Контакт

Hitech

„Хуавеј“ по суспензијата од „Гугл“: Ќе продолжиме да градиме сигурен и одржлив софтверски систем

Објавено пред

По објавата на технолошката компанија „Гугл“ дека ја суспендира лиценцата за „Хуавеј“, од кинескиот производител на технолошки уреди велат дека тие сепак ќе продолжат да градат сигурен и одржлив софтверски екосистем.

Исто така, од „Хуавеј“ истакнуваат дека ќе продолжат да ги обезбедуваат своите корисници со најновите надградби за безбедноста на софтверот.

„Хуавеј направи значителен придонес во развојот на ‘Андроид’ во целиот свет. Како еден од клучните глобални партнери на ‘Андроид’, ние тесно соработуваме со платформата со отворен код развивајќи го екосистемот во корист на потрошувачите и на целата индустрија. ‘Хуавеј’ ќе продолжи да ги обезбедува своите корисници со најновите надградби за безбедноста на софтверот, како и сите услуги поврзани со постпродажната услуга на постојните производи на пазарот на ‘Хуавеј’ и ‘Хонор’ вклучувајќи паметни телефони и таблети што веќе се купени од крајните корисници, но исто така и оние што сè уште се достапни на глобалните пазари. Ние ќе продолжиме да градиме сигурен и одржлив софтверски екосистем, кој ќе им го овозможи најдоброто искуство на потрошувачите и нашите клиенти во светот“, се наведува во официјалното соопштение на компанијата.

Покрај тоа, „Хувеј“ го сподели и официјалниот став од американскиот „Гугл“ по однос на ова прашање, од каде што велат дека ги исполнуват барањата и ги согледуваат последиците од тоа.

„За корисниците на нашите услуги, безбедносните функции на Google Play и Google Play Protect ќе продолжат да работат на постојните хуавеј-уреди“, истакнуваат од „Гугл“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

Не отворајте ја пораката „Адидас“ за „Вацап“ – измама е

Објавено пред

Многумина корисници на апликацијата „Вацап“ добија порака деновиве дека „Адидас“ донира 3.000 бесплатни чифта патики и 1.800 маици за да ја прослават својата 95-годишнина, а патиките бесплатно може да се набават на http://www.adidas-neo.club/offer/.

Но, внимавајте, станува збор за измама. Доколку се кликне на понудениот линк, многу телефони целосно ќе се замрзнат и единствениот начин повторно да проработи мобилниот е присилно да се исклучи и да се вклучи. Но, токму тогаш почнуваат проблемите бидејќи пораката на тој начин почнува да се шири на сите контакти што ги имате меморирано во мобилнот телефон. Слична порака се шири и на „Вибер“.

Во март „Адидас“ предупреди за оваа измама, која се шири од 2017 година, не само преку овие апликации туку оваа порака се споделува и преку „Фејсбук“ и „Твитер“.

Прикажи повеќе...

Hitech

„Хуавеј“ со загуба од 30 милијади долари

Објавено пред

Основачот и директор на „Хуавеј“, Рен Женгфеи, потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат 30 милијарди долари помали отколку што е планирано за наредните две години споредувајќи ја компанијата со тешко оштетен авион како последица на активностите на американската администрација.

„Никогаш не мислевме дека САД ќе бидат толку одлучни и цврсти за да го нападнат ‘Хуавеј’“, рече тој.

Зборувајќи на дискусија во седиштето на компанијата во Шенжен, Рен потврди дека продажбата на мобилните телефони во странство паднала 40 проценти. Иако не даде дополнителни детали, портпаролот на „Хуавеј“ подоцна објасни дека се работи за пад во продажбата од 40 отсто во периодот мај-јуни по заканите со санкции од САД. Но, според Рен, продажбата во Кина расте. „Хуавеј“ стана втор најголем продавач на паметни телефони минатата година пред „Епл“, а веднаш зад „Самсунг“, како и најголем светски дистрибутер на опрема за телекомуникациски мрежи.
Во 2018 година „Хуавеј“ продал вкупно 206 милиони паметни телефони, половината во странство, а преостанатото во Кина.

Кинескиот телекомуникациски гигант се соочува со длабока криза по заканите од САД дека ќе го стават на црната листа.

Прикажи повеќе...

Hitech

„Елден ринг“ – нов проект од творецот на „Игра на тронови“

Објавено пред

Писателoт на книгите „Песни за мразот и огнот“, по кои настана и популарната серија „Игра на тронови“, Џорџ РР Мартин работи на нов проект, овојпат видеоигра со назив „Елден ринг“.

Судејќи според оваа информација, писателот или ја завршил последната книга која ќе даде епилог за случувањата во Вестерос и седумте кралства, или тоа нема да го дочекаме ниту следната година, како што неодамна навести и самиот тој.

