Контакт

Hitech

Франција вложува милијарда и пол евра за развој на вештачка интелигенција

Објавено пред

Франција до 2022 година ќе инвестира 1,5 милијарди евра од државните фондови во истражувањa за вештачка интелигенција во обид да фати чекор со САД и Кина, како и да го спречи одливот на кадар.

Инвестицијата е дел од стратегијата за развој на вештачка интелигенција која францускиот претседател, Емануел Макрон, ја презентираше на елитен француски колеџ.

„Франција плаќа за обука на докторанти кои потоа заминуваат САД. Тоа е огромна штета”, изјави претходно францускиот министер за финансии, Бруно ле Мер.

Hitech

Се враќа најомилената програма за слушање музика

Објавено пред

Компанијата „Радиономи“ најави големо враќање на „Винамп“, кој следната година ќе добие нова верзија на мобилна апликација.

Иако важи за една од најпознатите компјутерски програми, „Винамп“ и неговите услуги згаснаа на 20 декември 2013 година, на разочарување на многу обожаватели.

Досега, многупати беше најавувано враќање, кое никогаш не се случи, но сега компанијата „Радиономи“, која го купи „Винамп“ во 2014 година, официјално потврди дека омилениот плеер се враќа во форма на мобилна апликација која ќе овозможи објавување музика, поткаст и стриминг-услуги на едно место.

„Следната година ќе се појави целосно нова верзија, која ќе овозможи целосно и подобрено корисничко искуство. Корисниците ќе бидат во можност да слушаат MP3 фајлови што претходно ги складирале во облак датотеки, но и поткасти, интернет радиостаници и плејлисти кои се по нивниот терк“, истакна компанијата.

Странските медиуми известуваат дека апликацијата ќе биде достапна за iOS и Android уреди. „Винамп“ веќе има своја андроид-апликација, но новата верзија ветува поинакво искуство.

Исто така, „Радиономи“ најави нова „Винамп“ десктоп верзија – „Винамп 6“, која е во план за следната година.

Прикажи повеќе...

Hitech

Најголемата платформа за видеа „Јутјуб“ падна на глобално ниво

Објавено пред

Најголемата светска онлајн платформа за видеосодржини „Јутјуб“ синоќа беше недостапна за корисниците од САД, Европа и Јужна Америка. Корисниците алармираа дека немаат пристап до своите канали на мрежата и дека не можат да гледаат какви било видеа.

Платформата беше недостапна околу еден час. Од „Јутјуб“ се огласија преку „Твитер“. Прво информираа дека се работи на отстранување на проблемот, без да се прецизира за што се работи, а по еден час напишаа дека проблемот е решен.

 

Додека „Јутјуб“ беше паднат, на местата на видеата се појавуваа празни прозорци, без никаква содржина.

Прикажи повеќе...

Hitech

„Фејсбук“ воведува опција за бришење пораки

Објавено пред

Компанијата „Фејсбук“ почна со тестирање на опцијата unsend за апликацијата Месинџер, која ќе им овозможува на корисниците да ги бришат испратените пораки и тие целосно да бидат отстранети од чатот.

Претходно оваа година „Фејсбук“ тајно ги избриша старите пораки кои преку Месинџер ги испратил основачот Марк Закерберг, а тоа беше многу чудно затоа што другите корисници не можат да го направат тоа.

Ако сега избришете порака од инбокс, веќе нема да ја гледате, но таа ќе остане во инбоксот на лицето на кое сте му ја пратиле.

Во април „Фејсбук“ соопшти дека планира да воведе unsend опција за сите корисници, но деталите и датумот за лансирање не беа соопштени. Опцијата unsend ќе биде достапна само одредено време откако корисниците ќе ја испратат пораката.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски: Ајде да донесеме закон за амнестија за да нема селективна правда

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прославата на 23 Октомври од говорницата побара да биде донесен закон за амнестија за...

