Забава
(Фото) Сидни Свини како од мајка родена: ги покажа своите најголеми атрибути
Актерката Сидни Свини моментално ужива голема популарност. Нејзиниот физички изглед често е предмет на внимание од јавноста, особено нејзините бујни гради кои секогаш го привлекуваат вниманието на машката половина.
Во овој поглед, таа неодамна даде изјава за медиумите во врска со пластичните операции, конечно ставајќи крај на сите шпекулации дека „отишла под нож“.
Во пркос на мразителите, таа сега објави компилација од атрактивни фотографии на Инстаграм, една од нив го привлече вниманието на многумина – Сидни Свини како родена од мајка!
Актерката се подготвуваше за настан, а дежурниот фотограф го документираше секој нејзин потег и гест, вклучително и моментот кога ги покри градите.
Прекрасно стилизирана фризура, шминка во „голи“ тонови и скапи обетки беа забележлив дел од комбинацијата. Сепак, нејзините бујни гради и блескава насмевка го украдоа вниманието на корисниците на мрежите.
Обожавателите имаа само едно да ѝ кажат – дека таа моментално е најубавата жена во Холивуд.
фото: Depositphotos
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Едноставен трик што може да го разлади станот во летните горештини
И покрај спуштените ролетни и вклучениот вентилатор, многу станови остануваат жешки во летните денови. Еден едноставен трик што често се занемарува е отворањето на ормарите при утринското проветрување.
Според советите, големите ормари во текот на денот акумулираат топлина, особено ако се наоѓаат во близина на прозорци или се изложени на сончева светлина. Топлиот воздух останува заробен зад затворените врати и може дополнително да ја загрева просторијата.
Затоа се препорачува рано наутро, кога надворешните температури се најниски, да се отворат прозорците, но и вратите на ормарите и другите затворени простори. Така свежиот воздух ќе циркулира и ќе помогне да се исфрли насобраната топлина.
Откако температурата надвор ќе почне да расте, прозорците треба повторно да се затворат, а ролетните и завесите да се спуштат за да се задржи посвежиот воздух во домот што е можно подолго.
Забава
Холивудската ѕвезда го следеше натпреварот Канада – БиХ, но многумина не го препознаа
Холивудскиот актер Мајк Мајерс ги изненади навивачите со своето појавување на натпреварот меѓу Канада и Босна и Херцеговина на Светското првенство.
63-годишниот актер, познат по улогите во „Остин Пауерс“ и како гласот на Шрек, го следеше натпреварот во Торонто во друштво на Рајан Рејнолдс.
Мајерс бил прикажан на телевизиските камери за време на натпреварот, но коментаторите на „Би-би-си“ првично не го препознале. Дури подоцна било посочено дека во ложата се наоѓа актерот кој му го позајми гласот на Шрек.
Неговото појавување предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде многумина коментираа дека толку се вклопил меѓу навивачите што останал незабележан.
Натпреварот меѓу Канада и БиХ заврши 1:1.
Забава
Меморија, Дани Димитровска и Суперхикс на „Охрид вајн фестивал“
Петтото издание на Ohrid Wine Festival ги носи Меморија, Дани Димитровска, Суперхикс, Солзи и Смеа, Битолски камерен оркестар, Куку Леле и уште многу музички имиња, кои ќе настапат од 25 до 27 јуни на Кеј Македонија.
Фестивали.мк и годинава подготви програма за три вечери исполнети со музика во живо и вина од домашни и регионални винарии и гастрономска понуда, претворајќи го охридскиот кеј во едно од најживите места на почетокот на летната сезона.
Фестивалското дружење овие три дена почнува од 19 часот, додека изведувачите почнуваат еден час подоцна.
Првата фестивалска вечер на 25 јуни, четврток, започнува со настапот на групата Сарај во 20:00 часот, Дани Димитровска во 22:00 часот и Меморија во 23:30 часот.
На 26 јуни, петок настапуваат Брос Марама во 20:00 часот, Ѓоко Ѓорчев и Кате Танева во 21:30 часот, Куку Леле во 23:00 часот и Пауза за ракија во 00:30 часот.
Во сабота, на 27 јуни, на финалната вечер присутните ќе се забавуваат со стенд ап настапот на Солзи и Смеа од 20:00 часот, по што од 21:00 часот почнува DJ DJ Fic, во 22:30 часот е резервиран за Битолски камерен оркестар и Суперхикс во 00:15 часот.
Покрај музичката програма, посетителите ќе можат да уживаат во богата селекција на вина и гастрономска понуда по која и фестивалот стана препознатлив дел од охридското лето.
„Пет години по ред Ohrid Wine Festival е место каде што се среќаваат музиката, виното и убавата енергија на Охрид. Годинава подготвивме програма која обединува различни генерации и музички вкусови, а нашата цел останува иста – да создадеме настан кој ќе биде уште една причина повеќе посетителите да го изберат Охрид како своја летна дестинација“, велат од Фестивали.мк.
Винскиот фестивал се одржува со поддршката на Општина Охрид. Градоначалникот Кирил Пецаков ги покани охриѓани и туристите да не го пропуштаат овогодинешното издание.
Ohrid Wine Festival Vol. 5 ќе се одржи од 25 до 27 јуни на Кеј Македонија, пред хотел Палас во Охрид.
