Контакт

Забава

Хари и Меган споделија фотографија од бебето Арчи

Објавено пред

Војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган Маркл, објавија фотографија од нивниот син Арчи за да го прослават Денот на татковците.

На фотографијата Арчи, кој е роден пред шест недели, го држи за рака принцот Хари. Ова е прва фотографија на која одблизу се гледа лицето на кралското бебе.

 

View this post on Instagram

 

Happy Father’s Day! And wishing a very special first Father’s Day to The Duke of Sussex © SussexRoyal

A post shared by The Duke and Duchess of Sussex (@sussexroyal) on

Фотографијата е објавена на официјалните профили на социјалните мрежи на Sussex Royal со опис: „Среќен Ден на татковците и посебен прв Ден на татковците на војводата од Сасекс“.

Арчи Харисон Маунтбатен – Виндзор е прво дете на Хари и Меган.

Естрада

Балашевиќ имаше срцев удар, откажан концертот во Крагуевац

Објавено пред

Музичарот Ѓорѓе Балашевиќ (66) го откажа распродадениот концерт во Крагуевац поради здравствени проблеми. Неговата ќерка Беба Балашевиќ ги објави вестите на социјалните мрежи. „Блиц.рс“ пишува дека пејачот имал срцев удар и во моментот е на Институтот за кардиоваскуларни заболувања во Сремска Каменица, каде што бил хоспитализиран.

„Почитувани жители на Крагуевац и преостанатата екипа која вечерва би дошла на концертот… Жал ми е што ве известувам дека вечерашниот концерт е одложен… Животот понекогаш прави планови без нас и очекува да го разбереме тоа… Здравјето е во секој случај е она што е најважно“, напиша ќерка му.

„Ѓоле вели дека ќе донесе лекарско оправдување ако е потребно, но јас се сомневам дека тоа ќе го побарате. Сè ќе биде во ред за неколку дена, па продолжуваме понатаму… Ве молиме за разбирање и трпение, ќе го објавиме точниот датум на новиот концерт за неколку дена сè додека сè не си дојде на свое место. Наши сме си “, додаде таа.

Прикажи повеќе...

Забава

Нови шпекулации за љубовниот живот на Анџелина Џоли, таа наводно е во врска

Објавено пред

Врската на Бред Пит и Анџелина Џоли е среќна и потоа тажна приказна за таблоидите, која никако да заврши. Три години по поднесувањето барање за развод, Анџелина наводно почнала да излегува со друг.

Додека разводот на Бред и Енџи технички сè уште не е финализиран бидејќи тие не знаат како да го поделат нивниот замок во Франција, „таа повторно излегува и веќе имала неколку средби“, според извор на US Weekly.

Иако изворот не открива со кого излегува, дали тие се сретнале на Tinder или додека се обидувале да го спасат светот. Но, сепак, се чини дека не е ништо сериозно во моментот. На крајот на краиштата, „таа е цврсто фокусирана на децата, на својата работа и, конечно, расчистување на комплицираниот развод“, вели изворот и додава: „Таа не е затворена за идејата да запознае некој нов, но тоа не е нејзин главен приоритет“.

Други извори неодамна тврдеа дека Џоли никогаш нема повторно да се омажи. „Бред вршеше притисок да се венчаат и тоа е нешто што таа никогаш не сакаше да го стори“.

Што се однесува на Бред, се шпекулира дека почнал врска со Сат Хари Калса, дизајнерка на накит. Ако не го следите љубовниот живот на Бред опсесивно како што тоа некои го прават, еве неколку информации: дизајнерката исто така е холистички исцелител, таа и Бред седеа еден до друг на концерт за добротворни цели минатата година, таа беше на премиерата на неговиот филм Ad Astra. Изворот на веста вели дека е можно тие да се само пријатели кои заедно се фокусираат на „духовното патување“ на Бред.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Алиша Викандер има строго правило во врска со снимање секс-сцени

Објавено пред

Алиша Викандер во интервју за Harper’s Bazaar UK отворено зборува за снимањето сцени во кои има секс и е категорична дека таквите сцени никогаш не треба да бидат ништо друго, освен технички.

Оскаровката тврди дека таа инсистира ваквите сцени да се снимаат во еден кадар, без повторувања.

Според Cosmopolitan, на долгиот список со работи, кои веројатно се прилично непријатни, е да бидете актер и да снимате секс-сцени во просторија полна со странци. „Се чини дека второто е на врвот на списокот. Но, не би требало. Снимањето секс-сцена треба да биде како снимање која било друга сцена: професионално, технички и, пред сè, безбедно“.

Во интервју за британскиот магазин Harper’s Bazaar, Алиша Викандер одговараше на прашања поврзани со нејзиниот нов филм Earthquake Bird, во кој има сцена со интензивен секс, како што вели авторот на текстот, во магазинот.

За време на интервјуто, актерката, добитник на „Оскар“, истакна дека е важно интимните сцени да бидат чисто технички. И очигледно таа инсистира ваквите сцени да се снимаат во еден кадар, без повторување, и така сите, целиот екипаж, ќе бидат ефикасни.

