Контакт

Забава

Чаша црвено вино има ист ефект како еден час вежбање во сала, тврдат научниците

Објавено пред

Истражување на Универзитетот „Алберта“ во Канада наведува дека ефектот на една чаша црвено вино може дa се спореди со цел час вежбање во сала.

Работата е во тоа што ресвератролот во црвеното вино има антиинфламаторно, кардиопротективно и антиканцерогено дејство, а исто така го намалува и нивото на шеќерот во крвта. Ресвератролот може да го разбуди организмот како еден час физичка активност.

Според зборовите на раководителот на истражувањето Џејсон Дајк, ова ќе ви овозможи да го одржите тонусот на мускулите, дури и ако не одите во вежбалница. Ресвератролот ги зголемува отчукувањата на срцето и со самото тоа го јакне срцето, а и мускулите.

„Секој од нас слушнал повеќепати за здравата навика да се пие чаша црвено вино со ручекот, но повеќето никогаш не размислувале што тоа всушност значи“, се вели во ова истражување.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Музејот во Аушвиц го предупреди Џеф Безос да повлече антисемитска книга за деца од „Амазон“

Објавено пред

Американскиот милијардер Џеф Безос, сопственик на „Амазон“ е предупреден од музејот во Аушвиц, од својата платформа да ја повлече антисемитската книга за деца со содржина од нацистичката ера.

Антисемитската книга „Отровна печурка“ ја напишал нацистот Јулијус Штрајхер, кој бил егзекутиран поради злосторства против човештвото. Бил висок нацистички функционер кој по Втората светска војна во Нирнберг бил осуден на смрт и обесен. Книгата е првпат издадена во 1938 година.

Британскиот образовен завод за Холокаустот ја опишал нивната згрозеност кога виделе дека угледни издаваќи куќи како „Амазон“, ја продаваат книгата на овој нацист, кој бил член на нацистичка партија и кој го основал антисемитскиот весник „Дер Стурмер“, кој се користел за пропагандни цели.

„Нацистичката пропаганда полна со омраза и заразен антисемитизам не се продава само на британскиот „Амазон““ навел музејот на својот Твитер.

Како што се наведува, покрај британскиот сајт, книги од автор како Јулијус Штрајхер може да се најдат и на американската и германската верзија на сајтот.

Книгата на „Амазон“ е достапна во оригинална германска верзија, како и на англиски, француски и шпански јазик.

Прикажи повеќе...

Забава

На карневалот во Рио де Жанеиро се очекуваат околу 2 милиони туристи

Објавено пред

И оваа година во ритамот на самбата во Рио де Жанеиро дење и ноќе без прекин ќе се движат неколку милиони учесници и гости.

Познатиот „Самбадром“ во Рио де Жанеиро повторно е центар на најголемиот, најлудиот и највеселиот карневал на светот.

Почнува секогаш в петок, со крунисување на дебелиот крал Момo, кој потоа добива сребрен и златен клуч на градот од градоначалникот на Рио.

Околу два милиони луѓе поминуваат бескрајни денови и ноќи на улиците на Рио во лудиот ритам на познатата самба. Навечер, во експлозија на бои и музика, се одржуваат натпревари на најдобрите. Во жестока конкуренција, се оценуваат кореографии, атмосфера, костими, организација и пеење.

Карневалот службено трае до 26 февруари.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Најдолгиот железнички тунел под швајцарските Алпи

Објавено пред

Најдолгиот железнички тунел под швајцарските Алпи наскоро ќе биде целосно отворен, а се наоѓа во склоп на најдолгиот тунел во светот Готард, кој е долг 57 километри. Проектот е вреден 11,3 милијарди долари.

Тунелот се наоѓа на длабочина од 2.500 метри под Алпите, а ангажирани се 2.500 работници кои имаат задача да направат пат низ 30 милиони тони гранит, да постават пруга и уште неколку стотина километри електрична инсталација, сигнализација и комуникациски систем.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ8 минути

На автопатот „Пријателство“ во камион превезувани 43 мигранти од Бангладеш

Во близина на бензинска пумпа на автопатoт „Пријателство“, во правец од ГП Табановце- Куманово, синоќа полициски службеници од Полициска станица...

Свет40 минути

(Видео) Загина во ракетата што сам ја направи, сакаше да докаже дека Земјата е рамна

Американскиот авантуристички пилот, познат како „Лудиот“ Мајк Хјус, загина вчера обидувајќи се да ја лансира ракетата што сам ја направи,...

