Контакт

Забава

Хедер Локлир од клиника за одвикнување од алкохол напиша молитва со розов кармин

Објавено пред

Актерката Хедер Локлир (58) повеќе години се бори со зависноста од алкохол. Таа неодамна на социјалните мрежи сподели фотографија од соба во клиника за одвикнување од алкохол. На огледалото пред креветот поранешната актерка напиша молитва со розов кармин и ја сподели со своите фанови на „Инстаграм“.

„Боже, ти се нудам себеси. Да градиш со мене и да одлучиш што да направиш со мене. Ослободи ме од моите окови“, напишана актерката позната по нејзините улоги во „Династија“, „Мелроус Плејс“ и „Спин Сити“. Во третиот дел од процесот на одвикнување Хедер акцентот го стави на пронаоѓање верба и свртување кон Бога.

Локер се најде во центарот на вниманието минатата година кога се скара со момчето Крис Хајсер (57), а потоа го претепа и го исфрли од куќата. Тогаш Хедер беше сместена на психијатриски оддел.

Порано се сметаше за икона на сексапил, а сега ја следат лоши приказни. Во јуни 2018 година таа завршила во полициска станица затоа што возела во алкохолизирана состојба и со автомобилот ја срушила оградата пред својот дом во Калифорнија.

Забава

Лекот против маларија помага да се забрза закрепнувањето на пациентите со коронавирус

Објавено пред

Антималарискиот лек „хидроксихлорокин“ покажа ветувачки резултати во лекувањето на новиот коронавирус Ковид-19 помагајќи да се забрза закрепнувањето кај мал број пациенти со лесна форма на болеста, се вели во извештајот од студија објавен во „Њујорк тајмс“.

Во студијата објавена на интернет неделава кинеските истражувачи откриле дека на пациентите на кои им бил даден лекот побргу им поминале кашлицата, треската и пневмонијата отколку на пациентите што не го примиле лекот.

Исто така, според малата студија објавена на серверот medRxiv, која сè уште не поминала ревизија, веројатноста состојбата да стане сериозна кај пациентите третирани со „хидроксихлорокин“ била помала.

Сепак, студијата не вклучува податоци за тешко болни пациенти.

Авторите на студијата велат дека наодите се ветувачки, но дека се потребни повеќе истражувања за тоа како „хидроксихлорокин“ може да влијае во лекувањето на Ковид-19 и како најдобро да се користи.

„Студијата предизвика возбуда во лекарската заедница“, вели д-р Вилијам Шафнер, експерт за заразни болести од Универзитетот „Вандербилт“ за „Тајмс“.

Но, наодите нудат силна поддршка на претходни студии, кои сугерираат на улогата за лекот, додаде Шафнер.

„Мислам дека таа ќе ја зајакне тенденцијата кај многу лекари во целата земја кои не може да ги внесат своите пациенти во клинички испитувања, но веќе почнале со употреба на ‘хидроксихлорокин’“ , вели тој.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го наметна „хидроксихлорокин“ како можен лек што треба да се користи за да се спречи Ковид-19 и нагласи дека тој и уште еден лек против маларија и автоимуни заболувања може многу да сменат.

Најновата студија, спроведена во болницата „Ренмин“ на Универзитетот „Вухан“, во градот од каде што потекнува вирусот, опфатла 62 пациенти со просечна возраст од 45 години и имала контролна група.

Истражувачите се погрижиле да не се вклучат пациенти со медицински проблеми кај кои може да се влоши состојбата ако примат „хидроксихлорокин“, и тоа кај проблеми со срцевиот ритам, некои очни заболувања и проблеми со црниот дроб или бубрезите.

Половина од испитуваните пациенти – контролната група – добиле само вообичаен третман за пациенти со коронавирус, а преостанатите добиле „хидроксихлорокин“ плус вообичаената нега, вклучувајќи кислород, антивирусни лекови и антибиотици.

Кашлицата и треската биле олеснети еден ден порано кај оние што го примале лекот – и пневмонијата се подобрила во 25 од 31 случаи во споредба со 17 од 31 случаи во контролната група.

Болеста влегла во сериозна фаза кај четири пациенти во контролната група.

Прикажи повеќе...

Забава

Британска актерка нападната во супермаркет затоа што побарала од луѓето да се придржуваат кон пропишаното растојание

Објавено пред

Британската актерка Чарли Веб (32) им се пожали на своите следбеници на „Твитер“ дека луѓето надвор не ги следат упатствата што ги добиле за да се заштитат од зараза со коронавирус.

„Денес отидов во мојот локален супермаркет. Никој не носеше маска или ракавици, вклучувајќи ги и луѓето што работат таму. Морав да им кажам на две лица да стојат на два метра еден од друг и доживеав вербален напад. Многу луѓе не го сфаќаат ова сериозно“, напиша таа.

Една придружничка, пак, го опиша своето искуство.

„Живеам во Тадкастер и тука сè е во ред, но мајка ми живее во Јорк и ми рече дека сите од улицата правеле забава и 30 пијани лица стоеле еднододруго. На друга улица се правела скара, некои луѓе навистина се кретени“, коментира таа.

Прикажи повеќе...

Екологија

Во Маврово обележана уште една женка рис – го доби името Атиџе

Објавено пред

Македонското еколошко друштво (МЕД) во соработка со Националниот парк Маврово на почетокот на минатиот месец обележа нова единка од балканскиот рис во близина на селото Ничпур.