Македонија4 часа

Сашо Мијалков е исклучен од партијата

По предлогот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, дисциплинската комисија на општинскиот комитет Центар го исклучи Сашо Мијалков од партијата. „Се...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ слави без Груевски, исклучените членови и разрешените функционери

Ниту еден од исклучените партиски членови и разрешените функционери не пристигна во Македонскиот народен театар, каде вечерва ВМРО-ДПМНЕ одржува свеченост,...

Македонија8 часа

Јанчев: Барам јавно извинување и од Христијан Мицковски и од Александар Николовски или ќе ги тужам за клевета

На вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ до мене беа упатени неосновани обвинувања. Обвинувањата беа насочени кон мене како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија10 часа

СЈО не добило барање од Мијалков за судот да му го врати пасошот

Кривичниот суд во Скопје ги демантира информациите кои се појавија во одредени портали, дека му бил вратен пасошот на ексдиректорот...

Македонија10 часа

МНР ги демантира тврдењата на Русија дека мнозинството во македонскиот парламент е обезбедено со уцени и закани

Министерството за надворешни работи на Република Македонија категорично ги отфрла вчерашните наводи и квалификации изнесени во коментарот на Департманот за...

Свет11 час

Ердоган: Имаме силни докази дека убиството на саудискиот новинар било со денови планирано

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во турскиот парламент рече дека постојат силни докази дека убиството на новинарот Џамал Кашоги...

Свет11 час

Пронајдено телото на убиениот саудиски новинар

Телото на саудискиот новинар Џамал Кашоги е пронајдено во бунар на територијата на резиденцијата и конзулатот на Саудиска Арабија во...

Македонија12 часа

Софија Куновска: И мене ме разреши СДСМ зашто реагирав дека слават во барокниот театар

Немаше да го напишам овој текст ако не почуствував дека сега е моментот да бидеме искрени до крај ако навистина...

Свет13 часа

Караван мигранти од Хондурас се движи кон САД и покрај заканите на Трамп

Илјада мигранти од Хондурас ја преминаа границата со Мексико и се упатија кон американската граница наспроти предупредувањата на мексиканските власти...

Свет13 часа

Мексико се подготвува за удар на ураганот Виља, се евакуираат илјадници луѓе

Мексиканските власти започнаа евакуација на илјадници граѓани во подрачјето на ниска надморска височина, поради исклучително опасниот ураган Виља, кој се...

Македонија23 часа

(Видео) ЦК предложи Мијалков и Тодоров да бидат исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

За ексдиректорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, како и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров,...

Македонија1 ден

Јанчев и Богданов исклучени од функциите во ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите, се разрешени...

Македонија1 ден

(Видео) Палмер: Не се сретнавме со Мицкоски зашто ми ги кажа ставовите во писмото

Заменикот на помошник-државниот секретар на САД, Метју Палмер, на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев изјави дека не остварил средба...

Македонија1 ден

(Видео) Да дозволиме помирувањето од Собранието да продолжи во институциите, порача Заев

Помирувањето започна во Собранието, да дозволиме да продолжи во институциите, порача првиот човек на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција...

Економија1 ден

Општините со три милијарди денари ќе ги покриваат долговите

Владата го усвои законското предлог-решение со кое на општините им се ставаат на располагање 3 милијарди денари за покривање на...

Македонија1 ден

Ѕанакопулос очекува договорот од Преспа да помине во грчкиот парламент

Со гласањето за почеток на уставните промени беше направен историски чекор што ќе ги однесе двете страни поблиску до стапување...

Македонија1 ден

Поддршка за Мицкоски или барање за негова смена на состанокот на ЦК?

Од обвинувања за изолација на партијата и избрзани одлуки на раководството со исклучувањето на пратениците до поддршка за лидерот на...

Македонија1 ден

Кирацовски: Ќе видиме дали националното помирување ќе биде само за 27 април или пошироко

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацоски, ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон иницијативата за национално обединување бидејќи, како...

Македонија1 ден

Беса може да го условува спроведувањето на уставните измени во Собранието

Пратеникот Фадил Зендели, дел од крилото на Беса со кое предводи Биљал Касами, вели дека во процесот на уставните измени...

Досие