Контакт

Забава

Фронтменот на „Ајрон мејден“ ја напушти сопругата по 3 децении брак поради 15 години помлада обожавателка

Објавено пред

Фронтменот на легендарниот хеви-метал бенд „Ајрон мејден“, Брус Дикинсон (61), може да изгуби голем дел од своето богатство поради неговата 15 години помлада обожавателка.

Познатиот музичар, по речиси 30 години брак, ја напуштил својата сопруга Педи Буден, со која има три деца, а се открива дека се преселил во Париз во домот на неговата обожавателка и фитнес-инструкторка Леана Долчи, која е 15 години помлада од него.

Судската постапка за развод сè уште не е покрената, но откако ќе биде поднесено барање за развод, Брус би можел да остане без поголем дел од своето богатство проценето на 90 милиони фунти (нешто повеќе од 104 милиони евра).

Тој потврди дека има нова партнерка со тоа што во неодамнешното интервју ја нарече своја девојка и потврди дека заедно живеат во Париз.

„Леана отсекогаш била голем обожавател на ‘Ајрон мејден’ и ги следеше насекаде во последните десет години. Таа и Брус станаа многу блиски, па таа дури ги запозна и неговите деца. Педи замина во Јужна Америка за да избега од сето ова“, изјави извор за „Дејли мејл“.

Забава

Две ТВ-серии водат во трката за „Еми“, а „Нетфликс“ растури со 160 номинации

Објавено пред

Годинешните „Еми“ награди ќе бидат официјално објавени на виртуелна церемонија во Лос Анџелес доцна вечерва, односно во раните утрински часови понеделник според македонско време.

Некои од наградите беа доделени во саботата навечер, а 70 категории се веќе презентирани во текот на подготовките за главниот настан во можеби најчудната недела во 72-годишната историја на наградите, истовремено истакнувајќи ја гломазната и незграпна природа на ТВ-индустријата, коментира американски Си-ен-ен.

Досега се доделени седумдесет и пет награди (некои категории имаат повеќе добитници) на 26 различни мрежи и стриминг-платформи, од кои некои, како „Дизни плус“, „Епл ТВ пус“ и „Квиби“, не постоеја минатата година до овој момент. Преостанатите категории ќе бидат презентирани за време на примарното емитување во недела.

Две ТВ-серии веќе имаат собрано по пет награди, и двета се жанрови фантазија / фантастика / стрип-книга, жанровите кои што „Игра на тронови“ умешно ги претставуваше за време на својот марш низ историјата на „Еми“. „Чувари“ – лимитирана серија на „Ејч-би-о“, адаптација на графички роман и филм со 26 номинации – и „Мандалоријанецот“, серија со 15 номинации, вклучително и за најдобра драма.

 

За прв пат, церемијата на доделување на телевизиските награди „Еми“ ќе биде изведена виртуелно, а номинираните ќе останат дома поради пандемијата на коронавирус. Продуцентите направија се за да се одржи големата церемонија, како што ја опишаа во повик до новинарите, испраќајќи 130 камери на терен и надевајќи се дека ќе нема или барем ќе има многу малку технички проблеми.

Телевизиската академија на крајот на јули ги објави номинациите. Стриминг-платформата „Нетфликс“ се најде на врвот со неверојатни 160 номинации, а веднаш зад него е „Ејч-би-о“ со 107 номинации. Номинациите на „Нетфликс“ ги надминуваат и оние на трите најголеми американски мрежи за емитување („Еј-би-си“, „Си-би-ес“ и „Ен-би-си“).

Но, и „Ејч-би-о“ има причина за славење бидејќи серијата „Чувари“ успеа да добие неверојатни 26 номинации. Тука некаде е и комедијата (серија) „Прекрасната госпоѓа Мејзл“ со номинации во 20 категории, додека „Озарк“ и „Наследници“ имаат по 18.

Церемонијата на доделување на „Еми“ наградите е најновата жртва на пандемијата на Ковид-19, имајќи предвид дека наместо на гламурозен црвен тепих, некои селебрити-личности ќе се појавуваат во пижами од нивните спални соби.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Снимањето на „Бетмен“ продолжува

Објавено пред

На почетокот на септември, од продуцентската куќа „Ворнер брос“ потврдија дека снимањето на нивниот најголем проект најавен в година, „Бетмен“, засега е запрено затоа што еден член на актерската екипа бил заразен од коронавирус.

Иако не беше потврдено, се зборуваше дека станува збор за актерот Роберт Патинсон (34). Снимањето во Хертфордшир, Англија, беше паузирано, а сега сè се враќа во нормала и сцените повторно почнаа да се снимаат, потврдија од „Ворнер брос“, пишуваат странските медиуми.

Тоа не е прв пат снимањето да мора да се прекине. Тие го сторија тоа и поради пандемијата на коронавирусот во март. Сега сите се вратиле на работа, а извори блиски до актерската екипа тврдат дека остануваат само неколку сцени кои сè уште не се снимени.

