Забава
Хитот на Викенд цела година меѓу топ 10 песни на „Билборд хот“

Канаѓанецот Д Викенд постигна голема музичка пресвртница.
Хитот Blinding Lights на музичарот од Торонто е првата песна во историјата на американскиот „Билборд хот 100“ што останува во Топ 10 цела година, објави „Варајети“ во понеделникот.
Песната на музичарот, чие целосно име е Абел Тесфаје, претходно постави рекорд со тоа што цели 43 недели беше меѓу првите пет песни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Енди Гарсија го прослави роденденот на гости кај Џими Кимел

Холивудскиот актер Енди Гарсија синоќа беше гостин во вечерното шоу на Џими Кимел, каде се појави во студиото по специјалната најава на водителот.
„Тој реши својот 65. роденден да го прослави со нас вечерва!“ рече Џими, најавувајќи го својот гостин, проследено со големи овации на публиката.
„Изгледаш фантастично за 65 години,“ рече Џими и му ја отпеа Happy birthday dear Andy додека носеа торта со запалени свеќички.
Забава
Заврши снимањето на специјалната епизода на „Пријатели“

Поминаа речиси 17 години откако шесте најпознати пријатели на поп-културата беа заедно на филмски сет, но тој со нивната најнова дружба, конечно, беше снимен минатата недела.
Заедничкиот проект ја обедини оригиналната екипа на ситкомот – Метју Пери (Чендлер), Џенифер Анистон (Рејчел), Кортни Кокс (Моника), Лиза Кудроу (Фиби), Мет Лебланк (Џои) и Дејвид Швимер (Рос).
Поставена за емитување на стриминг-услугата „Ејч-би-о макс“, специјалната епизода првично требаше да се снима минатиот август, но беше одложена поради пандемијата.
Датумот на емитување допрва треба да биде објавен, но се очекува да биде во текот на следните неколку месеци.
Забава
Ким Кардашјан и Канjе Вест се согласија на заедничко старателство по разводот

Канjе Вест се согласи на заедничко старателство со Ким Кардашјан над нивните четири деца.
Неговиот одговор следуба по барањето за развод, кое Ким го поднесе на 19 февруари, со што почна процесот на ставање крај на нивниот речиси седумгодишен брак.
Во поднесените документи американскиот рапер и реалната ѕвезда постигнаа согласност дека нивниот брак треба да заврши поради непомирливите разлики.
Тие исто така се договорија дека не им е потребна брачна поддршка.
Канје и Ким имаат две ќерки на возраст од седум и три години и два сина – едниот има пет, а вториот ќе полни две години следниот месец.
Според поднесокот на Ким, тие си го чувале својот имот одвоено во текот на целиот брак во согласност со условите на предбрачниот договор.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш