Забава
(Фото) Од најбараниот секс-симбол до „бездомничка“: никој повеќе не ја препознава
Благодарение на култната серија „Бејвоч“, таа стана секс-симбол. Сепак, 30 години по нејзината улога во серијата, сè се промени.
Ерика Еленијак, најпозната по улогата на Шони Меклејн во серијата „Бејвоч“, во тоа време важеше за најсекси актерка.
Јавноста ја обожаваше, а мажите не можеа да одолеат на нејзиното појавување во црвениот костим за капење што го носеше во серијата.

Сепак, 30 години по нејзиното вклучување во серијата, сè се промени. Поранешната манекенка и актерка сега има сосема поинаков стил поради што луѓето повеќе не ја препознаваат.
Голем број тетоважи и пирсинг се составен дел од нејзиниот нов имиџ, а јавноста на социјалните мрежи не е задоволна од оваа промена.

Фотографите од странските медиуми често може да ја видат како шета во Лос Анџелес, а неодамна покажа како всушност изгледа во живо.
Судејќи според нејзините најнови фотографии, црната и лежерна облека се нејзини први избори кога станува збор за избор на облека за секојдневни пригоди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
