Контакт

Забава

Фотографиите на Џокер одблизу предизвикуваат одушевување

Објавено пред

Портретите на славните од Крег Ален оддалеку изгледаат како илјадници професионално наредени точки, но погледот одблизу открива дека овие точки се всушност луѓе, и тоа прилично детално илустрирани.

Крег Алан инспирацијата за неговата серија „Популос“ ја добил по посетата на својата мајка, која живее на шестиот кат. Ги набљудувал луѓето од таа зграда во Оранџ Бич во Алабама и ги фотографирал, кога сфатил дека тие создаваат модели, пишува „Одит централ“.

На една од фотографиите му се чинело како луѓето да создале око, што му дало идеја. Со спреј почнал да слика историски личности и икони како што се Мајкл Џексон или Мерилин Монро.

А колку е детална неговата работа, се гледа од фотографиите на Леџеровиот Џокер (кликнете десно на фотографијата за да ги видите другите од поинаква перспектива).



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Судири во Холандија поради помошникот на Дедо Мраз

Објавено пред

На традиционалната парада пред божиќните празници во Холандија се судрија приврзаниците и противниците на помошникот на Дедо Мраз – Црниот Пит. Холандската верзија на Црн Пит, е препознатлив по лицето обоено во црна или кафеава боја и по костумот.

Противниците на Црниот Пит сметаат дека тој обичај е расистички и навредлив за лицата со темна боја на кожата.

Нередите избија во повеќе градови во Холандија, а ротердамската полиција навела на Твитер дека уапсила три лица. Во местото Леуварден, полицијата соопштила дека спречила две групи луѓе да започнат тепачка. Тепачки биле спречени и на други места во земјата. Во судирите учествувале навивачите на најголемите клубови во земјата, како и расистички политички групи.

Според традицијата, Црниот Пит носи подароци за време на празникот Синтерклас. Тој се спушта низ оџакот додека луѓето спијат. Како што гласи преданието, Пит во деновите, кои му претходат на празникот, често може да се види на покривите на куќите, каде низ оџаците наслушува дали децата биле добри. Делењето медењаци и други слатки колачиња е негова специјалност. Црниот Пит му помага на Синтерклас, му ја носи книгата или стапот.

Прикажи повеќе...

Забава

„Јапан ерлајнс“ ги заострува контролите по случајот со пијаниот пилот

Објавено пред

Јапонската авиокомпанија „Јапан ерлајнс“ го заострува системот за контрола на пилотот пред летот, по апсењето на пилотот Кацутоши Џицукаве, кој имаше девет пати повеќе алкохол во крвта од дозволеното.

Џицукаве беше уапсен минатиот месец на аеродромот Хитроу, пред да се качи на летот за Токио. Тогаш било забележано дека во него има 189 милиграми алкохол на 100 милилитри крв, а јапонските медиуми пишуваат дека мамел на претходните тестирања.

Би-би-си пренесува дека новите поостри мерки на тестирање на пилотот во „Јапан ерлајнс“ доаѓаат во моменти кога има низа одложени летови поради неспособности на пилоти да летаат поради користење на супстанци. Според јапонските зкаони, не постојат ограничувања за пилотот по прашање на конзумација на алкохол, тоа го оставаат на авиокомпаниите да одредат дали ќе има и колкави ќе бидат ограничувањата.

Прикажи повеќе...

Екологија

Гигантска разгледница на глечер за заштита на климата

Објавено пред

Деца од цел свет изразија загриженост поради глобалното затоплување така што направија најголема разгледница во светот, на глечер на швајцарските Алпи.

Повеќе од 125.000 разгледници со рачно напишани пораки за надеж и посветеност на децата во целиот свет, постевани се на глечерот Алеч на Алпите, што е една од најголемите разгледници, голема како половина фудбалски терен.

Разгледницата претставува крик за помош од Њу Орлеанс до Хонгконг, од подсахарска Африка до Индија, а во пресрет на конференцијата на ОН за клима идниот месец во Полска.

Швајцарската агенција за развој и соработка и нејзините партнери поставија голема разгледница на врвот на загрозениот глечер Алеч, најдолг и најдлабок на Алпите, за кој се проценува дека ќе исчезне до крајот на векот, ако продолжи сегашното темпо на глобално затоплување.

Организаторите рекле дека разгледниците поставени на висина од 3.400 метри, во близина на познатиот Јунгфраујоха, се со цел да бидат запишани во Гинисовата книга на рекорди како разгледница со најмногу потписници.

Сепак, Гинис соопштил дека овој обид не е регистриран. Сегашниот рекорд е 16.000 разгледници.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион28 минути

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Европа1 час

Франција и денеска блокирана, продолжуваат насилните протести поради високата цена на горивата

Еден ден откако 280.000 луѓе протестираа во Франција поради зголемувањето на цената на горивата, автопатиштата во земјата, утрово во знак...

Свет2 часа

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Свет18 часа

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски20 часа

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија21 час

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија22 часа

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија22 часа

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија23 часа

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Interview/Debate1 ден

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од...

Вести1 ден

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави...

Вести1 ден

„Вашингтон пост“: ЦИА заклучи – принцот го наредил убиството на Кашоги

ЦИА заклучи дека саудискиот принц Мохамед бин Салман го наредил убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Истанбул, објави „Вашингтон...

Бегството на Груевски2 дена

Приватниот авион на Орбан одлетал за Белград, еден ден откако Груевски објави дека побарал азил

(Фото: Илустрација „Bombardier Global 6000“) Луксузниот приватен авион што го користи унгарската владејачка и бизнис-елита, меѓу кои и премиерот Виктор...

Македонија2 дена

Канческа-Милевска за протестот пред нејзината куќа: Почитувам изразување став, но не на овој начин

Пратеничката Елизабета Канческа-Милевска им се извини на нејзините соседи, роднини и пријатели за синоќешниот протест пред нејзината куќа во населба...

Македонија2 дена

Кабинетот на Иванов бара одговор од МВР: Врз основа на што УБК ги следи активностите на претседателот

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов реагираат на јавно објавеното решение за притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија2 дена

Хан: Македонија напредува во владеење на правото, сите членки на ЕУ треба да ја поддржат

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на „Твитер“ порача дека владеењето на правото е еден од основните критериуми за влез во...

Бегството на Груевски2 дена

(Видеоинтервју) Есмеров: ЕУ и САД нема да се мешаат во внатрешните работи на Унгарија

Поранешниот амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров, во интервју за „Макфакс“ тврди дека се крајно симптоматични тврдењата на премиерот...

Бегството на Груевски2 дена

Унгарската влада: Ниту унгарската држава ниту унгарските власти не помогнаа Груевски да ја напушти Македонија

Унгарската влада соопшти дека во бегството на експремиерот Никола Груевски од Македонија не помагала ниту унгарската држава ниту унгарските власти,...

Македонија2 дена

На Груевски за „Шлаканиците во Центар“ ќе му се суди во отсуство

Основиот суд Скопје 1 – Скопје, по барање на специјалното јавно обвинителство, денеска одлучи на обвинетиот Никола Груевски, кој моментно...

Свет2 дена

(Видео) Постапокалиптички сцени од пожарите во Калифорнија

Според последниот биланс на жртви од пожарите во Калифорнија, досега загинале 63 лица, а 630 се водат за исчезнати. Видеата...

Досие