Забава
Човек во инвалидска количка фрли торта на слика на Да Винчи

Маж преправен во стара жена во инвалидска количка фрли торта на „Мона Лиза“, познатата слика на Леонардо да Винчи во Лувр во Париз.
На уметничкото дело, кое не беше оштетено, остана бел крем размачкан преку заштитното стакло.
Сторителот, кој носел перика и кармин, ги повикал луѓето „да мислат на Земјата“ додека го изнесувале од музејот. Медиумите претпоставуваат дека станува збор за екоактивист.
„Мона Лиза“ е најпознато уметничко дело на светот, создадено од Леонардо да Винчи во 1503 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Амбер Херд ќе се обиде да ја поништи пресудата за клевета

Адвокатскиот тим на Амбер Херд почна постапка во обид да го отфрли случајот против нивниот клиент.
Таа се соочи со поранешниот сопруг Џони Деп за време на експлозивното судење што траеше шест недели претходно оваа година.
Пресудата во корист на Деп беше изречена на почетокот на јуни. Поротата потврди дека неговата поранешна сопруга во напис во „Вашингтон пост“ од 2018 година го наклеветила нарекувајќи се себеси „јавна личност која застапува семејна злоупотреба“.
Нејзиниот правен тим тогаш изјави дека планираат да поднесат жалба на пресудата, а во петокот поднесоа барање од 43 страници со образложение дека пресудата не е поткрепена со докази.
Нејзините адвокати, исто така, тврдат дека поротата не била соодветно проверена.
Во нивниот поднесок, адвокатите напишаа дека Деп постапил исклучиво врз основа на теорија со импликација на клевета.
Забава
Хејден Панетијер: Злоупотребата на дроги почна на 15 години кога ми дадоа „пилули за среќа“

Хејден Панетијер се борела со тајна зависност од опијати и алкохол.
32-годишната актерка откри дека нејзината зависност станала толку лоша што довела до распад на врската со боксерот Владимир Кличко, а во 2018 година ја испратила нивната ќерка Каја во Украина да живее со својот татко.
Во интервју за „Пипл“ таа вели: „Тој не сакаше да биде со мене. Јас не сакав да биде со мене. Но, со опијати и алкохол се чувствував среќна за момент. Потоа се чувствував полошо од претходно. Бев во циклус на самоуништување“.
А за одлуката да ја испрати ќерката да живее со Кличко, ѕвездата од Нешвил рече: „Тоа беше најтешкото нешто што некогаш морав да го направам. Но, сакав да бидам добра мајка за неа – а понекогаш тоа значи да ги пуштам да си одат.
„Никогаш немав чувство дека сакам да му наштетам на моето дете, но не сакав да поминувам време со неа“.
Хејден откри дека почнала да консумира дрога кога имала само 15 години, откако член од нејзиниот тим ѝ понудил „пилули за среќа“. Работите излегле надвор од контрола откако ја родила Каја во 2014 година и страдала од постпородилна депресија.
Морала да оди на рехабилитација осум месеци, откако пиела толку многу што ѝ била дијагностицирана жолтица, а во изминатата година имала интензивна терапија на траума и болничко лекување.
Забава
Бред Пит има просопагнозија, загрижен е дека луѓето имаат погрешно мислење за него

Холивудската ѕвезда Бред Пит боледува од просопагнозија.
На 58-годишниот актер никогаш официјално не му била дијагностицирана, но тој верува дека боледува од оваа состојба – тешкотија или неможност за препознавање лица – и смета дека тоа ги навело луѓето да имаат погрешно мислење за него.
Во интервју за списанието GQ, Бред објасни дека често се бори да запомни нови луѓе и дека е загрижен што луѓето го сметаат за „далечен, повлечен, недостапен и самобендисан“.
Кога авторката Отеса Мошфег му кажа на Бред дека нејзиниот сопруг верува дека ја има истата состојба, Бред рече: „Никој не ми верува! Сакам да запознаам друг“.
Бред со години се бореше со својата состојба и во 2013 година призна дека многу луѓе го мразат поради тоа.
Тој претходно изјави за Esquire: „Многу луѓе ме мразат затоа што мислат дека не ги почитувам. Затоа, се колнам во Бога, поминав една година во која си велев оваа година ќе се справам со овој проблем и ќе прашам некои луѓе каде се сретнавме. Но, ситуацијата само се влоши.“
„Луѓето беа уште повеќе навредени. Одвреме-навреме некој ќе ми пререче, а јас ќе одговорам: ти благодарам што ми помогна. И на крајот, морав да се откажам од повеќе луѓе.“
Просопагнозијата е тешкотија или неможност за препознавање лица. Ова е всушност невровизуелно нарушување при кое не сте во состојба да ги препознаете лицата на други луѓе.