„Мојата прва секс-сцена беша кога имав 20 години и тоа секогаш беше технички како што треба да биде“, рече таа додавајќи дека не треба да има повторувања на кадрите.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Застаре делото за Владо Бучковски, државата ќе ги плати трошоците за адвокатите

За експремиерот Владо Бучковски и за уште тројца обвинети застаре делото во предметот „Тенковски делови“. Коалицијата Сите за правично судење,...

Македонија4 часа

„Танјуг“: Франција е за постепен пристап и ревирзибилност на процесот

Постепено пристапување, отворање на структурни фондови на ЕУ, но и построга политика на условување и ревирзибилност на процесот на проширување...

Интервју/Дебата6 часа

(Видео) Фрламе храна колку цело Кочани да јаде цела година

Според податоците на Заводот за статистика, третина од населението во земјата не може да си дозволи три оброка дневно, додека...

Македонија6 часа

Дескоска: Наместо само за плати, судството да реагира и за застарените предмети

Министерката за правда, Рената Дескоска, ги повика судиите и вработените во судството наместо само за плати, да реагираат и за...

Топ7 часа

Малолетници од интернат во Кавадарци извршиле насилство врз нивниот цимер

Малолетник од Негорци кој бил сместен во ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ во Кавадарци бил нападнат од неговите цимери. Насилството...

Топ8 часа

Изгоре маж во импровизирана барака во Тетово

Безживотно машко тело е пронајдено изгорено рано утрово по пожар што зафати импровизирана дрвена барака на улицата Љубо Божиновски-Пиш. Пожарот...

Македонија8 часа

Активисти на средба со Пендаровски: Над 25.000 луѓе починаа досега поради загадениот воздух

Над 25.000 наши граѓани починале прерано изминативе осум години поради загадениот воздух што го дишеме, институциите не ни функционираат, живееме...

Македонија8 часа

(Видео) Богдановиќ: Што уште да направам, да се самозапалам ли за да реагира некој за „Никофон“

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, ги демантира тврдењата на Обвинителството дека Општината не доставила доволно документација за случајот за катна...

Естрада9 часа

Балашевиќ имаше срцев удар, откажан концертот во Крагуевац

Музичарот Ѓорѓе Балашевиќ (66) го откажа распродадениот концерт во Крагуевац поради здравствени проблеми. Неговата ќерка Беба Балашевиќ ги објави вестите...

Македонија9 часа

Дескоска: Гласот на судството го слушаме само кога треба да се поделат пари

Министерката за правда, Рената Дескоска, на прес-конференција ја повика антикорупциската комисија да го испита имотот на судиите и обвинителите како...

Македонија11 час

Антикорупциската го затвори предметот против Мицкоски за хидроцентралите

По кратка постапка, за само пет минути, Антикорупциската комисија го затвори предметот против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се...

Македонија11 час

(Видео) Царовска: Речиси 700 фантоми, кои немаат документи, ќе добијат граѓански статус

Околу 700 лица, од кои повеќето деца, немаат извод од Матичната книга на родените и не се запишани никаде во...

Македонија12 часа

Антикорупционерите бараат одговорност од Анѓушев поради судир на интереси

На дневен ред на седницата на антикорупциската комисија се два предмета поврзани со вицепремиерот Кочо Анѓушев – едниот поврзан со...

Македонија12 часа

Мајката на Пино: Го убиле и го оставиле животните да го јадат

Да не бевте вие, немаше да бидеме тука. Тие четири коски што останаа и тие немаше да се најдат. Моето...

Европа13 часа

Снежна бура во Франција: еден загинат, 300.000 дома останаа без струја, сообраќајот во колапс

Железничкиот сообраќај е во колапс, а 300.000 домаќинства останаа без електрична енергија поради ненадејната снежна бура во југоисточна Франција. Едно...

Свет13 часа

Полската полиција евакуира училиште и зграда по пронаоѓањето експлозив во стан

Според полското радио РМФ ФМ, една 11-катна зграда и блиското училиште во полскиот град Плок биле евакуирани кога полицајците откриле...

Свет14 часа

Австралиска авиокомпанија постави нов рекорд за најдолг комерцијален лет

Австралиската компанија „Кантас“ го урна светскиот рекорд за најдолг непрекинат комерцијален лет во историјата. Растојанието од Лондон до Сиднеј (17.800...

Регион14 часа

Поради говор на омраза, исклучени осум члена на ХДЗ во Хрватска

Судот на честа за Градскиот комитет на Загреб синоќа донесе одлука од партијата ХДЗ да исклучи осум члена поради говор...

Свет15 часа

Иранскиот врховен водач помилува 3.500 затвореници

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, помилува илјадници затвореници вклучувајќи 32 активисти и други обвинети за загрозување на безбедноста. Веб-страницата...

Свет16 часа

(Видео) Крвав напад во САД: Убиени двајца ученици, 16-годишниот напаѓач си пукал во главата

Двајца ученици загинаа во нападот што се случи вчера во средното училиште „Саугус“ во калифорнискиот град Санта Кларита.Напаѓачот е 16-годишен...

Досие