Контакт

Забава

Хрватската претседателка удоми куче од прифатилиште за животни

Објавено пред

Колинда Грабар-Китановиќ, денес, посетувајќи ја Вировитица – удоми куче. Се разбира, удомувањето на напуштените животни е нешто што треба да биде вообичаено и нешто што би сакале да го гледаме повеќе и почесто, но кога тоа го прави хрватската претседателка во текот на својата службена должност, тогаш предизвикува интерес кај јавноста.

Kika je pronašla dom. Vjerovali ili ne, postaje Prvi pas 🐾❤️#udomivirovitičana

Gepostet von Sklonište Za Životinje Virovitica am Donnerstag, 11. Oktober 2018

Колинда ја удоми шестмесечната мешанка Кики од прифатилиштето за животни во Вировитица.

„Тоа беше неочекувано и ние не го очекувавме. Претседателката протоколарно го обиколи засолништето, но штом таа пристигна, веднаш уште на почетокот ѝ пријде Кики“, раскажува ветеринарот Дражен Маетиќ од ветеринарната практика „Феликс“, еден од луѓето што се грижат за напуштените животни во вировитичкото прифатилиште.

„Тоа навистина не беше наместено“, уверува Маетиќ и додава дека Колинда успеала и нив да ги изненади со својата постапка во прифатилиштето. Од сите кучиња, најпрво и пријде на Кики и помина некое време галејќи ја“, вели Маетиќ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Ел Чапо во затвор, а неговата сопруга ужива во крвави пари

Објавено пред

Сопругата на мексиканскиот крал на дрогата, Ел Чапо (61), ужива во луксуз додека нејзиниот сопруг е во затвор во Њујорк, каде што го чека судење.

Ема Коронел (29), поранешна мексиканска кралица на убавината, редовно го покажува својот гламурозен живот на фотографии објавени на социјалните мрежи.

Во последните неколку месеци оваа девојка споделува свои фотографии од плажа во бикини, од одморот во Лос Кабос и на сите им ги покажува фотографиите од чантите „прада“.

На фотографија на „Инстаграм“, Ема исто така ги покажа своите деца, ќерките близначки, кои носат дизајнерски чанти.

Ема за своите девојчиња Емали и Марија приреди раскошна роденденска забава, а темата на забавата беше во знакот на „барби“.

На забавата сè беше украсено во розова боја, почнувајќи од балоните, колачите, бонбоните и осветлението, пишува „Дејли мејл“.

Некои Мексиканци беа многу лути кога овие фотографии се појавија во јавноста, па ја обвинија поранешната кралица на убавината дека троши крвави пари на нејзиниот сопруг.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Рендген сними дете меѓу багаж на железничка станица во Кина

Објавено пред

Љубопитноста на едно дете за малку ќе направеше алармантна ситуација во Кина.

Малиот палавко дошол на железничката станица во градот Џоншан со татка си. Кај нив, како и на аеродромите, багажот мора да се стави на лента и да помине низ рендген. Таткото на момчето прв дошол на ред бидејќи носел куфер.

Тој очекувал дека детето ќе го следи, но, по сè изгледа, не знаел каков палавко е син му. Само што се свртел, го снемало детето и целото обезбедување на станицата почнало да го бара. Малиот се појавил на екранот, што значи дека можел да биде само на едно место…

Прикажи повеќе...

Наука

Луѓето кои пијат кафе живеат подолго

Објавено пред

Националниот институт за рак, Националниот институт за здравство и Универзитетот за медицина „Фајнберг“ спровеле долго истражување во кое анализирале податоци за пиење кафе. Истражувањето е направено со лица на возраст од 38 до 74 години.

Резултатите покажале дека луѓето кои пијат кафе живеат подолго од оние кои не пијат кафе, или пијат малку или ретко.

Сепак, резултатите од ова истражување покажуваат корелација, а не конекција. Во извештајот се вели дека испитаниците кои пијат повеќе кафе генерално водат поздрав живот. Додека кафето без кофеин не ги дава сите благодети на она со кофеин, сепак содржи голем број од важните елементи.

Важно е да се напомене дека бремените жени треба да избегнуваат кафе со кофеин поради тоа што нероденото бебе не може да го преработи кофеинот.

Некои од придобивките од пиењето кафе се:

  • 20% намален ризик за рак;
  • 20% намален ризик за дијабет-тип 2;
  • 30% намален ризик за Паркинсонова болест;
  • 5% намален ризик за срцеви болести.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

СЈО не добило барање од Мијалков за судот да му го врати пасошот

Кривичниот суд во Скопје ги демантира информациите кои се појавија во одредени портали, дека му бил вратен пасошот на ексдиректорот...

