Контакт

Забава

Чарлс на прво патување по смртта на мајка му

Објавено пред

Кралот Чарлс Трети беше на прво официјално патување по смртта на мајка му, кралицата Елизабета Втора.

dobivaj vesti na viber

Тој го посети градот Данфермлајн во Шкотска со сопругата Камила, прв заеднички јавен ангажман на новиот крал и неговата сопруга по завршувањето на периодот на кралска жалост.

Кралската двојка пристигна во посета за официјално да му додели статус на град на Данфермлајн, родното место на Чарлс Први, кој владеел во 17 век, пренесе Би-би-си.

Чарлс и Камила присуствуваа на официјален состанок на Советот на градот, каде што кралот официјално го одбележа доделувањето на новиот статус и одржа краток говор во кој ја спомна својата мајка.

Данфермлајн беше меѓу осумте града што добија статус на град како дел од прославата на платинестиот јубилеј претходно оваа година по повод 70-годишнината на Елизабета на тронот.

Во оваа пригода Чарлс мина време со граѓаните, а ги поздрави и шкотската министерка Никола Старџен и другите челници.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Арон Тејлор Џонсон е главен кандидат за новиот Џејмс Бонд

Објавено пред

Арон Тејлор Џонсон е новиот фаворит да го замени Даниел Крег како Џејмс Бонд во следниот филм од култната сага, дознава британски „Сан“.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесуваат и други шоу-биз медиуми, тој бил на тајна аудиција во студиото „Пајнвуд“ и ја воодушевил Барбара Броколи, продуцентката на серијалот за славниот таен агент.

„Арон учествуваше на филмска аудиција за следниот Џејмс Бонд во септември. На Барбара и на продуцентите им се допадна, тој е еден од главните фаворити за улогата“, изјави анонимен извор за британски „Сан“.

Медиумите откриваат и дека Идрис Елба се откажал од преговорите да биде новиот 007, а букмејкерите претходно предвидуваа дека улогата би можеле да ја преземат Хенри Кавил, Реже Жан Пејџ, Том Харди или Џејмс Нортон.

32-годишниот актер, кој е оженет со режисерката на „Педесет нијанси сиво“, Сем Тејлор-Џонсон (55), глуми во „Кик-ес“, и „Одмаздници: Доба на Ултрон и Гоџила“. Својата кариера ја почна во серијата „Армадило“, а стана познат по улогата во Nowhere Boy, биографскиот филм за Џон Ленон од 2009 година.

Прикажи повеќе...

Забава

Маргот Роби откри детали за жешките сцени во „Волкот од Волстрит“

Објавено пред

Маргот Роби откри колку била нервозна додека снимала жешка сцена со Леонардо ди Каприо во „Волкот од Волстрит“.

dobivaj vesti na viber

Австралиската ѕвезда се катапултира во центарот на вниманието глумејќи ја сопругата на Џордан Белфорт, Наоми, во филмот на Мартин Скорсезе од 2013 година.

Австралиската актерка, која многумина ја нарекуваат најубава жена на светот, имала голема трема пред снимањето интимна сцена со познатиот холивудски актер и за дополнително да се охрабри, испила неколку текили.

„Нема да ве лажам, испив неколку чашки текила пред да ја снимам таа сцена на подот. Бев многу, многу нервозна“, рече Роби во разговорот за BAFTA: A Life In Pictures нагласувајќи дека можеби само изгледала самоуверено, но воопшто не било така.

Роби за време на снимањето имала само 22 години, а нејзиниот партнер Ди Каприо бил 15 години постар. Станува збор за сцена што се одвива во детската соба и во која Роби, која ја портретира Наоми Лапаља, сопругата на Џордан Белфорт, се обидува да го испровоцира Ди Каприо покажувајќи го голото меѓуножје. Ова е една од најексплицитните сцени во и онака многу експлицитниот филм.

 

 

Прикажи повеќе...

Забава

Елен Деџенерис продава викендичка во Монтесито

Објавено пред

Комичарката Елен Деџенерис и нејзината сопруга Портија де Роси отуѓуваат еден од своите имоти во Монтесито откако неодамна продадоа друг во истата населба за 13,5 милиони долари.

dobivaj vesti na viber

Претходно оваа недела парот ја огласи куќата од 1915 година за цена од 5,8 милиони долари.

„Имотот од 2.830 квадратни метри се наоѓа во градскиот кварт Хеџероу, има неверојатна приватност и е во близина на плажата и долниот и горниот дел на Монтесито“, стои во огласот.

Деџенерис, која во последните две децении купи и продаде најмалку 20 имоти, поседува куќи во вредност од 450 милиони долари. Токму затоа медиумите ја нарекуваат тајкун за недвижности.