Свет59 минути

Русија негира дека шири дезинформации за вмешаност на САД во ширењето на коронавирусот

Русија строго ги негираше тврдењата дека шири дезинформации за појавата на коронавирусот на социјалните медиуми. Американски официјални претставници изјавија дека...

Свет1 час

По грешка пуштиле 23 патници од крузерот без повторен тест за коронавирус

Владата на Јапонија дозволила да се симнат 23 патници од крузерот „Дајмонд принцес“ без повторно тестирање на коронавирус по истекот...

Свет2 часа

Сандерс води во Невада, порача дека ќе работи спротивно од Трамп

Сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс според проценките на Си-ен-ен победи на кокусот на демократите во Невада, додека поранешниот потпретседател на...

Топ19 часа

Тешко повреден градежен работник кој паднал во длабока дупка

Тешко повреден 52-годишен градежен работник од Скопје бил донесен вчера во Градската општа болница„Св. Наум Охридски“,откако паднал во дупка длабока...

Топ1 ден

Пронајдени 47 мигранти во камион кај Струмица

Четириесет и седум мигрнати биле пронајдени во паркиран камион кај Струмица, возачот на возилото избегал. Вчера околу 21 часот на...

Европа1 ден

(Видео) Археолозите со неверојатно откритие – пронајдена гробницата на Ромул во Рим

Италијанските археолози соопштија дека во центарот на Рим откриле древна гробница која речиси сигурно е посветена на основачот на Рим,...

Топ1 ден

Приведени двајца дилери на дрога во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава против А.Т.(42) од Неготино и М.А.(29) од село Корешница, демиркаписко за неовластено производство и пуштање во...

Европа1 ден

Прва жртва на коронавирусот во Европа, почина пациент во Италија

Пациент заразен со коронавирус во градот Падова, на северот на Италија, почина, со што стана прва жртва на вирусот во...

Свет1 ден

СЗО: Земјите мора да дејствуваат брзо пред да биде предоцна

Шансите за сузбивање на ширењето на епидемијата на коронавирусот во светот се намалени, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), нагласувајќи дека...

Топ2 дена

(Видео) Сеопфатното сексуaлно образование ќе превенира и скандали како „Јавна соба“

Порнографските материјали на малолетници дистрибуирани преку групата „Јавна соба“ на апликацијата „Телеграм“, бременост кај малолетнички, насилство базирано кон оние со...

Македонија2 дена

Спасовски: Владата разгледува две можни решенија за надминување на кризата со пасошите

Владата разгледува две можни решенија за надминување на пасошката криза, односно „Веридос“ што е можно побрзо да ги испорача обрасцирте...

Македонија2 дена

(Видео) Коалиција Села – Гаши: Ќе го победиме Ахмети, ние стоиме на зборот за разлика од ДУИ

Под мотото „Држава за сите“, Алијанса за Албанците на Зијадин Села и Алтернатива на Африм Гаши ќе настапат заедно на...

Македонија2 дена

Мицкоски: Идната коалиција ќе биде на база на програма, а не на победник со победник

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања најави дека доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, тоа не мора да...

Економија2 дена

Запленети 113 килограми тутун и 415 кутии цигари во Скопје и Тетово

Царинската управа во соработка со Државниот пазарен инспекторат, денеска во две акции во Скопје и Тетово заплени 113 килограми тутун...

Топ2 дена

Шверцери на мигранти признаа вина, условно се казнети и ќе бидат протерани од земјава

По поднесен обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за предметот во кој...

Македонија2 дена

(Видео) Падна пресуда за „Змиско око“ – четворица вработени на патарините починале за време на историското судење

По 13 години низ судските лавиринти, денеска падна првостепената пресуда за веќе историскиот случај „Змиско око“. Претходно, во два наврата...

Македонија2 дена

Работниците од Кина што влегоа во државата немаат коронавирус, но ќе поминат 14 дена во карантин

Двете лица од Кина, кои се работно ангажирани од кинеската компанија „Синохидро“, а кои вчера пристигнаа во државата, немаат симптоми...

Македонија2 дена

(Видео) Русковска: Адвокатите на обвинетите за организирање на 27 април предлагаат по 300 сведоци

Шефицата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал, Вилма Русковска, по денешното рочиште за судење на организаторите на 27 април,...

Досие