Забава
Хуманитарниот концерт за Украина собра 12,2 милиони фунти

Добротворниот концерт за Укрина, на кој учествуваа суперѕвездите Ед Ширан и Камила Кабело, како и бендот „Маник стрит причерс“, меѓу другите, собра повеќе од 12,2 милиони фунти (над 21 милион долари) за украинските бегалци.
Емотивните приказни за бегалците од Украина и настапот на украинската победничка на Евровизија 2016 донесоа моќни моменти на настанот, организиран од британската ТВ-мрежа Ај-ти-ви.
„Концертот за Украина“ се одржа во живо во „Ресортс ворлд арената“ во Бирмингем во вторникот вечерта.
Џамала имаше страсна изведба на својата песна „1944“, победник на Евровизија во 2016 година. А приказните за двајца Украинци беа во центарот на вниманието кога ги прочитаа актерите Тамсин Грејг и Еди Марсан.
Шкотскиот виолинист Никола Бенедети ги придружуваше актерите додека ги пренесуваа мачните приказни за бегството од руската инвазија.
Џамала доби најгласни овации кога го крена украинското знаме што го држеше во текот на целиот свој настап.
Пејачката побегна од Киев со своите деца на почетокот на војната. „Беше навистина тешко, но сега сум тука“, изјави таа претходно за Ај-ти-ви. „Ви благодарам многу на сите музичари што ја поддржувате Украина, што застанавте со Украина, бидејќи тоа е навистина важно за нас“.
Приходите од концертот ќе бидат наменети на хуманитарниот апел на украинскиот комитет за вонредни ситуации, кој обезбедува храна, вода, засолниште и медицинска помош за раселените лица во Украина и за бегалците во соседните земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Дуа Липа се релаксира пред концертот во Минхен

Дуа Липа уживаше во малку одмор и релаксација пред нејзиниот распродаден концерт во Минхен во неделата.
Британската поп-ѕвезда (26) на себе има розово-портокалови цветни бикини, кои ги истакнуваат нејзините стомачни мускули и затегнати нозе додека лежи покрај реката во главниот град на Баварија.
Таа сподели кратко видео и неколку фотографии со своите пријателки. На објавата ѝ даде наслов pre – show river dip (нуркање во река пред концерт).
Се чини дека Дуа и нејзините пријателки Роузи Вива и Реј Ен Хејден и нејзината фитнес-инструкторка Ени Мувс уживаат во сонцето на затскриена локација.
Забава
Шерон Стоун го донесе гламурот на црвениот тепих во Кан

Шерон Стоун го красеше црвениот тепих на проекцијата на филмот на Валерија Бруни Тедески, „Засекогаш млади“ (Forever Young), во рамките на Филмскиот фестивал во Кан во неделата.
Облечена во сино-бела креација на „Долче и Габана“ со драматичен додаток, 64-годишната актерка ги воодушеви присутните кога го отфрли дополнителниот дел од фустанот закачен на нејзините колкови.
Со мала асистенција од двајца манекени облечени во костуми, ѕвездата на „Ниски страсти“ лесно се ослободи од дополнителното здолниште. Потоа позира во друга верзија на фустанот, што ја истакна нејзината тенка фигура. Ваквиот потег предизвика бурен аплауз од фановите.
Забава
Италијанската свадба на Кортни и Тревис: фотоалбум

Кортни Кардашјан и Тревис Баркер се венчаа третпат во Портофино, Италија, на раскошна свадбена церемонија во Италија, опкружени со своите најблиски.
„Среќно засекогаш“, напиша поќерката на Баркер покрај фотографијата што ја сподели на „Инстаграм“ во неделата, 22 мај.
Неделникот „Ју-ес викли“ потврди дека реалната ѕвезда (43) и тапанарот на „Блинк-182“ (46) пристигнале во Портофино во петокот, 20 мај, заедно со своите деца. Кардашјан ги има Мејсон (12), Пенелопе (9) и Рејн (7) со поранешниот сопруг Скот Дисик, а Баркер е татко на Лендон (18), Алабама (16) и ја има и поќерката Атијана (23) од бракот со поранешната сопруга Шана Моклер.
Покрај нивното мешано потомство, присуствуваа и членови на познатото семејство на реалната ѕвезда и основачка на веб-страницата што промовира модерно и здраво живеење „Пош“. Меѓу гостите беа и Крис Џенер, Ким Кардашјан, Клое Кардашјан, Кендал Џенер, Кајли Џенер и Кори Гембл.
Тревис ја побара за жена Кајли во октомври 2021 година по речиси една година врска.