Забава
Хејли Бенет ултраелегантна на настан во Њујорк

Сите погледи беа свртени кон Хејли Бенет на специјалната проекција на музичката драма „Сирано“ во Њујорк во средата.
34-годишната актерка позира на црвениот тепих пред да влезе во салата да ја гледа драмата што ја режира нејзиниот партнер Џо Рајт.
За оваа пригода, таа се реши за свечен црн фустан без прерамки.
Бенет е во „Долче и Габана“ од глава до петици, со блескав накит од Фред Лејтон. Експертски стајлинг од Јулија фон Боем, како и обично.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Џенифер и Бен планираат раскошна свадбена прослава овој викенд

Џенифер Лопез и Бен Афлек ќе продолжат да ја слават својата љубов со тридневна свадбена екстраваганца, по нивната импровизирана венчавка во Вегас минатиот месец.
Пејачката и актерот, кој го прослави својот 50. роденден во понеделникот, ќе приредат свадбена прослава од соништата на имотот на Бен, Рајсборо, во Џорџија овој викенд, според „Пејџ сикс“.
Импресивниот имот располага со централна вила дизајнирана во стил на плантажа на површина од околу 4.000 акри, според „Хоумс енд гарденс“.
Забава
Мадона се реши за сицилијанска прослава на роденденот

Мадона се подготвува да го прослави својот 64.роденден така што ќе го донесе своето семејство во Италија на сицилијанската прослава, а во меѓувреме го одбележа роденденот на синот Роко.
Мадона, наводно, ќе потроши илјадници долари за прослава на посебниот ден, пишува „Сан“.
Според британскиот весник, поп кралицата моментално е во Италија, а главната забава ќе се одржи во дворецот Кастелучио (Palazzo Castelluccio) на Сицилија.
Но, пред нејзиниот посебен ден – 16 август – таа се огласи на Инстаграм за да му посака среќен роденден на својот 22-годишниот син Роко Ричи од бракот со Гај Ричи.
Забава
Амбер Херд го смени правниот тим, планира нова жалба на пресудата во случајот клевета

Амбер Херд ја отпушти својата долгогодишна адвокатка Елејн Бредхофт и ангажираше нов правен тим за да ја обжали пресудата во случајот клевета.
Актерката во понеделникот соопшти дека ангажирала двајца адвокати од висок профил – Дејвид Л Акселрод и Џеј Вард Браун од фирмата „Балард Спар“ – да ја водат жалбата, со која има за цел да ја поништи пресудата и да избегне плаќање отштета од 10.3 милиони долари на својот поранешен сопруг, холивудската ѕвезда Џони Деп.
Бредехофт, која ја застапуваше Херд (36) во шестнеделното судење, се повлекува, а Бен Ротенборн продолжува како кобранител.
Портпаролот на актерката од „Аквамен“ наведе дека причини за реконструкцијата на правниот тим се новите докази и различниот суд.