Контакт

Hitech

(Фото) Што напишал Стив Џобс во првото сиви со кое аплицирал за работа?

Објавено пред

Своето прво сиви основачот на „Ејпл“, Стив Џобс, го предал во далечната 1973 година, додека сè уште бил студент во потрага по работа и далеку од идејата дека некогаш ќе биде најпозната личност од сферата на технологијата.

Во тоа време Џобс бил студент на Рид колеџот во Орегон, но одлучил да го остави школувањето по само еден семестар. Сепак, тој на колеџот останал и во наредните 18 месеци, каде што упаѓал на предавањата за кои мислел дека ќе бидат интересни за него. Токму и затоа неговото прво сиви е многу интересно, односно дава добра претстава за тоа како Џобс се гледал себеси додека бил студент.

Како што покажуваат „доказите“, како посебни способности Џобс ги навел „електронската технологија, односно инженер за дизајн“, а потенцирал и дека има искуство со работа на компјутери и калкулатори.

За жал, во апликацијата не е наведено за која позиција се пријавил Џобс, но се знае дека неговата прва работа била во „Атари“ со Стив Вознијак со кого подоцна го основале „Ејпл“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

Побуна во „Гугл“: Вработените даваат откази зашто компанијата соработува со војската

Објавено пред

Од

Сè повеќе работници на „Гугл“ потпишуваат петиција со која од работодавецот бараат да не се вклучува во бизниси со војувањето, а наводно некои од нив отишле и подалеку и си дале отказ во знак на протест против соработката со американската војска, пишуваат светските медиуми.

Околу 4.000 вработени во „Гугл“ наводно ја потпишале петицијата што почнала да циркулира во компанијата пред три месеци, а всушност претставува барање до интернет-гигантот да не ја користи вештачката интелигенција со цел американските воени дронови да се програмираат за прецизно распознавање на целите што ги следат.

Веб-страницата за вести од областа на технологијата „Гизмодо“ објави дека неделава десетина работници одлучиле да дадат отказ од етички причини.

Од „Гугл“ веднаш не одговориле на медиумските прашања за проектот „Мавен“ во рамките на кој инженерските и машинските познавања наводно се користат за разликување на луѓето од објекти во видеоснимките направени од беспилотни летала, кои се користат за потребите на Министерството за одбрана на САД.

„Веруваме дека компанијата не треба да биде вклучена во проекти поврзани со војување“, се вели во петицијата, чија копија беше објавена на интернет.

„Токму поради тоа, бараме повлекување од проектот ‘Мавен’ и ‘Гугл’ повторно да го скицира, објави и спроведе на дело начелниот став дека компанијата и нејзините соработници никогаш нема да развиваат технологија за воени потреби“, стои во петицијата.

Петицијата, меѓу другите, добила поддршка и од Фондацијата за електронски граници, активистичката група за права на интернет и Меѓународниот комитет за контрола на роботизирано оружје.

Прикажи повеќе...

Hitech

Познат датумот на кој интернетот ќе ја загуби својата неутралност

Објавено пред

Од

Правилата што гарантираат дека интернетот е слободен и отворен за сите, познати како нет неутралност, официјално ќе престанат да важат на 11 јуни. Датумот за егзекуција на неутралноста на голобалната мрежа се појави во извештајот издаден од Федералната комисија за комуникации на САД.

За ставање крај на постоењето на неутралноста на интернетот гласеле три члена (од вкупно пет) на Федералната комисија за комуникации во декември 2017.

Отстранувањето на неутралноста ќе им овозможи на телекомуникациските компании да контролираат кои интернет-содржини ќе им бидат достапни на корисниците, како и брзината со која ќе може да се пристапи кон истите. Противниците на неутралноста на интернетот сметаат дека глобалната мрежа треба да се третира како сервис, односно да се наплаќа како како струја или вода. По 11 јуни, интернет-провајдерите ќе имаат моќ да ги спречат луѓето да пристапуваат до одредени интернет-страници и да ја ограничуваат брзината на интернетот.

Позитивната работа е тоа што провајдерите ќе мора однапред да ги обелоденат сите ограничувања, така што корисниците ќе имаат доволно информации врз основа на кои ќе може да формираат став дали и натаму би сакале да ги користат таквите услуги.

Прикажи повеќе...

Hitech

Достапна новата верзија на Android, но не за сите телефони

Објавено пред

Од

Компанијата „Гугл“ објави бета верзија на најновиот оперативен систем за мобилни уреди Android P, која првично е достапна за 11 телефони, вклучувајќи ги моделите Pixel, Essential Phone, Sony Xperiа XZ2, Mi Mix 2S и претстојниот OnePlus 6. Се разбира, како и со секоја бета-верзија, корисниците на овие уреди треба да имаат предвид дека можни се грешки, односно багови во работата на оперативниот систем.

Оваа верзија на Android донесува нов здив на вештачка интелигенција во управувањето со батеријата и исклучувањето на неактивните апликации кои раборат во позадина.

Исто така, Android P ја воведува категоријата „предвидливи апликации“, која во рамки на потсетникот сега додава апликации следејќи ги навиките на корисникот во поглед на тоа што следно би ми можел да активира, односно да прегледа. На пример, ќе ви биде понудена омилената апликација за допишување за да му испратите порака на пријателот, под претпоставка дека тоа е токму нешто што сакате следно да го направите.

