Забава
Хороскопски знаци што не признаваат вина, дури и кога е очигледно дека грешат
Хороскопските знаци кои не признаваат вина никогаш нема да ви кажат дека грешат. Дури и кога сè укажува на тоа, никакво извинување нема да излезе од нивните усти.
Овие хороскопски знаци имаат проблем да си признаат себеси и на другите дека не се совршени и дека можеби згрешиле. Дали е само себичност или нешто друго, ќе остане тајна, но едно е сигурно. Никогаш нема да добиете никакво признание од нив за направената грешка.
Хороскопски знаци кои не признаваат грешки
Лав
Лавовите се генерално убави луѓе, но имаат и свои маани кои лесно можат да ве исфрлат од колосек. Нивната ароганција и хипертрофирано его понекогаш ги тера да не можат да го прифатат гледиштето на другите и да не се извинуваат затоа што едноставно не можат да грешат. Тие се совршени и единствени во сè. Единствениот начин да добиете извинување од нив е да го кажете класичното „Жал ми е што се чувствувате така, но…“ додека тоа звучи како вие да сте тој со проблемот.
Бик
Навистина ви е полесно да чекате што било, отколку Бикот да се предомисли и да ја сфати својата грешка. Дури и самиот Бог да слезе да им го каже тоа, тие нема да го земат предвид. Ќе остане во иста насока и нема да се врти ни малку. Ако случајно се најдете во конфликт со нив, не се ни мачете да им се објаснувате бидејќи ќе ве излудат. Тоа го прикажуваат како стабилност во нивна гледна точка, а факт е дека тешко ја гледаат другата страна и нема да признаат дека грешат.
Шкорпија
Ако се обидувате да се соочите со Шкорпија, тогаш сте премногу храбри. И ако им кажете дека грешат, тогаш треба да ви биде доделен медал. Меѓутоа, ако очекувате тој да се извини, тогаш сте во голема заблуда. Станува збор за знак кој е апсолутен, упорен, лукав и користи стратегии. Па ако дознае дека згрешил или дека не требало да направи нешто, ќе ја свртат приказната за да сте вие крив и вие да се извините.
Водолија
Ако Водолијата згрешила и ви згрешила, ќе сакате да се извинат. Но, тоа нема да се случи. Секако дека знаат дека ви должат извинување, но тоа никогаш нема да го слушнете од нивните усни. Можеби во одреден момент ќе се обиде да направи нешто убаво со гест. Што и да прикажете како аргумент, како и да им го покажете, тие ќе го расправаат спротивното, одбивајќи да ја видат вашата страна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Весна Петрушевска соопшти дека се бори со рак на дојка (ВИДЕО)
„Мојата дијагноза е од средината на април оваа година. Се работи за рак на дојка, имав две операции“, раскажува Весна Петрушевска во видео споделено на Инстаграм.
„Кога ќе ви кажат дека ви дијагностицирале, прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано. Јас се обидов тоа да не го кажувам, иако дијагнозата ми е од средината на април. Тоа не можеше да се забележи, бидејќи ја имав појавувања“, додаде Петрушевска.
„Имам рак, па што – живејте си го животот, еден е“, стои во описот на објавата.
View this post on Instagram
Забава
Луѓето се шокираа од изгледот на Адријана Лима: „Претерала со ботоксот“
Бразилската манекенка Адријана Лима последните години беше цел на хејтерите, кои го критикуваа нејзиниот изглед, а во последно време таа ретко се појавува на јавни настани.
43-годишната Адријана сега се појави на премиерата на филмот The Thicket и повторно изненади со изгледот на нејзиното лице со видно искосени очи и кренати веѓи.
Фановите претходно ја обвинуваа дека претерала со ботокс и филери, а таа на хејтерите им одговори со објавување фотографија без шминка.
„Лицето на уморна мајка на тинејџерка, две предтинејџерки, активно момче, едногодишно дете, кое учи да оди, и три кучиња… Ви благодариме за грижата“, напиша таа тогаш.
Адријана пред шест години се повлече од светот на манекенството и се посвети на семејството. Со поранешниот сопруг, српскиот кошаркар Марко Јариќ, таа има две ќерки – Валентина (14) и Сиена (11), а со сегашниот сопруг, филмскиот продуцент Андре Лемер, го има двегодишниот син Сијан.
Забава
Една од најубавите жени на светот го привлече вниманието на шоуто на црвениот тепих во Венеција
Романската актерка и модел Мадалина Генеа, која е позната како една од најубавите жени на светот, прошета на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција и ја воодушеви публиката со својот изглед.
37-годишната Мадалина се појави на премиерата на филмот Joker: Folie a Deux во тесен фустан со светки, со долга, пуштена коса и насмеано им позира на фотографите.
Покрај тоа, актерката се појави и на премиерата на филмот Queer, а беше облечена во беж фустан со качулка и со изрез што ги истакна нејзините долги нозе.
Убавата Романка беше во врска со Џерард Батлер и Леонардо ди Каприо, а на крајот се омажи за романскиот милијардер Матеи Стратан, со кој има 7-годишна ќерка.