Контакт

Забава

Хју Џекман му даде 100 фунти на бездомник и го покани на вечера

Објавено пред

Филмскиот актер Хју Џекман (50) минатата недела наиде на бездомник и му даде 100 фунти, а потоа го покани на отворање на ресторан во хотелот „Блитсвуд сквер“ во Глазгов, според „Ивнинг тајмс“.

„Во прво време не забележав за кого станува збор бидејќи носеше капа, но кога застанав, погледнав и видов дека Џекман става пари во рацете на бездомникот”, рече жената која го виде гестот на актерот.

Хју разговараше со бездомникот за животот, а потоа го покани на вечера.

„Човекот се смееше и рече дека не е соодветно облечен”, рече жената која го слушна разговорот.

На крај, Хју отиде по својот пат, а бездомникот дури подоцна дозна од жената кој му дал пари. Како што вели сведокот, бездомникот речиси заплакал.

Забава

Марк Ентони во врска со Евелин Лозада веќе неколку месеци

Објавено пред

Марк Ентони има нова дама во неговиот живот, sвездата на популарното реално шоу „Жените на НБА-кошаркарите“, Евелин Лозада.

Педесетгодишниот пејач и ТВ-ѕвездата се запознале пред неколку месеци, пишува „Д Бласт“.

Ентони, наводно, ги поканил Лозада и нејзините две деца, ќерката Шанике Харисон (27) и синот Карл Лео Крафорд (6) во својата вила.

Нивната врска најпрво беше откриена од корисници на социјалните мрежи, кои забележаа дека позадината на нивните објави на Инстаграм е иста.

Ниту Ентони ниту Лозада досега не ја коментираа врската јавно, а Лозада се врати дома.

Ентони претходно беше во брак со Дајанара Торес од 2000 до 2004 година, и имат три деца, Чејз (25) Кристијан (19) и Рајан (17).

Тој исто така има 26-годишна ќерка со Деби Росадо.

Ентони беше во брак со Џенифер Лопез од 2004 до 2014 година. Тој има близнаци со Лопез, Ема и Максимилијан (12).

Пејачот беше во брак со Шенон Де Лима од 2014 до 2017 година.

Прикажи повеќе...

Забава

Дру Баримор проговори за разводот

Објавено пред

Дру Баримор и Вил Копелман, родители на ќерките Олив (8) и Френки (6), се разделија во 2016 година.

А во понеделникот актерката искрено зборуваше за влијанието на разделбата врз нејзиниот живот откривајќи дека таа не го поднела добро разводот. „Тоа го поднесов навистина тешко“, рече таа.

„Чарлиевиот ангел“ му беше виртуелна гостинка на Вили Гејтс во емисијата „Сандеј тудеј“. Таа призна дека дури сега може отворено да говори за својот брак.

„На почетокот не можев да зборувам за тоа отворено“, рече таа. „Ми беше навистина тешко“.

45-годишната актерка продолжи да зборува за тоа што значел бракот за нејзините ќерки и зошто се борела толку многу за да го одржи семејството заедно.

„Ветувањето што си го дадов е да имам вакво неверојатно семејство. И го најдов. Но, имаше нешто што не функционира и не може да се одржи во живот. Колку е трагично тоа!“, рече таа.

Ова ѝ беше трет брак на Баримор. Претходните ѝ беа со Том Грин и Џереми Томас.

Прикажи повеќе...

Забава

Кортни Кардашјан ја има најдобрата недела во својот живот

Објавено пред

Таа ѝ се придружи на својата сестра Ким Кардашјан на тропски одмор откако минатата недела го прослави својот 40-ти роденден.

Кортни Кардашјан изгледаше како да ја сака секоја секунда од своето тропско бегство. Во понеделникот сподели секски фотографија во бикини на Insta Stories.

41-годишната sвезда на „Дружење со семејството Кардашјан“ го покажа задниот дел на телото додека се релаксира покрај водата во костим за капење со зебрест принт.

Во описот на објавата таа напиша: „Најдобрата недела во мојот живот“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија3 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа5 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија6 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија7 часа

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Македонија7 часа

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет...

Спорт10 часа

Нови заразени во Вардар, одложен е натпреварот со ПСЖ

Ракометниот клуб Вардар 1961 потврди дека е одложен натпреварот против ПСЖ, во Лигата на шампионите. Вардар, во рамките на 6....

Свет10 часа

Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и во лифтовите

Русија од утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус. Според уредбата објавена на веб-страницата...

Свет11 час

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Македонија11 час

Позитивни на Ковид-19 биле 24 отсто од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од...

Наука13 часа

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е...

Македонија13 часа

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 теста, од денеска ќе функционираат две одделенија

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение, ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант...

Македонија14 часа

„Фронт 21/42“: Експанзијата на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки

„Фронт 21/42“ се приклучува кон манифестот потпишан од над 150 европски невладини организации, со кој се бара од Европската Унија,...

Македонија14 часа

Мицкоски: Поради пандемијата и загаденостa, хронично болните да се ослободат од работа

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство, Филипче, и до политичката...

Македонија15 часа

МОН: Помалку од еден процент од учениците и наставниците се позитивни на Ковид-19

Министерството за образование и наука информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта...

Регион15 часа

Коронавирус и во детското одделение во болница во Хрватска

Коронавирус има и во Хрватска на одделот за рехабилитација на деца во Специјалната болница за медицинска рехабилитација во Крапинска Топлица...

Регион15 часа

Во Бугарија 1.948 лекари се заразиле со Ковид-19

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 2.243 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот...

Свет16 часа

Норвешка воведува нови ограничувања на јавни собири и божикни забави

Норвешка воведе ограничување на јавни собири од 50 лица далеку под претходниот максимум од 200 лица, а во исто време...

Свет16 часа

Кина воведува санкции за американските компании

Кина одлучи да воведе санкции за неколку американски компании поради нивната улога во продажба на оружје на Тајван. Портпаролот на...

Европа17 часа

Чешка воведува седумдневен полициски час

Чешката влада одлучи од утре да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, и дополнително...

Досие