Забава
Филмот за Мерилин Монро ќе ги навреди сите, вели режисерот

Биографскиот филм за холивудската икона Мерилин Монро, со Ана де Армас во главната улога, има нешто што може да ги навреди сите, коментира режисерот на филмот, Ендрју Доминик.
54-годишниот Новозеланѓанец во интервју за Vulture во четвртокот нагласи дека е изненаден што претстојниот филм на „Нетфликс“ добил назнака 17 плус (NC-17), што не дозволува никој под 18 години да го гледа во киносала во ниту една околност.
„Од една страна, повеќе би сакал да одам да гледам NC-17 верзија на приказната за Мерилин Монро доколку имам избор затоа што знаеме дека нејзиниот живот беше на работ, очигледно од начинот на кој заврши. Дали сакате да ја гледате верзијата за брадавици или сакате дезинфицирана верзија?“, рече Доминик.
„Русокоса“ (Blonde), базиран на истоимениот роман од 2000 година на Џојс Керол Оутс, е долгогодишен проект на Доминик, кој го напиша и сценариото.
„Тоа е филм што, дефинитивно, има морал. Но, плива во многу двосмислени води затоа што мислам дека не е направен по желба на луѓето што сакаат да го гледаат. Има нешто во него што ќе ги навреди сите“, додаде Доминик.
Покрај Ана де Армас, во филмот глумат и Адријан Броди, Боби Канавејл и Каспар Филипсон како Џон Кенеди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Енди Мекдауел и Хелен Мирен ги воодушевија фановите танцувајќи во Кан

Енди Мекдауел и Хелен Мирен се забавуваа на црвениот тепих во Кан и со својот танц ги воодушевија фановите
Холивудските дами Енди Мекдауел и Хелен Мирен танцуваа на црвениот тепих во Кан, на премиерата на филмот „Мајка и син“.
Тие ги воодушевија и новинарите и фановите, кои коментираат дека и во седмата, односно осмата деценија, актерките знаат како да се забавуваат. На премиерата Мекдауел (64) беше облечена во лелеав фустан со пруги, а Мирен (76) носеше сребрен фустан.
View this post on Instagram
Забава
Илон Маск доби тужба од акционерите на „Твитер“ за манипулација

Акционерите на Твитер поднесоа тужба против Илон Маск и самиот Твитер за манипулирање со надолната цена на акциите на компанијата за време на нејзината понуда за преземање, вредна 44 милијарди долари.
Инвеститорите тврдат дека директорот на Tесла заштедил 156 милиони долари со тоа што не пријавил дека до 14 март купил повеќе од пет отсто од акциите на оваа социјална мрежа. Тие побараа од судот да ја признае нивната групна тужба и непознатиот износ на отштета.
Кон тужбата се приклучија и на Твитер, тврдејќи дека компанијата морала да го истражи однесувањето на Маск, иако не побарале отштета од неа.
Инвеститорите тврдат дека и по преминувањето на прагот од пет отсто од акциите, Маск продолжил да купува акции, за да пријави дека на почетокот на април имал 9,2 отсто од акциите.
„Со одложување на известувањето за својот удел во Твитер, Маск манипулираше со пазарот и купи акции на Твитер по вештачки ниска цена“, изјавија обвинителите.
Забава
Канје Вест ја разгорува војната со Ким во новиот сингл

Канје Вест повторно ја разгорува војната со поранешната сопруга Ким Кардшијан за старателството над нивните четири деца во најновиот сингл New Love, кој излезе во четвртокот навечер.
„Кога ќе ги земам, се чувствувам како да ми ги позајмиле“ гласи еден стих од песната.
Во песната, со вокал од покојниот XXXTentacion, се појавува Канје (44), изразувајќи го своето незадоволство од распоредот за неговото старателство, додека рапува: „Чекај, кога ќе ги видиш децата? Ќе се видиме утре/ Чекај, кога ќе зајде сонцето? Се гледаме утре“.
Раперот, исто така, тагува поради фактот што неговите деца не се постојано со него: „Кога ќе ги земам, се чувствувам како да ми ги позајмиле/ Кога треба да ги вратам, ги скенирам ги како бар-код“.
Вест, кој ги дели Норт (8), Сент (6), Чикаго (4), и Псалм (3) со реалити-ѕвездата (41), продолжува да се жали на облеката на децата.
„Кој ги облака децата во овие алишта?“/ Зошто не можат да носат ‘Јизи’? прашува тој, алудирајќи на сопствениот бренд.