеидоскопско патување до разни универзуми во мултиверзумот за да отиде понатаму од првиот филм. Тој додава нови и специфични посвети на методите на разни уметници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Седум хороскопски знаци кои сакаат луксуз: мора да живеат на висока нога

Сите ние понекогаш уживаме да се почестуваме со малку поскап и необичен подарок. Меѓутоа, хороскопските знаци кои го сакаат луксузот едноставно мораат да живеат така – луксузно.
Некои луѓе едноставно уживаат во скапите работи, дури и ако немаат многу пари. Сепак, тоа не им е проблем бидејќи секогаш ќе знаат како да го организираат буџетот за да го добијат тоа што го сакаат и да изгледаат луксузно.
Хороскопски знаци кои сакаат луксуз
Бик
Кога станува збор за луксуз, јасно е дека на листата ќе се најдат најголемите хедонисти од Зодијакот. Во нивната гардероба никогаш нема да најдете евтина долна облека, а тешко дека ќе најдете нешто што не го носи името на некој голем и познат бренд. Тие не мора никому да се докажуваат, бидејќи одлично ги менаџираат финансиите за секогаш да изгледаат скапо и вкусно. Ако треба нешто да му дадете на Бикот, најдобро би било да го прашате бидејќи тие не се љубители на изненадувања кои веројатно нема ни да им се допаднат.
Лав
Лавовите не можат да прифатат ништо друго освен луксуз, не само кога се работи за нив, туку и за луѓето околу нив. Тие секогаш имаат дизајнирани скапи празнични подароци кои ќе бидат завиткани во совршено елегантно пакување. Сепак, тие не трошат пари непромислено. Ако треба, попрво ќе направи пауза за малку заштеда за да може утре да го купи тој неодолив скап фустан, отколку таа можност да испари.
Јарец
Можеби ова не е толку вообичаено, но воопшто не е тешко да се убедат рационалните Јарци да потрошат голема сума пари за да ги задоволат своите каприци. Сепак, тие мора да бидат убедени дека ќе им треба во иднина. Единствениот проблем е што може да потрае неколку недели или дури еден месец за Јарците да бидат целосно сигурни за скапото купување. Меѓутоа, ако сакаат нешто, без разлика на цената, тоа ќе биде нивно.
Водолија
Водолиите се вистински љубители на пари. Сепак, нивниот скап вкус најмногу може да се види на производите со напредна технологија. Малку е веројатно дека Водолијата ќе сака да потроши дел од своите пари на брендирана облека или одење во прескап италијански ресторан. Сепак, тие ќе направат се за да приредат незаборавен одмор каде ќе се чувствуваат како членови на кралското семејство.
Стрелец
За авантуристичките Стрелци, парите се само ресурс што не треба да се плашите да го искористите за да го добиете она што го сакате, било да е тоа материјално или емотивно. Важно им е да трошат пари за да добијат животни искуства, а не да се занимаваат со бескорисно трупање. Затоа, парите ќе ги трошат на егзотични патувања или интересни авантури од кои ќе носат само спомени и нови знаења.
Близнаци
Импулсивното купување е огромен проблем за непостојаните Близнаци кои имаат многу мисли во нивните глави. Тие немаат ограничувања за купување работи, но по преголемото купување, наскоро ќе се чувствуваат виновни и можеби ќе сакаат да го вратат она што штотуку го купиле. Мора да внимаваат да не дозволат нивната импулсивност да ги измами.
Вага
Вагите имаат неверојатен вкус, особено во уметноста, додека успешно ги балансираат трошоците и заштедите. Веројатно ќе видите како Вага се смирува откако ќе купи нешто по пристојна цена, велејќи дека дефинитивно вреди за парите, дури и ако не вреди. Вагите сакаат убави нешта, но не им е важно што таа убава работа припаѓа на некој познат бренд.
Забава
(Видео) Памела Андерсон прошета без шминка на црвениот тепих

Памела Андерсон уште еднаш се појави во јавноста без шминка и со тоа докажа дека не е роб на воспоставените стандарди за убавина.
Овој пат Андерсон присуствуваше на доделувањето на модните награди во Лондон. Таа со насмевка на лицето позираше пред присутните фотографи. Памела се одлучи за бела облека и врзана коса.
View this post on Instagram
Таа претходно сподели дека одлучила да престане да се шминка откако нејзината шминкерка Алексис Вогел почина од рак на дојка.
„Таа беше најдобра. Без Алексис, само мислам дека е подобро да не се шминкам”, рече Андерсон.
Оваа одлука ја смета за ослободувачка и забавна бидејќи го прави спротивното од она што го прават сите други. Таа за прв пат се појави без шминка пред неколку месеци на модната недела во Париз.
„Ако сите бркаме младост или формираме идеал за убавина врз основа на она што го гледаме во списанијата, тогаш ќе бидеме разочарани или малку тажни“, рече таа тогаш.
Забава
Совршен новогодишен фустан на Амал Клуни

Новогодишниот фустан на Амал Клуни е навистина совршен празничен избор: огнен, елегантен и привлечен. Покрај тоа, го следи централниот тренд на сезоната – светки
Не е тајна дека Амал Клуни има феноменално чувство за мода. Сепак, нејзиниот последен изглед е буквално најдобрата новогодишна облека која некој може да ја замисли.
Додека присуствуваше на доделувањето на модните награди за 2023 година во Лондон, адвокатката за човекови права прошета на црвениот тепих во портокалов омбре фустан кој буквално личеше на пламен.
Впечатливиот фустан, совршен за новогодишна забава, има помали златни светки, кои подолу во фустанот се претворија во поголеми диско светки со овална форма. Овој прекрасен фустан има долг заден дел, како и совршено деколте. Амал Клуни го комплетираше својот изглед со златна нараквица и прстени кои привлекуваат очи.