Забава
Финец си го разнесе својот електричен автомобил кога му кажале колку треба да плати за замена на батеријата

Незадоволен сопственик на „тесла-ес“ во Финска го детонира своето електрично возило – заедно со кукла со ликот на основачот на „Тесла“, Илон Маск – во знак на протест поради трошоците за замена на батеријата.
Туомас Катинен го разнесе својот Tesla S – модел 2012 година – со 30 килограми динамит по откажувањето на батеријата и откога се соочи со сметка за поправка од 17.000 фунти (22.000 долари), пренесуваат британски медиуми.
Наместо да ги собере парите, 26-годишникот стапил во контакт со локални јутјубери Youtubers Pommijätkät т.н. бомбаши, кои решиле да му помогнат да го разнесе автомобилот.
Цената на овој модел, за кој не важи гарнацијата дека е од постарите, е околу 73.990 фунти (100.000 долари).
„Тесла“ и Маск се соочија со бран поплаки за трошоците за замена на батеријата, при што гаражи од трети страни (независни сервиси) нудат замена за една четвртина од цената.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Џонатан Мејџорс уапсен под обвинение за напад

Aктерot Џонатан Мејџорс бил уапсен во Њујорк во текот на викендот под обвинение за напад и вознемирување, што доведе до тоа американската армија да ја повлече новата реклама со ѕвездата на „Крид 3“ (Creed III).
Мејџорс, кој неодамна додели награда на „Оскарите“ заедно со својот колега од „Крид 3“, Мајкл Б. Џордан, бил приведен во саботата наутро на Менхетен по домашна расправија, според полицијата и неговиот адвокат.
30-годишната жена се здобила со полесни повреди на главата и вратот и е пренесена во болница во стабилна состојба, соопшти њујоршката полиција. Мејџорс (33) се појавил пред истражен судија подоцна во саботата и бил ослободен без кауција.
Во кривичната пријава се наведува дека ја удрил жената по лицето, ѝ нанел расекотина зад увото, и потоа ја фатил за вратот, предизвикувајќи ѝ модрици.
Забава
Ќе се вратам: Адел ќе го продолжи престојот во Лас Вегас

Адел го продолжува престојот во Лас Вегас.
34-годишната пејачка во саботата го заврши последниот од нејзините 34 настапи во „Цезар Палас“, и во текот на концертот им кажа на фановите дека има намера да се врати во градот подоцна оваа година.
Ѕвездата добитничка на Греми ѝ рече на публиката во Вегас: „Пеењето пред 4.000 луѓе 34 ноќи не е доволно. Знам дека не е доволно, па се враќам.“
„Ќе се вратам неколку недели во јуни, и повторно на крајот на август до есен“.
Забава
Симпсонови пак пред времето: Ја предвидеа цензурата на голиот Давид од Микеланџело

Откако беше објавена веста дека директорот на едно училиште во Флорида бил принуден да поднесе оставка по бунтот на родителите кои се пожалиле дека нивните деца се изложени на порнографија бидејќи на часот по историја на уметност им била покажана слика од Давид на Микеланџело, некој се сетил дека авторите на популарната анимирана серија за семејството Симпсон предвиделе речиси идентично сценарио пред повеќе од 20 години.
Директорката на училиштето во Телахаси, Хоуп Караскила, поднесе оставка од функцијата откако родителите на учениците го прозваа училиштето дека шири порнографија бидејќи на учениците им беше покажана гола статуа на Давид.
Претседателот на училишниот одбор, Барни Бишоп, ѝ рекол на директорката да поднесе оставка или ќе биде отпуштена. Тројца родители се пожалија дека нивните деца се вознемирени затоа што го виделе едно од најголемите ремек-дела на светската уметност – Давид на Микеланџело.
Инаку, Марџ Симпсон се најде во сличен проблем пред дваесет години кога се бореше против цензурата на уметничките дела.
Откако успешно го цензурираа насилниот цртан филм „Ичи и Скречи“, група родители ја повика Марџ да им помогне да цензурираат уште едно „одвратно и гнасно“ дело – скулптурата на Давид која требаше да биде донесена во нивниот роден град Спрингфилд како дел од патувачка изложба.
„Делото многу вулгарно прикажува делови од човечкото тело кои иако се практични, всушност се зли“, вели Хелен Ловџој.
По инцидентот во Телахаси, не им требаше долго време на обожавателите на семејството цртани ликови да се присетат на сличен настан од омилената серија.
„Симпсонови повторно предвидуваа настани од реалниот живот“, вели еден твитер.