Во 2020 година двојката купи неколку раскошни вили, вклучувајќи го огромниот имот во Монтесито со повеќе станбени објекти и главна куќа, за цена од 49 милиони долари.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа6 часа

Шефот на НАТО: Путин сака да ја искористи зимата како оружје за војна

Русија најверојатно ќе продолжи да ги напаѓа украинската електрична мрежа, гасната инфраструктура и основните услуги за луѓето, изјави генералниот секретар...

Економија7 часа

Евростат: На Европejците сè потешко им е да врзат крај со крај

Сè повеќе Европејци сè потешко врзуваат крај со крај поради растот на цените кои ги намалуваат нивните приходи, се наведува...

Европа9 часа

Француски пратеник: „Зеленски сака да ја вовлече Европа во трета светска војна, тој е опасна личност“

Франција треба да престане да му доставува оружје на Володимир Зеленски, кој се обидува да започне трета светска војна, рече...

Топ10 часа

Приведен малолетник кој извршил обљуба врз малолетничка од Скопје

Ноќеска по полноќ, бил приведен малолетник кој се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Скопје. Имено, според полицијата, денеска...

Европа10 часа

Вучиќ од Норвешка: Ситуацијата на Косово врие, Курти се повикува на силата на западните земји

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е во посета на Норвешка, каде што денеска и утре ќе разговара со државниот врв....

Економија11 часа

Ковачевски: Инвестирајќи во патната инфраструктура, инвестираме во развој на економијата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, и заменик-директорот...

Економија13 часа

Ново намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните...

Топ14 часа

Воз прегази маж на пругата Битола – Скопје

Патнички воз прегази машко лице – пешак на железничката пруга Битола – Скопје, кај железничкиот мост на Маркова Река. Во...

Македонија15 часа

Советот на Општина Гевгелија бара разрешување на директорката на градинката поради инцидентот со 10-месечното дете

Советот на Општина Гевгелија на седницата одржана во саботата донесе заклучок со препораки до Министерството за труд и социјална политика...

Македонија15 часа

Историската комисија не преговара за црковниот статус на МПЦ-ОА

Членовите на македонскиот тим во заедничката мултидисциплинарна и експертска Комисија за историски и образовни прашања тврдат дека не преговараат за...

Свет17 часа

Зеленски до Украинците: Доаѓаат нови напади, Русите нема да се смират сè додека имаат проектили

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави доцна синоќа дека Русија сигурно ќе изврши нови ракетни напади врз неговата земја и ги...

Свет17 часа

Кличко му одговори на Зеленски: „Не сакам да се вовлекувам во политички битки“

Градоначалникот на Киев, поранешниот професионален боксер Виталиј Кличко, рече дека нема смисла да се расправа одговарајќи на критиките од Зеленски...

Македонија17 часа

СДСМ: Хаос со превозот во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ создаде катастрофа

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ го доведе во колапс јавниот превоз и создаде хаос во функционирањето на градот Скопје, обвини владејачкиот СДСМ....

Свет18 часа

Русија: Нуклеарката „Запорожје“ останува под наша контрола

Нуклеарната централа „Запорожје“ во Енергодар останува под руска контрола, соопшти градската управа. „Медиумите активно шират лажни вести дека Русија наводно...

Свет18 часа

Авион се заплетка во кабли на далновод, па над 120.000 луѓе останаа без струја во Мериленд

Мал приватен авион вчера се урна во високонапонски далноводи на 50-ина километри северно од Вашингтон. Ова доведе до голем прекин...

Македонија18 часа

Блокада на крстосницата кај „Мавровка“ поради протест на приватните превозници

Посебен сообраќаен режим утрово на булеварот Гоце Делчев и на булеварот Крсте Петков Мисирков и околните улици поради најавениот протест...

Свет1 ден

The Telegraph: Талибанците заработија милиони од Светското првенство во Катар

Талибанците заработија милиони на Светското првенство со обезбедување градежна опрема за изградба на стадион во Катар, тврди британски Телеграф. Високи...

Европа1 ден

Борел: Можно е војната во Украина да не заврши

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел оцени дека „можно е војната во Украина да не заврши, да се одолговлекува како...

Европа1 ден

Енергоатом: Русите се подготвуваат да ја напуштат нуклеарната централа во Запорожје

Шефот на украинската државна компанија за нуклеарна енергија Енергоатом рече дека има знаци дека руските сили се подготвуваат да ја...

Топ1 ден

На нива почина 63 годишен струмичанец, удрил со главата во метална шипка

На 26.11.2022 во 16.16 часот било пријавено дека на нива, атар на с. Моноспитово-Струмичко, Ј.Ј.(63) додека извршувал земјоделски работи со...