Контакт

Бизарно

Французинка уапсена во Индија, се сликала гола на свет мост

Објавено пред

Една 27-годишна Французинка е уапсена затоа што се снимила гола на мост кој се смета за свет, а е изграден над реката Ганг во Индија.

Жената, позната само како Мари-Елен, била приведена на 27 август во индиската држава Утараканд. Полицаецот Р. К. Саклани за Си-ен-ен изјави дека обвинетата го снимала видеото за да го промовира својот бизнис за продажба на накит.

„Таа снимила видео на мостот Лаксман Џула, кој се смета за свет. После тоа, правела неморални фотографии и во хотелот. Таа е гола на фотографиите, кои подоцна ги објавила и на Инстаграм”, рече Саклани.

Полицијата добила дојава за фотографиите кога некои верници го препознале мостот на фотографиите и видеата, а локален советник исто така поднел кривична пријава против жената.

Лаксман Џула е висечки мост кој се наоѓа на околу пет километри северно од градот Ришикеш.

Мари-Елен во моментов е на слобода откако платила кауција, а е обвинета за недолично однесување на јавно место. Таа, наводно, дала изјава за француската новинска агенција АФП, велејќи дека делумно се соблекла на мостот затоа што секогаш кога ќе го преминала се чувствувала лошо поради прекорните погледи, како да била малтретирана.

„Жал ми е што со своите постапки и наштетив на локалната заедница. Не ги зедов доволно предвид локалните специфики“, објаснила таа.

Бизарно

Два големи питона со должина од 2 и пол метри паднале низ таванот во куќа во Австралија

Објавено пред

Човек од Австралија доживеал прилично голем шок кога се вратил дома и видел дека две големи змии се провлекле низ неговиот таван и продолжиле да ползат низ собите во неговата куќа во Квинсленд.

Дејвид Тејт во понеделникот пронашол една змија во спалната соба и друга во дневната. Заедно имале околу 22 килограма. Експертот за фаќање змии Стивен Браун изјави дека змиите што се појавиле во домот на Тејт биле со исклучителна големина.

Received a call to Laceys Creek after customer found 2 very large Coastal Carpet Pythons (Morelia spilota mcdowelli) in…

Posted by Brisbane North Snake Catchers and Relocation 24hrs 7days 0449922341 on Недела, 30 август 2020

Се верува дека се работи за два мажјаци кои се бореле за женка и така пропаднале низ таванот. Женката сè уште не е лоцирана. Едниот питон пронајден во куќата бил долг 2,8 метри, а другиот 2,5 метри.

Тејт раскажал дека претходно ги видел змиите како се сончаат на неговиот покрив.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Човечки труп скриен 30 години пронајден при реставрација на палата во Париз

Објавено пред

Француските власти почнаа истрага за убиство кога при обнова на париска палата вредна 35,1 милиони евра, во подрумот бил пронајден човечки труп, кој таму бил скриен цели 30 години.

Палатата се наоѓа во ексклузивната централна област на Париз. Покрај главната зграда, има внатрешен двор и приватни градини.

„Се работи за важна историска зграда. Многу познати личности живееле таму вклучувајќи го и поетот Франсоа Копе“, изјавила потпретседателката на локалната организација за зачувување на историската област, Сабин Лебретон, за Си-ен-ен.

„Местото зборува само за себе. Има огромна градина во задниот дел. Можете само да замислите какви свечености и забави се одржувале на тоа место. Тоа е сосема друг век“, додала таа.

Палатата на улицата Одинот била напуштена од средината на 18 век, а беше откупена во јануари за 35,1 милиони евра.

Извор од француското судство за Си-ен-ен изјавил дека обвинителството во Париз почнало прелиминарна истрага за убиството кога во подрумот на палатата на 26 февруари било откриено тело за време на реновирањето.

„Телото беше пронајдено на место што никој не го посетувал. Никој детаљно не го прегледал подрумот“, рекол адвокатот Бруно Пикард, кој бил задолжен за продажба на палатата.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Во пратка со кафе адресирана до филмски лик италијанската полиција пронашла кокаин

Објавено пред

Италијанската полиција пронајде 130 грама кокаин скриен во повеќе од 500 зрна кафе во пакет испратен од Колумбија.

