Контакт

Забава

„Црната вдовица“ постави нов рекорд на пандемските киноблагајни во САД и Сингапур

Објавено пред

По долготрајната пауза, филмскиот универзум на „Марвел“ се враќа со доаѓањето на блокбастерот „Црна вдовица“ во киносалите и на стриминг-услугата Дизни плус, а фановите ја одбираат опцијата за големо платно, пренесуваат медиумите, додавајќи дека повеќето од нив одат во кино за да го гледаат.

Black Widow дебитираше во САД со највисока заработка на киноблагајните во услови на пандемија.

Дизни веќе објави дека првото соло излегување на Скарлет Јохансон како поранешна руска атентаторка која станува суперхероина дебитираше изминатиов викенд со 218 милиони долари на глобално ниво. Филмот заработи приближно 80 милиони долари на американскиот боксофис, 78,8 милиони долари на меѓународниот боксофис и 60 милиони долари преку стриминг-услугата „Дизни плус“ (Disney + Premiere Access).

Ова ја прави „Црната вдовица“ најголемо отворање на боксофисот во САД од избувнувањето на Ковид-19 минатата година, претркувајќи ги Wonder Woman 1984 (Жена-чудо 1984) и неодамна, F9: The Fast Saga („Брзи и бесни 9“).

Забава

Дејвид Бекам има нова летна фризура

Објавено пред

Сопругот на една од најстилските жени во светот и модна дизајнерка, Викторија Бекам, секако дека не е рамнодушен кон модата и прилично обрнува внимание на својот изглед.

Прославениот фудбалер Дејвид Бекам често добива пофалби за својот впечатлив изглед и добриот моден избор со посебен акцент на фризурата.

Во помладите години, во текот на 2000 години, Дејвид носеше фризура, која по него беше наречена „бекамка“, и подоцна ја копираа многумина. Во неговите позрели години англиската фудбалска легенда најчесто носеше уредна кратка коса, без премногу експериментирање, а сега на 47-годишна возраст Дејвид одлучи повторно да ги отпушти сопирачките.

Тој целосно ја осветли својата кратка коса, а на следачите на „Инстаграм“ им се пофали со новиот летен изглед додека ужива со своето семејство на брегот на Италија.

На фотографиите се гледаат ќерката Харпер Севен, синот Круз, кој ја обои косата во розова боја, и родителите на Бекам.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Маргот Роби е визија во бело за премиерата на „Одред самоубијци“

Објавено пред

Актерката Маргот Роби ги покажа своите беспрекорни модни инстинкти во понеделникот вечерта на премиерата на „Одред самоубијци“ (The Suicide Squad) во Лос Анџелес.

31-годишната sвезда одлучи да го прескокне традиционалниот гламурозен фустан во корист на елегантен бел комплет панталони и топ од „Шанел“ – Chanel Resort 2022 Collection – за премиерата што се одржа во театарот „Риџенси вилиџ“ во Вествуд, Лос Анџелес.

Австралијанката, ѕвезда на „Беше еднаш во Холивуд“, го спои горниот дел со бели панталони со висока половина.

На премиерата присуствуваа и други членови на актерската екипа, вклучувајќи го и Џон Сина, кој се облече во костум од „Миротворец“, Сторм Рид, Џоел Кинаман и неговата партнерка Кели Гејл и Кејт Бекинсејл.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Жена обвинета за вознемирување мајка гризли во Јелоустоун

Објавено пред

Жена од Илиноис е обвинета за вознемирување диви животни откако била снимена како се приближува до гризли во Националниот парк Јелоустоун.

Во широкосподелуваното видео се гледа како Саманта Деринг им приоѓа на мечката и двете младенчиња за да ги фотографира. Таа си оди дури кога мајката мечка почнува да ѝ се приближува.

Саманта сега се соочува со неколку обвиненија, како и со кршење на правилата за огранично растојание. На посетителите на паркот им е забрането да им се приближуваат на мечки на помалку од 300 метри.

