Контакт

Забава

Фотографија од орел како лета над вода стана хит на социјалните мрежи

Објавено пред

Фотографија од ќелав орел како лета и со двете крила допира вода стана хит и предизвика голем интерес на социјалните мрежи.

Канадскиот фотограф аматер Стив Биро изјави дека е водушевен од реакциите во светот на неговата фотографија од ќелав орел, која ја снимил во канадскиот конзерваториум за птици и ја објавил во група за фотографии на „Фејсбук“.

Фотографијата од птицата грабливка со нејзините продорни очи е многу интересна и невообичаена. Таа е една од стотината фотографии што Биро ги снимил тој ден, но одлучил токму оваа да ја сподели на социјалните мрежи.

Биро вели дека орелот, кој е навикнат на фотографи, кои го посетуваат центарот за рехабилитација и истражување на птици во Онтарио, изгледал вознемирено на местото каде што бил сместен со својот фотоапарат.

„Тој, всушност, се обиде да ме избрка од местото каде што бев сместен“, рекол Биро. „Можев да почувствувам ветер додека леташе над мене. Други луѓе што беа таму занемеа додека се доближуваше до мојата глава, навистина беше возбудливо“, додаде тој.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Ким Кардашијан заработува повеќе од една објава на Инстаграм отколку од нејзиното реалити шоу

Објавено пред

Sвездата на ТВ-шоуто „Дружење со семејството Кардашијан“ тврди дека таа заработува толку импресивна сума пари за да промовира производи на своите 190 милиони следачи на социјалните мрежи што за неа е подобро отколку да глуми во реалити шоу.

Зборувајќи со Дејвид Летерман во неговата емисија „На мојот следен гостин не му е потребна најава“, Ким Кардашијан Вест рече: „Ние не би биле тоа што сме денес без да останеме во чекор со Кардашијанови и затоа продолжуваме да ги споделуваме нашите животи. Дури и ако, реално, можеме да објавиме нешто на социјалните мрежи и да направиме повеќе отколку што правиме цела сезона “.

Во меѓувреме, 39-годишната Ким претходно призна дека плачела цел викенд кога беше објавено дека познатото реалити шоу ќе заврши.

Таа откри дека последната сезона на шоуто ќе открие сосема нова страна на кланот затоа што ќе се прикаже како тие се справувале со пандемијата на коронавирусот и периодот во карантин.

Прикажи повеќе...

Забава

Холандското кралско семејство се врати од одмор по 24 часа

Објавено пред

Петте члена на холандската монархија беа принудени да го скратат годишниот одмор по негодувањето на јавноста дека патуваат во време на забрана за патување.

Кралското семејство се врати од одмор во Грција само 24 часа по напуштањето на Холандија.

Кралот Вилем-Александер, кралицата Максима и нивните три ќерки – принцезата Катарина-Амалија, принцезата Алесија и принцезата Аријана – се упатија на одмор во Атина изминатиов викенд, но по негодувањето од холандските медиуми, набрзина се вратија дома.

Медиумите истакнаа дека тие заминале во исто време кога во земјата беа воведени построги мерки за заштита од Ковид-19 и препораки да не се патува.

Многумина се прашуваа зошто премиерот Марк Руте не ги советувал да го одложат одморот. Пратеникот од опозициската Лабуристичка партија, Атје Кеукен, рече: „Ова не е добар пример за другуте Холанѓани“.

Прикажи повеќе...

Забава

Куќата на Хари и Меган била огласена за изнајмување, тврдат британски таблоиди

Објавено пред

Гламурозниот имот на принцот Хари и Меган бил наведен како локација за видео и фотосесии, а цената на изнајмување била 700 долари на час, пишуваат британските таблоиди.

Откако војводата и војвотката од Сасекс се населија во Калифорнија, има многу шпекулации околу деталите на нивната палата во Монтечито. Иако фановите имаа кус увид во стилскиот имот во текот на неколку видеоповици на двојката, неодамна се појави најсеопфатен изглед на нивната семејна куќа благодарение на една понуда на веб-страница за изнајмување локација за настани.

