Контакт

Забава

Хајди Клум ги сподели фотографиите со кои се пријавила на натпревар во манекенство пред 30 години

Објавено пред

Хајди Клум покажа како изгледала на почетокот на кариерата.

„Овие беа мои фотографии за учество на натпревар за манекенки во 1992 година. Мајка ми ми донесе кутија со многу стари фотографии од подрумот“, напиша германската манекенка на својот „Инстаграм“.

Нејзината пријателка Карин ја убедила да се пријави на модниот натпревар, чии победници учествуваа во тогаш познатото ТВ-шоу на Томас Готшалк. Хајди победи во конкуренција од 25.000 натпреварувачки и ѝ беше понуден договор вреден 300.000 долари. Таа ја прифати понудата, почна кариера како модел и го прекина образованието.

Во изминатите 30 години Хајди e едно од најпознатите имиња во светот на моделството.

Минатиот месец медиумите објавија статии за Хајди по повод нејзиниот 50. роденден и повеќедецениската кариера во модата – со поглед наназад на некои од најголемите моменти во манекенството.

По првото појавување на сцената во 90-тите, Хајди со децении газеше на модните писти и блескаше пред камерите.

По победата на германскиот натпревар за модели во 1992 година, кариерата на Клум тргна нагоре. Кон крајот на 90-тите таа зеде пар крилја и го почна својот мандат како ангел на „Викторија сикрет“, а во 1998 година се најде на насловната страница на изданието за костими за капење на „Спортс илустрејтид“.

Хајди на модна ревија на „Викторија сикрет“ во 1999 година.

Како „ангел“ Клум ја делеше сцената со други убавици, како Тајра Бенкс, Наоми Кембел, Жизел Бундхен, Адријана Лима (сите на фотографијата во 2005 година) и многу други.

Својата работна кариера ја продолжи и надвор од пистата и во 2004 година таа стана водителка и член на жирито на Project Runway („Проект писта“) и таму остана 16 сезони.

Мајката на четири деца никогаш не престана да се занимава со манекенство, па дури и глуми во кампања за долна облека – и на насловна страница на списание – со својата најстара ќерка Лени Клум, која сега и самата е модел.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Регион19 минути

Директорот на „Рајанер“: Ќе го оспориме тврдењето дека патникот од Србија бил делумно надвор од прозорецот

„Рајанер“ ќе ги „оспори“ тврдењата дека дел од телото на патник за време на лет завршило надвор од авионот откако...

Забава33 минути

(Видео) Бред Пит се појави на проекција, неговиот стајлинг веднаш привлече внимание

Бред Пит (62) се појави во вторникот во Лос Анџелес на проекцијата на својот нов филм „Heart of the Beast“....

Свет1 час

Тимот на Меланија реагира на гласините за наводната афера на Трамп со асистентката

Кабинетот на првата дама, Меланија Трамп, реагира на медиумските шпекулации за односот на американскиот претседател Доналд Трамп со неговата асистентка...

Свет2 часа

Трамп објасни зошто САД не смеат да дозволат Иран да дојде до нуклеарнo оружје

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД немаше да го бомбардира Иран доколку Техеран веќе поседуваше нуклеарно оружје, туку тој...

Свет2 часа

Кремљ: Киев ја отвори Пандорината кутија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Украина, како што тврди, продолжува со „провокации“ со цел подлабоко да ги...

Македонија2 часа

Шасивари – Соријано Ортиз: Продлабочување на соработката со Шпанија во реформите на правосудството

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз. Министерот Шасивари го...

Свет2 часа

(Видео) Странски товарен брод се запали во Кина: загинаа најмалку 20 лица; се огласи и претседателот

Тешка несреќа се случи утринава во кинеското пристаниште Кингдао, каде што најмалку 20 лица загинаа во пожар на странски товарен...

Забава2 часа

Шерон Стоун откри зошто живее во целибат: „Веќе не барам некого само за секс“

Шерон Стоун отворено зборуваше за својот љубовен живот, признавајќи дека подолго време практикува целибат бидејќи повеќе не се задоволува со...

Спорт2 часа

Душан Тадиќ повторно ќе игра за Србија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Вељко Пауновиќ го убедлил Душан Тадиќ да се врати во националниот тим, тврди Спорт...