Контакт

Забава

Членовите на британското кралско семејство имаат кодни имиња, кралицата е Шерон, принцот Хари е Дејвид

Објавено пред

Многу луѓе на интернет обожаваат статии за британското кралско семејство, а тоа понекогаш се припишува на мистеријата што владее околу неговите членови. Детали од приватниот живот на кралицата и нејзините наследници ги интересираат сите фанови на Виндзор.

Така, деновиве во британските медиуми се појавија информации дека телохранителите на кралицата Елизабета имаат посебно име за неа кога се појавува во јавноста.

„Дејли мирор“ пишува дека телохранителите ја нарекуваат кралицата Шарон или само „С“. Тоа е нејзино кодно име, за да се заштити нејзиниот идентитет. Кога комуницираат со пораки, телохранителите ја нарекуваат кралицата само „С“, што се претпоставува дека е од придавката „суверена“.

„Мирор“ пишува дека Дејвид Стивенс и Давина Скот се кодните имиња на принцот Хари (35) и Меган Маркл (38).



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

„Диор“ се извини по гафот со картата на Кина без Тајван

Објавено пред

Француската модна куќа „Диор“ се извини за прикажување карта на Кина на која недостасуваше Тајван, поради што луксузниот бренд се најде во скандал околу кинескиот територијален интегритет, што им се случи и на „Коуч“,„Версаче“ и на „Живанши“, пренесува РТ.

„Диор длабоко се извинува за погрешната изјава и погрешно претставување направено од член на персоналот на презентација“, соопшти брендот на социјалната мрежа Веибо во четвртокот.

Во изјавата се додава дека „Диор“ ја почитува политиката на Кина и строго го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина и ветува дека ќе спречи вакви грешки да се случуваат во иднина.

Претходно неделава, „Диор“ одржа презентација за време на која ги покажа своите продавници во Кина, но Тајван беше исклучен од картата. Пропустот веднаш го забележал некој од публиката, кој запрашал зошто недостасува островот .

Вработениот објаснил дека сликата е во премал размер и Тајван е многу мал за да се покаже. Сепак, упорниот студент одговорил дека Тајван е поголем од островот Хаинан, најјужната точка на Кина, кој бил прикажан на картата. Вработениот тогаш рекол дека Тајван и Хонгконг биле вклучени само во презентациите кои се однесуваат на пошироката област на Кина.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Северина јавно ги обвини наставничките дека го затвориле и физички го малтретирале син ѝ

Објавено пред

Пејачката Северина Коиќ (47) на прес-конференција упати сериозни обвинувања за училиштето на својот син. Таа тврди дека во училиштето каде што нејзиниот син е ученик во второ одделение на меѓународна програма, се случил инцидент кога на нејзиниот сопруг, кој редовно го зема детето од училиште, не му го дале, туку наставничките го заклучиле во училиштето, физички и психички го повредиле и така го држеле цели два часа.

„Иако, според судскиот договор, мојот сопруг има право да го земе детето од училиште, сепак директорката на училиштето, која има многу тужби од други мајки, се согласи со таткото на моето дете дека никој, освен мене, не може да го земе детето, па јас сум единствената мајка што не може да си ја заврши работата. Јас сум единствената мајка која не може да биде болна. Имено, им испратив извинување затоа што имав помала лична повреда на проба за танц и слично. До денес никој не ме повикал од училиштето, добивам заканувачки имејлови од таткото на моето дете, а тоа не сака да оди на училиште затоа што претрпе голема траума“, вели пејачката раскажувајќи ја ситуацијата што наводно се случила.

Uživo smo press konferenciji povodom Severinine velike regionalne turneje "The Magic Tour"

Posted by Jutarnji on Четврток, 17 октомври 2019

„Го влечеле за рацете, за рамената, сето тоа го има во лекарскиот наод. И му се заканиле дека ако стане од столот, затоа што викал дека сака да оди кај Игор, ќе добие ќотек. По два и пол часа малтретирање, директорката, која не се појави во училиштето, рече дека таткото дал дозвола мојот сопруг да го земе детето“, тврди Северина.