„Бетмен“ треба да се појави во киносалите во октомври 2021 година, во 3Д, 2Д и IMAX-формати, но не е познато дали прекинот на снимањето поради коронавирусот на крајот ќе ги уништи нивните планови.

„Сите се надевавме дека ќе се вратиме на работата што е можно побргу и беше ужасно што моравме да престанеме да снимаме повторно само три дена по почнувањето“, рече член на актерската екипа.

Во август сценаристот Метсон Томлин (30) тврдеше дека сигурно нема да има одложувања, но во тоа време тој не знаеше дека тимот од сетот ќе мора да одмори две недели бидејќи некој беше позитивен на коронавирусот.

Фановите на „Бетмен“ не беа одушевени што актерот Патинсон, sвездата на „Сага на самракот“, ќе го отелотвори стрип-јунакот, но трејлерот што излезе кон крајот на август, како што пишуваат, е мистичен и фантастичен. Овој „Бетмен“ ќе биде најмрачниот досега, што се гледа во најавата преку музиката и снимките. Во моментот е најочекуваниот филм на годината.

Прикажи повеќе...

Забава

Почина Винстон Грум, авторот на романот „Форест Гамп“

Објавено пред

Авторот на романот „Форест Гамп“, според кој е снимен холивудскиот филм во кој глуми Том Хенкс, почина на 77-годишна возраст, објавија американските медиуми.

Винстон Грум почина во својот дом во Ферхоуп, Алабама, објавија американските медиуми цитирајќи ја градоначалничката Карин Вилсон.

„Исклучително сме тажни поради веста. Овде тој беше икона“, изјави Вилсон за Си-ен-ен додавајќи дека причините за смртта не се познати.

Според локалниот портал „АЛ.ком“, Грум служел како војник во Виетнам и пренесол дел од своето искуство во главниот лик на романот „Форест Гамп“ од 1986 година, кој се стекна со светска слава токму благодарение на филмот и брилијантната интерпретација на Том Хенкс во главната улога.

По враќањето од Виетнам, Грум работел како репортер за „Вашингтон стар“ следејќи ги судството и сојузниот правосуден систем, но поднел оставка за да се посвети на пишувањето.
Неговиот прв роман Better Times Than These е објавен во 1978 година.

Грум исто така пишувал публицистички дела, вклучително и за американската граѓанска војна.

Неговата книга „Разговори со непријателот“ (1982), приказна за еден маринец во Виетнам, кој избегал од логор и се врати дома во САД за да биде уапсен за дезертирство 14 години подоцна, се натпреваруваше за Пулицеровата награда за новинарство во 1984 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија7 часа

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија10 часа

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Македонија12 часа

Утре ќе се знае дали ќе има дневен престој во училиштата, не е исклучена можноста за затворање на градинките

Комисијата за заразни болести утре на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Регион12 часа

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Македонија14 часа

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија15 часа

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија15 часа

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Култура16 часа

Лауреатот на Златна камера 300, Камински со порака на „Браќа Манаки“: Едвај чекам да се видиме во Македонија

На синоќешниот настан за одбележување на 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржа во...

Економија16 часа

СДСМ: Владата помага со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки

Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки, велат од СДСМ преку...

Свет1 ден

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Свет1 ден

Борис Џонсон: Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вториот бран на епидемија на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Говорејќи во центарот за...

Култура1 ден

„Браќа Манаки“ во Битола – годинава без црвен тепих, но традицијата продолжува

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41. Издание на...

Свет1 ден

Хаос во Лондон поради рестриктивните мерки: судири меѓу полицијата и демонстрантите

Полицијата во Лондон се судри со демонстрантите против рестриктивните мерки насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот. Повеќе од 1.000...

Топ1 ден

Едно лице загина во возило кое излета на патот Неготино – Кавадарци, повредени уште тројца од семејството

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во...

Регион1 ден

Стотици луѓе на Парадата на гордоста во Загреб, бараат промена на Уставот

Стотици луѓе се собраа на плоштадот Свети Марко во Загреб, каде се одржува 19. Парада на гордоста. Учесниците на Парадата...

Македонија1 ден

Шестмина починати и 140 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на...

Регион1 ден

(Видео) Ураганот донесе поплави и однесе два животи во Грција

Медитеранскиот ураган Јанос, кој ја погоди централна Грција денеска, однесе два животи, предизвикувајќи поплави и материјална штета. Two dead, one...

Спорт1 ден

Ѓоковиќ кршеше рекети, судијата го нарекуваше Федерер, но влезе во полуфинале

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со судни маки успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Рим, откако...

Македонија1 ден

(Видео) Како ќе изгледа враќањето на училиште: на секое дете ќе му се мери температура, маските ќе се вадат само за време на оброкот

Министерството за образование и наука во соработка и со поддршка на УНИЦЕФ И УСАИД, изработи видео во кое на јасен...

Досие