„Мејл онлајн“ објави дека имотот во Монтечито бил наведен како достапен за 700 долари на час за  видео и фотосесии на сајтот за изнајмување „Гигстер“. Се чини дека огласот е отстранет, а сега има линк на кој пишува: „Извинете, оваа локација не беше објавена“.

Понудата, наводно, била објавена пред двојката да го купи имотот од 14.7 милиони долари, но сепак весникот тврди дека сè уште била активна во петокот на 16 октомври.

Опишан како „Италијанска вила“, имотот беше достапен за изнајмување минимум 10 часа. Може да собере екипа од 15 луѓе и има приватен паркинг за 50 лица. Во понудата стоело дека на локацијата е забрането пушење, консумирање алкохол, миленичиња, готвење и снимање филмови за возрасни.

Куќата, наводно, е опремена со голема библиотека, канцеларија, спа-центар (со суви и влажни сауни), вежбалница, просторија за игри, аркада, театар, визба за вино и гаража за пет автомобили.

Се простира на 5.4 хектари земја со поглед на море, има огромни градини, тревници, рози, уметнички скроена жива ограда, чемпреси и маслинови дрвја, тениско игралиште, чајџилница, куќичка за деца и голем базен. Исто така има и дополнителна куќа за гости, со уште две спални соби и бањи.

Имотот можеби повеќе не е достапен за изнајмување, но без сомнение Хари и Меган ќе понудат уште многу ѕирнувања внатре, бидејќи тие продолжуваат да работат од дома за време на пандемијата, пишуваат таблоидите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет16 минути

(Видео) Трамп го напушти интервјуто зошто новинарката не носела маска

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло го прекина интервјуто за емисијата „60 минути“ на Си-Би-Ес њуз и не се врати на...

Свет29 минути

Коронавирусот ќе остане меѓу човечката популација како грип

Еден од најважните британски научници, Патрик Валанс, изјави дека коронавирусот веројатно ќе стане трајно заболување како грипот, доколку вакцината против...

Македонија44 минути

Администрацијата ќе работи од дома или со ротации

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на...

Регион12 часа

Рама: Мора да избегнеме затворање на земјата поради Ковид-19 по секоја цена

Во Албанија има 301 случај на новозаболени од коронавирус, а четворица пациенти починаа, соопштија здравствените власти на таа земја. Во...

Свет12 часа

Папата Франциско првпат носеше маска на молитва за мир во светот

Папата Франциско првпат носеше маска за време на вршењето на својата јавна функција кога денес присуствуваше на молитва за мир...

Македонија14 часа

Заев го прифати барањето за разрешување на Димова

Премиерот Зоран Заев ја информира Владата дека го прифатил барањето на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и...

Македонија14 часа

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот

Владата, на денешната 13. седница, ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време...

Македонија16 часа

408 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на...

Македонија17 часа

Филипче: Мерките за заштита од Kовид-19 мора итно да се донесат

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, мора итно да се...

Македонија19 часа

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Македонија21 час

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП „Државни патишта“

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот...

Македонија21 час

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до...

Европа22 часа

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Македонија22 часа

(Видео) Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот...

Македонија22 часа

МОН објави упатство: Наставниците да го прилагодат оценувањето согласно учењето на далечина

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија училиштата за начинот на следење и оценување...

Европа23 часа

Курц: До следното лето ќе се вратиме во нормала

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, верува дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна во првата половина на следната година. „До следното...

Македонија24 часа

Весковски: Водоснабдувањето во Скопје нормализирано, ваков дефект се јавува еднаш на 10 години

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од Скопје, како резултат на голем дефект на...

Македонија24 часа

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието. Владата треба да...

Свет1 ден

Во Москва 49 нови смртни случаи од коронавирус за 24 часа

Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб. „Четириесет и девет...

Свет1 ден

Ирска воведе најстроги мерки против коронавирусот во Европа

Ирскиот премиер Михаел Мартин го потврди враќањето на највисоко, петто, ниво на ограничувања во борбата со коронавирусот, кое ќе трае...

Досие