Македонија31 минута

МНР ги демантира тврдењата на Русија дека мнозинството во македонскиот парламент е обезбедено со уцени и закани од САД

Министерството за надворешни работи на Република Македонија категорично ги отфрла вчерашните наводи и квалификации изнесени во коментарот на Департманот за...

Свет1 час

Ердоган: Имаме силни докази дека убиството на саудискиот новинар било со денови планирано

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во турскиот парламент рече дека постојат силни докази дека убиството на новинарот Џамал Кашоги...

Свет2 часа

Пронајдено телото на убиениот саудиски новинар

Телото на саудискиот новинар Џамал Кашоги е пронајдено во бунар на територијата на резиденцијата и конзулатот на Саудиска Арабија во...

Македонија2 часа

Софија Куновска: И мене ме разреши СДСМ зашто реагирав дека слават во барокниот театар

Немаше да го напишам овој текст ако не почуствував дека сега е моментот да бидеме искрени до крај ако навистина...

Свет3 часа

Караван мигранти од Хондурас се движи кон САД и покрај заканите на Трамп

Илјада мигранти од Хондурас ја преминаа границата со Мексико и се упатија кон американската граница наспроти предупредувањата на мексиканските власти...

Свет3 часа

Мексико се подготвува за удар на ураганот Виља, се евакуираат илјадници луѓе

Мексиканските власти започнаа евакуација на илјадници граѓани во подрачјето на ниска надморска височина, поради исклучително опасниот ураган Виља, кој се...

Македонија13 часа

(Видео) ЦК предложи Мијалков и Тодоров да бидат исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

За ексдиректорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, како и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров,...

Македонија16 часа

Јанчев и Богданов исклучени од функциите во ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите, се разрешени...

Македонија19 часа

(Видео) Палмер: Не се сретнавме со Мицкоски зашто ми ги кажа ставовите во писмото

Заменикот на помошник-државниот секретар на САД, Метју Палмер, на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев изјави дека не остварил средба...

Македонија19 часа

(Видео) Да дозволиме помирувањето од Собранието да продолжи во институциите, порача Заев

Помирувањето започна во Собранието, да дозволиме да продолжи во институциите, порача првиот човек на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција...

Економија20 часа

Општините со три милијарди денари ќе ги покриваат долговите

Владата го усвои законското предлог-решение со кое на општините им се ставаат на располагање 3 милијарди денари за покривање на...

Македонија21 час

Ѕанакопулос очекува договорот од Преспа да помине во грчкиот парламент

Со гласањето за почеток на уставните промени беше направен историски чекор што ќе ги однесе двете страни поблиску до стапување...

Македонија22 часа

Поддршка за Мицкоски или барање за негова смена на состанокот на ЦК?

Од обвинувања за изолација на партијата и избрзани одлуки на раководството со исклучувањето на пратениците до поддршка за лидерот на...

Македонија24 часа

Кирацовски: Ќе видиме дали националното помирување ќе биде само за 27 април или пошироко

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацоски, ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон иницијативата за национално обединување бидејќи, како...

Македонија1 ден

Беса може да го условува спроведувањето на уставните измени во Собранието

Пратеникот Фадил Зендели, дел од крилото на Беса со кое предводи Биљал Касами, вели дека во процесот на уставните измени...

Крвав четврток1 ден

Сакаме да ги поддржиме храбрите пратеници што гласаа, рече обвинетиот Вилијам Михајловски

На почетокот од судењето за 27 април обвинетиот Вилијам Михајловски рече дека сака да им даде поддршка на храбрите пратеници...

Крвав четврток1 ден

(Видео) Пратениците што гласаа за уставните измени се појавија на судско рочиште за 27 април

Пратениците што во петокот гласаа за уставните измени во Собранието утрово се појавија на судско рочиште за настаните што се...

Свет1 ден

Екстремно опасeн ураган од петта категорија му се заканува на Мексико

Новоформираниот ураган Виља бргу прерасна во крајно опасна бура од речиси петта категорија во областа на источен Пацифик, која во...

Свет1 ден

Саудиски министер: Убиството на Кашоги е огромна грешка

Саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал-Џубеир, изјави дека саудискиот новинар Џамал Кашоги бил убиен во неовластена операција, објави Би-би-си....

Досие