Забава
Фризура на сезоната: ќе се носи оваа пролет, совршена е за секоја пригода

Од елегантни до едноставни варијации, пунџата секогаш може да се носи и секогаш изгледа елегантно и лежерно, а е особено пожелна во потоплите денови што претстојат.
Парискиот шик веќе со месеци е на тронот на модната инспирација кога станува збор за избор на естетика, особено во претстојните потопли месеци кога целта е да изгледате што е можно подобро со што е можно помалку труд. Летните фустани и едноставните комбинезони во комбинација со рамни сандали и голема чанта стануваат речиси униформа, а сето тоа е придружено со едноставна шминка и опуштена фризура.
View this post on Instagram
Пуштената коса со лесни, по можност морски бранови, е исклучително привлечна, но кога е подолга од боб или лоб, станува досадна. Се заглавува под ременчињата на торбата, побргу се мрси и најлошо од сè – дополнително топли. Затоа често се носи подигната во потоплите денови, а најдобрата шик опција е пунџа.
View this post on Instagram
Парижанките ја обожаваат оваа фризура бидејќи е едноставна за креирање, а сепак исклучително ефикасна. За разлика од другите подигнати фризури, пунџата остава впечаток на лежерност и негрижа за сопствениот изглед поради што совршено се вклопува во оваа естетика, која првенствено ја нагласува природната убавина.
View this post on Instagram
Постојат неколку варијации што ќе бидат особено популарни ова лето – елегантната пунџа, која не е целосно стегната, и стегната пунџа.
View this post on Instagram
Кога косата е крената, ушите и вратот автоматски се во преден план, што отвора простор за носење големи парчиња накит. Масивните обетки се прв избор бидејќи ја прават секоја комбинација поелегантна.
View this post on Instagram
Кога носите пунџа, особено интересна комбинација е со кркми, класични или оние како завеса, кои дополнително го врамуваат лицето. Потоа, дури и со наједноставно подигнатата коса целата фризура изгледа посериозно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Конфликтот меѓу Лајвли и Балдони се продлабочува, уште едно познато име пристигнува на суд

Спорот меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони продолжува, а нејзиниот правен тим сега планира да го повика Скутер Браун, поранешен публицист и извршен директор на HYPE America, да сведочи во овој сè посложен случај.
Според информациите објавени од „Пејџ Сикс“, тимот на Лајвли сака да истражи што компанијата на Браун знае за Мелиса Натан, специјалист за односи со јавноста ангажирана од Балдони во август 2024 година. Овој потег доаѓа по гласините за затегнати односи меѓу главните актери на снимањето на филмот „It Ends With Us“.
Мелиса Натан е едно од лицата именувани во тужбата на Лајвли против Балдони од декември 2024 година. Актерката го обвинува за сексуално вознемирување и кампања за оштетување на нејзиниот углед и кариера. Балдони наводно ја ангажирал Натан за да ја ублажи штетата предизвикана од тврдењата дека Блејк се чувствувала непријатно за време на снимањето, вклучувајќи инцидент во кој тој наводно ѝ се потсмевал поради нејзината тежина.
Кратко по обвинувањата, се појавија стари интервјуа во кои Блејк користела навредлив јазик кон трансродовите лица и навредила новинарка. Таа беше исто така жестоко критикувана за нејзините коментари за семејното насилство, централна тема на филмот.
Иако Балдони поднесе контратужба против Лајвли и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс, таа тужба беше отфрлена претходно оваа недела. Неговиот правен тим објави дека ќе поднесат изменета верзија на тужбата.
Скутер Браун не е единствената позната личност што е именувана во случајот. Балдони претходно ја спомена пејачката Тејлор Свифт, долгогодишна пријателка на Блејк Лајвли, тврдејќи дека Блејк „го користела своето влијание за да ги оствари своите цели“. Иако Свифт првично беше повикана да сведочи, таа судска покана беше повлечена минатиот месец. Судењето за случајот треба да се одржи во март 2026 година.
Забава
(Фото) Сабрина Карпентер носи само чорапи на насловната страница на „Ролинг Стоун“

Сабрина Карпентер (26) се појави на насловната страница на списанието „Ролинг Стоун“ облечена само во чорапи високи до бутовите и долги платинести екстензии кои ги покриваа нејзините гради и задник.
Пејачката позираше облечена во бели чипкани хулахопки, додека нејзиното тело беше покриено со бујна коса.
Во остатокот од едиторијалот, Сабрина носи мрежести хулахопки со бел цветен корсет, сина карирана наметка со соодветна долна облека, жолт фустан со длабок шлиц и неколку други впечатливи комбинации.
Таа позираше во цветна ливада и беше фотографирана од познатиот фотограф Дејвид Лашапел.
Забава
Кендал Џенер ги воодушеви обожавателите со фотографии во бикини од одмор во пустина

Кендал Џенер, 29, уживаше во одмор во пустина, облечена во црно бикини со тенки прерамки, шапка и опуштена атмосфера под сонцето. На фотографиите, таа позира покрај базенот и ужива во погледот.
На едната снимка, таа се наведнува низ прозорецот на автомобилот додека вози низ пустинскиот пејзаж, а на другата е во бикини. Таа едноставно напиша: „Месечина од јагода“ покрај објавата, која има речиси два милиони лајкови.
Нејзиното појавување предизвика возбуда на социјалните мрежи, а меѓу коментаторите се издвои нејзината сестра Клое Кардашијан, која напиша: „Секако дека си вака совршена и прекрасна“.