Во однос на играта, првичните податоци се дека истата е креација на „FromSoftware“, познат по Dark Souls, а се очекува официјални информаци за неа да бидат објавени на гејмерската конференција Е3.

Според најавите, таа ќе биде достапна за PlayStation 4, PC и Xbox One. Сепак, точниот датум на издавање останува непознат, иако на „Твитер“ се појави слика од наводното лого на видеоиграта.

Мартин, по завршувањето на серијата „Игра на тронови“ кон крајот на мај, на неговиот блог спомена дека е ангажиран околу приказната на оваа игра.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ13 минути

Камион поклопи маж при истовар на стока

Педесетиседумгодишен маж од село Скудриње вчера почина откако бил поклопен од неговиот камион „ТАМ“. Несреќата се случила кога камионот се...

Регион1 час

Напнато во Медитеранот, грчките воени сили во состојба на готовност

Грчките вооружени сили се во состојба на готовност поради продолжување на можниот турски „провокативен“ настап во источниот Медитеран, пишува грчкиот...

Регион2 часа

(Видео) Во Банат падна град со големина на тениско топче

Само во Белград во попладневните часови за помалку од час и половина падна повеќе дожд од просекот за месец –...

Регион2 часа

(Видео) Белград под вода, бликнаа ,,фонтани” на улиците

Невреме проследено со пороен дожд, а во некои места и град со големина на тениски топчиња, го погоди северниот, западниот...

Свет2 часа

Ердоган и ја честиташе победата на опозицијата, на улиците еуфорично се славеше

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган му ја честита на кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу победата на повторените избори за...

Македонија13 часа

,,Октомври е близу, наскоро ќе добиете датум”, порача Вајгл

Тројката европратеници Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, доцна вечерва заедно со претседателот на Собранието, Талат Џафери, од законодавниот...

Топ15 часа

Трагедија во Битола – ја убил сопругата, по што се застрелал

Убиство и самоубиство се случи попладнево во Битола. По расправија, маж ја застрелал сопругата по што си го одземал животот....

Регион17 часа

Топлотен бран и се заканува на Европа со температури над 40 степени

Европејците следната недела ги очекува топлотен бран со температури кои ќе достигнат над 40 степени, кои се невообичаени за јуни,...

Македонија21 час

Нови министри во Владата се Димковски, Нуредини, Исмаили и Милевски

Премиерот Зоран Заев, денеска од Валандово, го соопшти предлогот со имињата за нови министри како дел од реконструкцијата на Владата...

Македонија21 час

(Видео) За 24 часа регистрирани два случаи на незаконско исфрлање медицински отпад

Инспекторатот на град Скопје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по дојава од граѓани, на 20.06.2019 и 21.06.2019 извршија вонреден...

Македонија22 часа

Заев ќе биде и министер за финансии и премиер

Премиерот Зоран Заев го соопшти предлогот на новите имиња на министри, што ќе го достави до Собранието во текот на...

Македонија22 часа

(Видео) Учесниците на Парадата на гордоста ќе бидат безбедни, гарантира МВР

Организаторите на првата парада на гордоста која треба да се случи идниот викенд во Скопје, заедно со портпаролот на МВР,...

Свет24 часа

Ким Џонг-ун доби „одлично“ писмо од Трамп

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, доби лично писмо од американскиот претседател Доналд Трамп, објавија државните медиуми. Ким го пофалил...

Регион24 часа

Повторни избори за градоначалник во Истанбул

Граѓаните на Истанбул денеска повторно избираат градоначалник, откако беа поништени претходните изборни резултати, од изборите на 31 март. На претходните...

Свет1 ден

САД изведоа хакерски напади врз одбранбениот систем на Иран

САД изминатата недела извеле компјутерски напади на иранскиот систем за лансирање ракети и на шпионската мрежа, по што Техеран го...

Топ1 ден

Кривична против 18-годишник поради дистрибуција на детска порнографија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.М.(18) од село Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение...

Свет2 дена

(Видео) Трамп му се закани на Иран со уништување ако дојде до војна

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака војна, но го предупреди Иран дека ако дојде до војна ќе се...

Топ2 дена

Свирепо убиство на уличен продавач на девизи во Струмица, убиецот зад решетки

Министерството за внатрешни работи во координација со јавното обвинителство информира дека го расчистиле случајот со пронајденото тело во метално буре...

Македонија2 дена

Дипломатскиот кор на филџан кафе и чај во Скопската чаршија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со заменик – градоначалникот на град Скопје, Енвер Малиќи,...

Свет2 дена

(Видео) Се урна авион на Хаваи, загинаа сите патници

Девет лица загинаа во авионска несреќа што се случи ноќеска на Хаваи. Како што јавуваат медиумитe, мал двомоторен авион од...

Досие