Се работи за здрава женка тешка 14,5 килограми, стара 10-ина години, која еколозите ја именуваа Атиџе.

Како и сите рисови досега, и таа носи ремен околу вратот, кој ја испраќа локацијата за нејзиното движење.

„Утврдивме плен и сега сме сигурни дека Атиџе е во добра состојба“, вели Александар Павлов од Програмата за зачувување на балканскиот рис, што ја спроведува МЕД.

Интересен податок за Атиџе е што таа е десетти рис што се следи со ГПС-ремен околу вратот за точно десет години следење единки од балканскиот рис со помош на овој метод.

МЕД досега има обележано шест мажјаци и четири женки од ова ретко животно.

„Ваквиот сооднос е особено важен зашто ќе стекнеме подобар увид во однесувањето и на мажјаците и на женките, особено по сезоната на парење, кога рисовите речиси и да не се среќаваат меѓусебно“, објаснуваат од друштвото.

Балканскиот рис е најреткиот од деветте подвида на евроазиски рис и исклучиво го населува Балканот.

Според сознанијата, во природа постојат помалку од 50 возрасни единки, од кои повеќето живеат токму во македонските шуми.

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Над еден милион луѓе се заразени со коронавирус во светот

Бројот на заразени со коронавирус во светот достигна еден милион и сега изнесува 1.000.168, покажуваат податоците на страницата „Ворлдометерс“. Од...

Македонија8 часа

На коронавирус позитивен психијатар од Демир Хисар, колегите од болницата испратени во изолација

Во Психијатриската болница во Демир Хисар доктор психијатар кој работел во болницата е позитивен на коронавирусот, информираше министерот за здравство,...

Свет11 час

СЗО: Над 95 отсто од починатите од коронавирус во Европа се лица над 60 години

Шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, рече дека официјалните податоци покажуваат дека повеќе од...

Економија11 час

Финансиска помош и за занаетчиите и вршителите на самостојни дејности

Владата денеска ја донесе уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица што вршат самостојна дејност, а кои...

Економија11 час

(Видео) По 14.500 денари месечно за вработен за април и мај или 50 отсто од трошоците за придонеси

Државата спасува работни места, 14.500 денари месечно за вработен за април и мај за сите фирми погодени од кризата или...

Економија12 часа

Спасовски: Со уредба ќе ги замрзнеме кредитите ако банките го гледаат само својот интерес

По понудените решенија за одложување на кредитите, техничкиот премиер, Оливер Спасовски, вели дека чекаат да видат какви ќе бидат ефектите....

Македонија12 часа

Потврдени 30 нови случаи на коронавирус, вкупниот број се искачи на 384

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Топ14 часа

Уапсени насилниците што тепаа девојче во влез на зграда во Штип

Во врска со видеото со насилство врз девојче, кое од утрово се споделува на социјалните мрежи, штипската полиција информира дека...

Свет15 часа

Австралија почна со тестирање на две потенцијални вакцини против коронавирусот

Научници од Австралија почнаа со тестирање на две потенцијални вакцини против новиот коронавирус, што може да биде голема пресвртница која...

Свет15 часа

Новите процени покажуваат дека од 25 до 50 проценти од носителите на вирусот се без симптоми

Податоците од Исланд покажуваат дека 50 проценти од позитивните на коронавирусот биле без симптоми, а САД проценуваат дека до 25...

Македонија15 часа

Скопјанец знаел дека има коронавирус, шетал низ Охрид и дома примил вработени кај еден оператор

Четириесет и четиригодишен скопјанец, кој се вратил од странство и кој бил позитивен на коронавирусот, наместо да биде во строга...

Македонија16 часа

Министерството за здравство: На располагање има повеќе од 1.000 кревети за хоспитализирање пациенти со коронавирус

Здравствениот систем е подготвен да апсорбира поголем број пациенти, кој се очекува со пикот на коронавирусот кон крајот на април,...

Македонија16 часа

Во болницата „Плодност“ во Битола двајца доктори и една медицинска сестра позитивни на Ковид-19

Двајца доктори, еден анестезиолог и еден гинеколог, и една медицинска сестра од приватната болница „Плодност“ во Битола се позитивни на...

Регион16 часа

Србија ја укина одлуката со која се цензурираа информации за коронавирусот

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, објави дека ја повлекува одлуката за информирање во време на пандемијата на коронавирусот, со која...

Свет17 часа

ЕУ: Во Западен Балкан пандемијата се користи за промоција на антиевропски ставови

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) оцени дека кризата во врска со пандемијата на коронавирусот во Западен Балкан се користи...

Македонија17 часа

Во Битола 55 сантиметри снег, во Крушево 47

Снежната покривка во Битола достигна до 55 сантиметри, а во Крушево има 47 сантиметри снег. Во Маврови Анови има 40...

Свет18 часа

Руски воен транспортер со медицинска опрема пристигна во САД

Руски воен транспортен авион пристигна во Њујорк носејќи медицинска опрема и маски како помош за САД во борбата против коронавирусот....

Забава18 часа

Во НАСА пристигнале 12.000 апликации за идни астронаути

Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека примила 12.000 апликации за идната генерација астронаути за десетина слободни места, а резултатите од...

Свет19 часа

„Ламборгини“ ќе произведе хируршки маски за да помогне во борбата против Ковид-19

Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ламборгини“ претвори некои оддели во својата фабрика „Сант’Агата болоњезе“ во погони за производство на хируршки...

Македонија1 ден

Се забрануваат нови вработувања во јавниот сектор

Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело,...

Досие