Полицијата на аеродромот „Малпенса“ во Милано соопшти дека го открила кокаинот кога на тој аеродром пристигнал сомнителен пакет адресиран до Сантинo Дантониo, а тоа е името на мафијашкиот бос од вториот дел од филмот „Џон Вик“, јави Би-би-си.

Полицијата дозволила пратката да стигне до својата крајна дестинација – Фиренца, а потоа бил уапсен 50-годишен маж, кој дошол да го собере пакетот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Свет7 часа

Борис Џонсон: Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вториот бран на епидемија на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Говорејќи во центарот за...

Култура8 часа

„Браќа Манаки“ во Битола – годинава без црвен тепих, но традицијата продолжува

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41. Издание на...

Свет9 часа

Хаос во Лондон поради рестриктивните мерки: судири меѓу полицијата и демонстрантите

Полицијата во Лондон се судри со демонстрантите против рестриктивните мерки насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот. Повеќе од 1.000...

Топ9 часа

Едно лице загина во возило кое излета на патот Неготино – Кавадарци, повредени уште тројца од семејството

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во...

Регион11 час

Стотици луѓе на Парадата на гордоста во Загреб, бараат промена на Уставот

Стотици луѓе се собраа на плоштадот Свети Марко во Загреб, каде се одржува 19. Парада на гордоста. Учесниците на Парадата...

Македонија11 час

Шестмина починати и 140 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на...

Регион11 час

(Видео) Ураганот донесе поплави и однесе два животи во Грција

Медитеранскиот ураган Јанос, кој ја погоди централна Грција денеска, однесе два животи, предизвикувајќи поплави и материјална штета. Two dead, one...

Спорт11 час

Ѓоковиќ кршеше рекети, судијата го нарекуваше Федерер, но влезе во полуфинале

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со судни маки успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Рим, откако...

Македонија12 часа

(Видео) Како ќе изгледа враќањето на училиште: на секое дете ќе му се мери температура, маските ќе се вадат само за време на оброкот

Министерството за образование и наука во соработка и со поддршка на УНИЦЕФ И УСАИД, изработи видео во кое на јасен...

Топ12 часа

Приведен светиниколец за мачење на животни

СВР Штип – ОВР Свети Николе ќе поднесе кривична пријава против М.Е. од селото Ерџелија, Свети Николе, поради мачење животни,...

Македонија14 часа

Османи: Предизвиците со Бугарија иако делуваат жестоко, тие се надминливи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ги претстави приоритетите во неговиот мандат. Како прв и најважен приоритет Османи ги...

Свет14 часа

Се огласи Навални: Патот кон закрепнувањето е јасен, но долг

Рускиот опозиционер, Алексеј Навални, објави фотографија на „Инстаграм“ на која се гледа како се симнува по скали и напиша дека...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија17 часа

Јанкулоска: Ако некој ме бара, јас сум дома

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, објави статус на „Фејсбук“ со кој ги негира информациите дека таа избегала откако...

Македонија17 часа

МОН: Децата кои немаат уреди за онлајн настава ќе може да ја следат од училница

Децата коишто немаат уреди за следење на онлајн настава во време на Ковид-19 ќе добијат можност за учење како и...

Свет18 часа

Трамп: До април ќе има вакцина за секој Американец

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека очекува до април САД да имаат доволно вакцини против коронавирус за секој Американец....

Македонија18 часа

За еден ден казнети 384 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија...

Свет19 часа

Европската агенција за лекови одобри употреба на дексаметазон за лекување на Ковид-19

Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри употреба на лекот дексаметазон за лекување на пациенти со Ковид-19 кои имаат проблеми со...

Топ19 часа

Млад скопјанец осомничен дека криел оружје и дрога во бункери во Бутел

Дваесет и четиригодишен скопјанец е осомничен дека ги сокрил оружјето, муницијата и дрогата во бункери во Бутел кои беа откриени...

Спорт19 часа

Либански фудбалер почина откако беше погоден од залутан куршум

Либанскиот фудбалер Мохамед Атви почина во болница откако беше погоден со залутан куршум во главата. 32-годишниот Атви бил погоден во...

Досие