Според пејачката, таа морала јавно да ги сподели овие информации.

„Јас сум единствената мајка што не може да објавувам фотографии од својот син на ‘Инстаграм’ бидејќи мојот поранешен тоа го реши на сомнителни начини“, тврди Северина.

Директорката на училиштето, пак, рекла дека се воздржуваат од секаков коментир заради благосостојбата на децата затоа што верува дека секое од нивните деца заслужува да има спокојно, односно мирно детство.

Овие обвиненувања доаѓаат во пресрет на судската одлука за старателство над детето. Рочиштето е закажано за крајот на ноември.

Прикажи повеќе...

Забава

Го продал „поршето“ освоено на натпревар, а по два дена, освоил уште едно

Објавено пред

Водоинсталатерот Том Харви (28) од Дартфорд, Велика Британија, првпат освоил „порше 911 карера 4 ГТС“ од 110.000 фунти на онлајн-натпреварот на брендот БОТБ 2017, заедно со 20.000 фунти во готово.

Минатата недела тој ја продал својата награда поради депозитот за куќата, но само по два дена, тој повторно освоил автомобил, овој пат „макан С“, вреден 50.000 фунти, плус дополнителни 20.000 фунти во готово.

„Мора да сум еден од најсреќните луѓе на планетата во моментот“, рекол Харви.

За другата награда дознал кога бил со татка си Бил во Есекс на курс за водоинсталатери.

„Мислев дека никогаш нема да победам, а камоли двапати“, признал Харви.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија1 час

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ3 часа

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија3 часа

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ3 часа

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија3 часа

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа4 часа

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија5 часа

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа6 часа

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси, ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Регион7 часа

Во Сараево малолетничка го убила новороденчето со помош на мајка си

Припадници на сараевската полиција уапсија малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а ја уапсиле и мајка ѝ под...

Свет7 часа

Турција нема да прогласи прекин на огнот на северот на Сирија

Турција нема да прогласи прекин на огнот во северна Сирија и нема да преговара со курдските борци, рече портпаролот на...

Европа7 часа

(Видео) Немири во Барселона, протестите не стивнуваат

Нови немири се случија синоќа во Барселона, кога се судрија демонстрантите и полицијата на третиот ден од протестите против пресудите...

Македонија17 часа

Заев и Туск очекуваат да се изнајде решение за почеток на преговорите

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу премиерот, Зоран Заев и претседателот на...

Македонија19 часа

(Видео) Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа...

Македонија21 час

(Видео) Заев до европските лидери: Бидете наши херои, не гасете ја ѕвездата кон која се стремиме

Премиерот Зоран Заев попладнево е во Брисел, каде што заедно со еврокомесарот Јоханес Хан одржа прес-конференција во обид да издејствува...

Европа23 часа

Карл Билд: Ветото на Франција би значело колапс за кредибилитетот на ЕУ на Балканот

Шведскиот политичар Карл Билд на „Твитер“ порача дека ЕУ се соочува со можноста за пропаѓање на целиот нејзин кредибилитет на...

Македонија1 ден

АВМУ: Досега не е побарана промена на сопственоста на „1ТВ“

„1ТВ“ досега нема побарано да се изврши промена на сопственоста, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Од таму појаснуваат...

Македонија1 ден

Велика Британија го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Велика Британија денеска го ратификува протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО. Британскиот министер за надворешни работи, Доминик...

Македонија1 ден

Заев: Ако нема одлука за датум, Владата може да падне

Понатамошно одлагање за добивање датум за преговори со Европската Унија би можело да доведе до пад на Владата, рекол премирот...

Македонија1 ден

Прогласени пет нови природни реткости – меѓу нив и Чинарот во Охрид

Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување 5 нови природни реткости: Киселичката пештера, Чинарот во Охрид,...

Досие