Деринг била меѓу група туристи кога ги здогледале женката гризли и нејзините младенчиња во планинскиот дел на паркот. Сведоци подоцна им рекле на истражителите дека таа ги игнорирала предупредувањата да се врати во возилата на групата сѐ додека мечката не тргнала кон неа.

Националниот парк Јелоустоун пред неколку месеци објави снимка од блиската средба и побара информации од јавноста. По добивањето дојава за идентитетот на Деринг, полицијата пронајде фотографии од мечката на нејзините профили на социјалните медиуми.

Таа се соочува со федерално обвинение во согласност со сојузниот закон со кој се забранува хранење, допирање, задевање, заплашување или намерно вознемирување диви животни.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 часа

Скопјанец ја тепал мајка си, но таа не сакала да го пријави – повредена излегла од болница и починала

Полицијата уапсила 36-годишен скопјанец откако започнала истрага по пријава дека во близина на градската општа болница „8 Септември“ почината била...

Македонија6 часа

(Видео) Спасовски: Четири српски хеликоптери им се приклучуваат на нашите два

Српските власти ни испратија четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два и ќе сториме...

Македонија10 часа

Во Македонија нови 37 случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 15, Тетово...

Македонија11 час

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат...

Економија12 часа

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ,...

Македонија13 часа

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ, кои во текот на...

Македонија15 часа

Жителите на Кочани што побараа лекарска помош се пуштени дома

Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани, кои синоќа побарале лекарска помош поради вдишување чад како последица од...

Свет15 часа

Коронавирус регистриран во Вухан по една година, се тестира целото население

Властите во кинескиот град Вухан најавија дека ќе го тестираат целото население на коронавирус по појавувањето нови локални случаи на...

Европа16 часа

Речиси 30 проценти од Европејците не може да си дозволат одмор, сиромаштијата во пораст

Речиси 28 проценти од Европејците не може да си дозволат една седмица одмор надвор од своето место на живеење, а...

Македонија16 часа

Пожарите локализирани и ставени под контрола, противпожарните служби остануваат на терен

Пожарот кај Кочани во текот на ноќта е локализиран и ставен под контрола, соопштија надлежните. На одделни места во близина...

Македонија17 часа

Од денес стапува во сила целосната забрана за движење во шумите

Владата доцна синоќа излезе со соопштение во кое апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја. „Во текот...

Македонија1 ден

„Водовод“ и „Комунална хигиена“ испратија цистерни за гаснење на пожарот во Кочани

ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална Хигиена – Скопје на барање и во координација со Град Скопје...

Македонија1 ден

Пендаровски: Хеликоптерите не можат да летаат ноќе

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва на Фејсбук напиша дека хеликоптерите на армијата немаат технички можности за ноќно летање. „...

Македонија1 ден

Десетина луѓе во Кочани побарале лекарска помош

Кочанчани очајно се борат со огнената стихија, која проголта куќи и други објекти. Според информациите, десетина граѓани побарале помош, откако...

Македонија1 ден

15 пожарникари и 3 возила од Скопје ќе помагаат во гаснењето на пожарот во Кочани

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вели дека во моментов 3 екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје (15 пожарникари и...

Македонија1 ден

(Видео) Пожар се шири во Кочани, жителите во паника бараат помош

Огромен пожар се шири во кочанско Белско маало и местото викано Драчевник. Зафатени се шуми, но и бандери. Жителите бараат...

Спорт1 ден

Полска ѝ даде азил на белоруската атлетичарка

Драматичниот случај на белоруската атлетичарка Кристина Циманускаја најверојатно е пред решение откако Полска и понуди хуманитарна виза, односно и одобри...

Македонија1 ден

Во Македонија 54 нови случаи на коронавирус, почина едно лице

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 54 нови случаи на коронавирус, а едно лице почина, соопшти Министерството за...

Топ1 ден

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино. Според информациите на полицијата, мигрантот со тешки повреди е пренесен во болница. Несреќата...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот

Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот заради партиските интереси и заради повеќе гласови...

Досие