Контакт

Забава

Хари Стајлс даде половина богатство за две вили од 18 век, ќе гради куќа од 35 милиони евра

Објавено пред

Поранешната ѕвезда на One Direction, Хари Стајлс (26), ќе спои две помали куќи во една прекрасна вила, каде што ќе живее.

Пејачот Хари Стајлс купи две куќи од 18 век што се наоѓаат во ист двор во северен Лондон и сака да ги реновира и спои во една огромна куќа.

Тој ангажирал дизајнер на ентериер, кој претходно соработувал со Меган Маркл, за да работи на проектот и да го уреди неговиот дом.

Хари првин ја купил поголемата куќа, која го чинела приближно 10 милиони евра, а подоцна ја купил и помалата во вредност од 4,5 милиони евра.

Овие недвижности имаат 10 соби, кино и фантастични галерии.

Богатството на Хари се проценува на 68 милиони евра, од кои речиси половина ќе вложи во проектот.

Забава

(Видео) Излезе првиот трејлер за „Супернова“

Објавено пред

Првиот трејлер за филмот „Супернова“ ги следи Колин Фирт и Стенли Тучи како хомосексуална двојка која посетува места од минатото, додека едниот од нив има рана фаза на деменција.

Фирт и Тучи ги глумат ликовите Сем и Таскер, кои се заедно повеќе од 20 години. На Таскер му била дијагностицирана рана деменција пред две години.

Тие патуваат низ Англија во посета на пријателите, семејството и места од нивното минато, бидејќи нивната врска е ставена на краен тест, пишува „Варајети“.

Прикажи повеќе...

Забава

Амброзио во лежерно летно издание

Објавено пред

Таа редовно ја покажува својата беспрекорна кожа на социјалните мрежи.

Алесандра Амброзио ја докажа својата посветеност на чиста кожа во вторникот кога пристигна на козметички третман во салон за убавина во Лос Анџелес.

Атрактивната Бразилка (39), поранешен ангел на „Викторија сикрет“, го одбележа крајот на летото со лежерен изглед – бледосин ленен фустан без ракави – навидум едноставно но впечатливо парче облека што ја истакнува нејзината фигура.

Таа неодамна говореше за домашна нега на кожата во интервју за „Вог“. „Бразилската убавина за мене значи природно…тоа значи сјајна кожа“, рече таа, откако откри дека својата секојдневна рутина ја започнува со хидратантна крема за сончање SPF20.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Кијану Ривс открива „Матрикс 4“ е љубовна приказна

Објавено пред

Ѕвездата на култната научно-фанстастична трилогија „Матрикс“, Кијану Ривс изјави дека четвртото продолжение на серијалот ќе биде инспиративна „љубовна приказна“.

Ривс треба да ја повтори улогата на Нео, заедно со Кери-Ен Мос која се враќа како Тринити, за прв пат по „Матрикс револуции“ од 2003 година.

Во разговор со Ронан Китинг во емисијата The One Show, Ривс, кој моментално снима во Берлин, потврди дека Нео ќе се појави во новиот филм, и покрај стравувањата дека неговиот лик исчезнал засекогаш.

„Тоа на Нео му изгледаше малку страшно,“ рече тој.

Зборувајќи за сценариото Ривс додаде: „Имаме прекрасна режисерка, Лана Вачовски, и таа напиша прекрасно сценарио, инспиративна љубовна приказна.

„Ова е друга верзија, повик за будење, и има добра акција.“

Ривс, кој моментално може да се види во Bill & Ted Face the Music, исто така потврди дека четвртиот „Матрикс“ нема да има го предзнакот на трилогијата. “Не, нема враќање во минатото,“ рече тој.

Лана Вашовски, една од креаторите на големиот светски хит, е сценарист, режисер и продуцент. Продукцијата започна во Берлин на почетокот на оваа година, но прекина кога коронавирусот почна да се шири низ цела Европа

„Матрикс“ предизвика револуција во жанрот кога излезе во 1999 година. Првиот филм освои четири „Оскари“, а во 2003 година следеа две продолженија.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Европа51 минута

Лукашенко ненајавено положи заклетва за претседател

Александар Лукашенко денеска ненадејно и без најава положи заклетва за новиот претседателски мандат, пренесува државната новинска агенција „Белта“. Церемонијата за...

Европа1 час

Жестоки реакции против новите мерки во Британија, можно е да се вмеша и војската

Новите рестриктивни мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против ширењето на коронавирусот, наидоа на жестоки реакции...

Свет2 часа

Jапонска компанија тврди дека има лек кој го скратува времето на закрепнување од Ковид-19

Jапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за потешките групи, обезбедил статистички значајно намалување на времето за...

Македонија2 часа

Анализа: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните...

Македонија3 часа

Заев со писмо до Вартоломеј побара писмена одлука за автокефална Македонска православна црква

Премиерот Зоран Заев испратил писмо до патријархот Вартоломеј, поглавар на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул...

Македонија16 часа

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија17 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија17 часа

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет18 часа

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија22 часа

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија24 часа

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија1 ден

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет1 ден

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа1 ден

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Спорт1 ден

Италијански судија убиен во својот дом

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во...

Македонија1 ден

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Македонија1 ден

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти. Меѓу починатите вчера...

Свет1 ден

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија1 ден

Собраниска седница за избор на заменик-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменик-министри во Владата....

Досие