Контакт

Забава

Хотел во кој Божик е секој ден

Објавено пред

Еден хотел во американската држава Тенеси е, секако, еден од најбајковитите хотели во светот. Во овој хотел Божик е секој ден – 365 пати годишно и постојано е украсен со божикни декорации.

Хотелот се наоѓа на улицата „Божикно дрвце”, а на гостите им овозможува секој ден да го доживеат божикното утро.

Декорации, новогодишни елки и забави со Дедо Мраз во хотелот се секојдневие, а во собите и апартманите има бројни имели, црвена постелнина и божикни свеќи.

Појадокот што им се служи на гостите е, исто така, инспириран од божикни мотиви.

Најлуксузниот апартман во хотелот е оној на Дедо Мраз, кој изгледа навистина бајковито. Освен божикниот појадок, гостите исто така добиваат лични подароци од Дедо Мраз.

Хотелот има четири ѕвезди и одлични оценки од гостите, а една ноќ во божикниот хотел за двајца деновиве чини околу 135 евра.

Забава

Австралиски магазин затворен поради игнорирање на геј браковите

Објавено пред

Еден од најпопуларните австралиски магазини специјализиран за венчавки – „Вајт“ (White) стави клуч на врата откако одби да објавува текстови за истополови бракови и остана без приходи од реклами. Магазинот постоел 12 години.

Основачите на магазинот, Лук и Карла Барел, објасниле дека избегнувале текстови за геј браковите затоа што не сакале да предизвикаат општествена, политичка или правна војна.

Во последниот блог пост напишале дека поради нивниот став биле под напад од активистите и биле принудени да изберат страна, како и тоа дека ги напуштиле неколку огласувачи и магазинот повеќе не бил економски одржлив.

На крајот на 2017 година австралиските пратеници ги легализираа истополовите бракови.

Прикажи повеќе...

Забава

Отворена прва болница за слонови во Индија

Објавено пред

Во северно индиската држава Утар Прадеш е отворена првата болница за слонови, која е опремена со најсовремени средства за лечење на овие животни, важни за индиската култура, а која со тоа привлекува голем број локални но и странски туристи.

Во болницата првиот пациент е 49-годишната слоница Аша, која ја подигнала својата лева нога за да може лекарот да ѝ ја санира повредата, а посетителите снимале со мобилен телефон, пренесе Ројтерс.

Болницата се простира на повеќе од 12.000 квадратни метри, опремена меѓудругото со безжичен дигитален ренгенски уред, апарат за термографско снимање, ултрасонографски уред и карантински простории.

Оваа установа е наменета за лекување на повредени, болни и стари слонови.

Слоновите се важен дел од индиската култура и многу се присутни на фестивалите, а се користат и како туристичка атракција во северните и западните региони.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Судири во Холандија поради помошникот на Дедо Мраз

Објавено пред

На традиционалната парада пред божиќните празници во Холандија се судрија приврзаниците и противниците на помошникот на Дедо Мраз – Црниот Пит. Холандската верзија на Црн Пит, е препознатлив по лицето обоено во црна или кафеава боја и по костумот.

Противниците на Црниот Пит сметаат дека тој обичај е расистички и навредлив за лицата со темна боја на кожата.

Нередите избија во повеќе градови во Холандија, а ротердамската полиција навела на Твитер дека уапсила три лица. Во местото Леуварден, полицијата соопштила дека спречила две групи луѓе да започнат тепачка. Тепачки биле спречени и на други места во земјата. Во судирите учествувале навивачите на најголемите клубови во земјата, како и расистички политички групи.

Според традицијата, Црниот Пит носи подароци за време на празникот Синтерклас. Тој се спушта низ оџакот додека луѓето спијат. Како што гласи преданието, Пит во деновите, кои му претходат на празникот, често може да се види на покривите на куќите, каде низ оџаците наслушува дали децата биле добри. Делењето медењаци и други слатки колачиња е негова специјалност. Црниот Пит му помага на Синтерклас, му ја носи книгата или стапот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт8 часа

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа10 часа

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести11 час

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија12 часа

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Свет14 часа

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква...

Македонија15 часа

СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за купопродажбата на акциите на „Фершпед“ од 2013 година, кога повеќе акционери пријавија дека...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски: На претседателските избори ќе ги победиме СДСМ

И покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и моето семејство...

Бегството на Груевски16 часа

Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија – Груевски ќе го бараме со други правни акти

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи...

Свет17 часа

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во...

Регион17 часа

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Свет18 часа

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Свет1 ден

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски2 дена

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија2 дена

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија2 дена

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија2 дена

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија2 дена

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Interview/Debate2 дена

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од...

Вести2 дена

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави...

Досие