Две нови интересни функции во новиот Android се специјалните додатоци за пребарување и контекстуалните менија кои се активираат во рамките на оперативниот систем, без активирање, односно пребарување меѓу апликациите.

Присуството на бета верзија на Android P на неколку уреди кои не се произведени од „Гугл“ укажува на тоа дека напорите на компанијата да ја забрза надградбата на оперативниот систем кај мобилните уреди имаат позитивен ефект. Со други зборови, во иднина нема да има портеба да поседувате официјален уред на „Гугл“ за брзо ги добиете сите важни софтверски ажурирања, пишуваат порталите специјализирани за технологија.

Инаку, најновата верзија на Android би требало да биде достапна за сите корисници до крајот на 2018 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

В четврток нова рунда преговори за името во Њујорк

В четврток и в петок ќе се одржи нова средба за името во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц. Како што...

Свет2 часа

Победа на Мадуро на претседателските избори во Венецуела, опозицијата ги негира резултатите

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, извојува нов шестгодишен мандат, по вчерашната победа на претседателските избори во земјата. Изборите ги одбележа...

Македонија2 часа

Пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Кривичниот суд во Скопје денеска треба да ја објави пресудата за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев....

Македонија12 часа

Планинар од Македонија почина на Хималаите

Македонскиот планинар Георги Петков (63) од Гевгелија починал денеска од срцев удар на Хималаите, додека се искачувал на највисокиот врв...

Македонија13 часа

Ротации во Владата – Дескоска оди во Правда, образованието ќе го води Арбр Адеми

Почнуваат ротациите и најавената мини-реконструција во Владата. Според последните информации, владејачките партии СДСМ и ДУИ ќе ги заменат министерствата кои...

Македонија19 часа

Поради спор со името, ПСК „Чеплес“ четири години одбиван за членство во Федерацијата на планинари

Планинарскиот спортски клуб (ПСК) „Чеплес“ од Велес четири години се обидува да стане член на Федерацијата на планинарски спортови на...

Македонија20 часа

Шекеринска: Со Илинденска Македонија покажуваме дека ниту сме имале ниту ќе имаме територијални претензии

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска смета дека предлогот Република Илинденска Македонија е решение со кое сите од процесот...

Македонија1 ден

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница, му реплицираат од Владата на Ципрас

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница кое се повикува на конкретни датуми од минатото и е реална можност...

Македонија1 ден

Грчките политички лидери не го прифаќаат предлогот за решавање на спорот за името

Грчката влада соопшти дека предлогот за решавање на спорот околу името на Македонија треба да содржи географскa или временска одредница....

Македонија2 дена

(Видео) Иванов: Став за новиот предлог ќе изградам откако ќе го добијам на писмено

Се додека не добијам писмена достава за она што се разговарало на средбите помеѓу Македонија и Грција во врска со...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа промена на името и Уставот

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот од минатото дека нема да поддржи промена на Уставот и промена на уставното име, рече лидерот...

Македонија2 дена

(Видео) Република Илинденска Македонија е предлогот за името

По денешната лидерска средба премиерот, Зоран Заев, во изјава за медиумите обелодени дека предлогот за кој разговарале со неговиот грчки...

Македонија2 дена

(Видео) Угриновски по трет пат избран за претседател на Федерацијата на планинари

Јовица Угриновски попладнево по трет пат е избран за претседател на Федерацијата на планинари.  Тој беше единствен кандидат за оваа...

Македонија2 дена

Мицкоски: Да се обединиме против злото, а тоа е Зоран Заев

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите алатки кои што му стојат на располагање да се бори против оваа ненародна власт и...

Македонија2 дена

Група граѓани со транспаренти и патриотски песни ги пречекуваат учесниците на лидерската средба

Група граѓани со транспаренти и пеејќи патриотски песни ги пречекуваат лидерите на партиите кои денеска попладне во Клубот на пратеници...

Свет2 дена

(Во живо) Кралската свадба на принцот Хари и Меган

Меган Маркл официјално ќе стане дел од британското кралско семејство. Церемонијата ќе се одржи напладне во Сент Џорџ капелата и...

Свет2 дена

(Видео) Сe е подготвено за спектакуларната кралска венчавка 

Камерите и фотоапаратите на светските медиуми викендов се свртени кон најголемиот настан за кралското семејство, венчавката на принцот Хари и...

Економија3 дена

(Видео) Тасева обвини дека проблемот во „Фени“ е поголем од оној во „Скопје 2014“, бара државните институции да го испитаат

Стечајната судијка на „Фени“ направила формална повреда на Законот за стечај оти не го отфрлила планот за реорганизација на комбинатот...

Култура3 дена

Петиција против пазарењето со културата – Не шуткајте нè во невидливи ќошиња

Интензивни реакции на социјалните мрежи по шпекулациите дека Владата преговара со Беса за ресорот култура. Оваа информација не ја потврдија...

Македонија3 дена

Грујевски и Бошкоски нема да бидат екстрадирани, одлучи Врховниот суд во Атина

Горан Грујевски и Никола Бошкоски нема да бидат екстрадирани во Македонија за да им се суди за децениското нелегално прислушување. Врховниот...

Досие