Забава
Хороскопски знаци кои партнерките ги чуваат како кралици
Кога станува збор за љубовта, некои хороскопски знаци постојано им покажуваат на партнерите колку им значат. Тие не само што сакаат, туку обожаваат – и на начин што ве тера да размислувате: „Дали е ова бајка или реалност?“ Ако сте меѓу среќните жени со овие знаци, знајте дека секогаш ќе ве третираат со грижа и почит, што ве остава без здив. Еве кои се романтичните „чувари“ на нивните партнери.
Рак
Ракот е мајстор за емоционална поврзаност, а неговата најголема сила лежи во способноста да го стави партнерот на прво место во се’. Ракот кога сака, сака од срце – целосно, безусловно и со непоколеблива посветеност. Неговата партнерка е буквално центарот на неговиот свет, а Ракот прави се за да ја заштити и усреќи.
Раковите се познати по тоа што се грижат за секој детал – од омиленото кафе до омилениот филм на партнерот. Нивната љубов се изразува преку мали, но значајни гестови: топли прегратки по напорниот ден, подготвување вечера само затоа што знаат дека тоа е токму она што ѝ треба или дури и испраќање пораки до нејзините омилени емотикони за да и го разубави денот. Ракот го држи партнерот како капка вода на дланка затоа што едноставно не знае на друг начин – неговата љубов доаѓа од сржта на неговата грижлива природа.
Бик
Кога Бикот сака, нeговата љубов е постојана и длабока. Бикот не тргнува по минливи страсти – бара стабилност и трајна врска, а кога ќе ја најде, на партнерот му обезбедува свет на сигурност и внимание. Ако сте партнер на Бик, подгответе се за третман на кралица, бидејќи тој нема да дозволи никогаш ништо да пропуштите.
Биковите се практични во љубовта – со своите постапки покажуваат колку се грижат. Без разлика дали станува збор за преуредување на станот за да ви биде поудобно на двајцата или ќе ве изненади со омилениот десерт по напорниот ден, Бикот секогаш мисли на вас. За него партнерот е скапоцен камен кој треба да се чува и негува, а знае како да направи да се чувствувате посебно секој ден. Нежноста и сигурноста на Бикот го прават идеален партнер за сите оние кои сакаат љубов која трае и не избледува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Џиџи Хадид и Бредли Купер конечно снимени заедно, на натпревар
Актерот Бредли Купер (50) и манекенката Џиџи Хадид (29) се фотографирани на НФЛ натпревар помеѓу Лос Анџелес Рамс и Филаделфија Иглс.
@myboybraids Eagles Football 🏈#philadelphiaeagles #fyp #bradleycooper #gigihadid ♬ original sound – BillyBadAss
На „Тик ток“ се појави видео од натпреварот. Некој од публиката го снимил парот како ентузијастички навива од горната ложа на трибините. Џиџи плескаше, а Бредли викаше и мавташе со рацете.
Забава
Никол Шерцингер позираше во бикини и ја покажа својата завидна фигура
Никол Шерцингер отпатува на Хаваи.
46-годишната пејачка на Инстаграм сподели неколку фотографии од плажа, каде позира во црни бикини, во комбинација со парео со дезен. Таа напиша емотивна порака во описот на објавата.
„Нема ништо помоќно од љубовта, поврзаноста и благодарноста. Благодарна сум што успеав да ја направам мојата прва пауза од Бродвеј за да ги наполнам батериите“, напишала Никол, која е родена на Хаваи.
Забава
Меланија Трамп на инаугурацијата носеше дизајнерско палто од 4.000 евра
Меланија Трамп на инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп се појави во интересна облека која привлече внимание.
Меланија, инаку позната по својот елегантен изглед, се појави во темно сино палто дизајнирано од американскиот дизајнер Адам Липес. Цената на капутот, според официјалниот сајт на брендот, е околу 4.186 евра.
Меланија го комплетираше изгледот со впечатлива шапка од американскиот дизајнер Ерик Џавитс, црни кожени ракавици и темно сини велур потпетици, кои одговараа со палтото на нејзиниот сопруг.
Првата дама ги поддржа американските дизајнери со нејзиниот моден избор за инаугурацијата, додека за првата инаугурација на Трамп во 2017 година избра креација на Ралф Лорен, оддавајќи почит на Џеки Кенеди.