Забава
Хороскопски знаци кои ќе ве полудат: со нив е како да сте на емотивен ролеркостер

И покрај тоа што ги сакаме, понекогаш изгледа како да се родени да бидат тешки. Хороскопот потсетува дека овие два знака често се на врвот на листата кога станува збор за ситничарење и тврдоглавост.
Девица
Ако има еден збор кој совршено ја опишува Девицата, тоа е „зошто“. „Зошто не го направи тоа подобро?“, „Зошто не размисли за секоја можна последица?“, „Зошто не го следеше планот? итн. Девиците имаат неверојатен талент и можат да ја забележат секоја мала мана и нема да застанат додека не ви укажат на тоа.
Нивната потреба за совршенство може да биде исцрпувачка, особено затоа што не разбираат зошто сите други не ја споделуваат нивната визија. Иако нивните напори честопати се добронамерни, нивната тенденција да се жалат и анализираат може да ги излуди дури и најтрпеливите. Ако сакате да и угодите на Девицата, подгответе се за огромна листа на задачи.
Овен
Ако Девицата троши енергија на перфекционизам, Овенот ја троши на сопственото мислење. Овој огнен знак не го знае зборот „компромис“ и често влегува во ситуации со менталитет на генерал. Без разлика дали се работи за избор на филм, ресторан или глобална политичка ситуација, Овнот е уверен дека најдобро знае. Кавга со Овен? Заборавете.
Овнот не е само досаден поради тврдоглавоста, туку нивната импулсивна природа често ве става во ситуации за кои не сте ни знаеле дека постојат. Со Овен, секогаш сте на емотивен тобоган.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Марко (69) и Соња (57) го чекаат своето прво дете: „Кој верува во чуда, создава чуда“

Марко (69) и Соња (57) Миротиќ од Црна Гора го чекаат своето прво дете.
Бебето треба да се роди во април, кога и е терминот на Соња. Таа за порталот „Дан“ изјави дека по 22 години борба им се исполнила големата желба да станат родители. Со години се мачеле да основаат семејство и барале стручни мислења во многу земји.
„Затоа им велам на сите парови кои минуваат низ она што го поминавме да веруваат. Прво, да веруваат во себе и во својот партнер и да имаат огромна желба за тоа. Можеби мислат дека треба да се откажат, тоа е нормално, тоа е психолошка работа, но тоа е и удар по нивниот џеб, но само бидете упорни и веројатно ќе се оствари. Оној кој верува во чуда создава чуда. Нека не се откажуваат“, рече таа.
Забава
(Видео) Нина Бадриќ ужива во Тајланд

Хрватската пејачка Нина Бадриќ на својот Инстаграм профил сподели фотографии и видеа од одморот во Тајланд.
Пејачката ужива на островот Кох Самуи. Се сонча, го истражува островот и ги гали слоновите.
„Го истражувам Тајланд“, рече таа додека со насмевка го галеше слонот.
Забава
Студија покажува дека постои ден во неделата кога луѓето се најсреќни

Сеопфатна студија покажа дека утрото е време од денот кога луѓето најчесто се чувствуваат најдобро.
Истражувањето го потврди и она во што веруваат многу луѓе, а тоа е дека во летните месеци се чувствуваат посреќно и подобро отколку во зимскиот период.
Експертите ги анализираа податоците собрани од 49.218 возрасни лица како дел од социјалната студија на Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL) за Ковид-19, која ги следеше испитаниците од март 2020 до март 2022 година.
Резултатите покажаа дека луѓето генерално се будат „се чувствуваат исклучително добро“, но постепено се чувствуваат полошо до полноќ.
Научниците, исто така, открија дека „постои врска помеѓу доброто расположение и одреден ден во неделата, и тие имаат особено силни докази дека луѓето се чувствуваат подобро и психички и физички во текот на летото.
Резултатите од студијата ги објавија британските научници во стручното списание BMJ Mental Health, со заклучок дека „генерално гледано, работите изгледаат подобро наутро“.
Британските истражувачи веруваат дека студијата покажува дека промените во менталното здравје и благосостојбата во текот на денот може да се објаснат и со физиолошки промени поврзани со телесниот часовник.
„Кортизолот, или хормонот чија најважна задача е да обезбеди доволно енергија во моментите на интензивен стрес бидејќи го регулира расположението, мотивацијата и стравот, го достигнува својот врв веднаш по будењето и е најниско кога е време за спиење“, заклучуваат тие.
Луѓето се најсреќни во вторник
Научниците забележаа дека менталното здравје на повеќето испитаници беше предмет на промени во текот на викендот, нo работите станаа постабилни во текот на неделата.
За студијата, научниците ги следеа флуктуациите во менталното здравје на учесниците во студијата (на пример, симптоми на депресија и/или анксиозност), флуктуации во чувството на среќа, задоволство од животот, чувства дека животот вреди и флуктуации во чувството на осаменост.
Испитаниците одговараа на прашалници кои вклучуваа прашања како што се: „Колку сте задоволни од вашиот живот?“ и „Колку мислите дека вредат работите што ги правите во животот. Фактори како возраста, здравствената состојба и дали луѓето се вработени?“
Резултатите покажаа дека оценките за среќа, задоволство од животот и животна смисла биле повисоки во понеделник и петок отколку во недела. Во исто време, се покажа дека испитаниците одговориле дека се најсреќни во вторник.