Контакт

Бизарно

Човек добил инфаркт кога во живо видел уметничко ремек-дело од ренесансата

Објавено пред

Седумдесетгодишен Италијанец доживеал срцев удар откако го обземале длабоки емоции кога во галеријата Уфици во Фиренца го здогледал ремек-делото „Раѓањето на Венера“ на италијанскиот уметник Сандро Ботичели, насликано околу 1485 година, пренесува британски „Дејли мејл“.

Порталот Firence Republika пишува дека човекот имал среќа бидејќи во галеријата во тој момент имало четворица лекари, а во просторијата имало и дефибрилатор па веднаш му пружиле помош.

Обожавателот на ренесансата уметност успешно заздравил во болница во Фиренца, а директорот на галериојата, Ејке Шмит, за медиумите изјавил дека ова не е првпат на некој посетител да му се слоши додека се восхитува на убавината на уметничките дела.

Така еден посетител доживеал епилептичен напад додека гледал во делото „Примавера“ од Ботичели во 2016 година, а друг на почетокот на годинава се онесвестил пред „Медуза“ од Караваџо.

Иако многумина веруваат дека во овие случаи најчесто станува збор за исцрпени туристи, кои по долго патување доаѓаат во некој град богат со уметност и настојуваат за кратко време да видат што повеќе, сепак во медицината постои термин за ваквата реакција кој се нарекува Стендалов или Фирентински синдром.

Овој феномен е именуван по францускиот писател Мари-Анри Бејлу, кој во 19 век пишувал под псевдонимот Стендал.

Синдромот претставува психосоматско нарушување предизвикано од естетски шок, односно преголемо воодушевување од уметност и уметнички дела со голема уметничка вредност. Притоа, луѓето може да доживеат необични психички и физички симптоми како несвестица, забрзана работа на срцето, вртоглавица, па дури и халуцинации.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа

Објавено пред

Украдената статуа на легендарниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли, која беше поставена во големиот градски парк во Мостар во 2005 година, беше пронајдена од полицијата, а злосторникот што ја украл и сокрил е уапсен.

Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одвоена од постаментот со пила и украдена. Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи статуата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.

Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати беше мета на вандали кои неколкупати го оштетуваа, па градските власти претходно го отстранија поради санација и доработка.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Мона Лиза посипана со супа: Две жени го нападнаа познатото ремек дело во Лувр

Објавено пред

На снимката се гледаат две демонстрантки како се прикрадуваат под бариерите заштитувајќи го ремек-делото на Леонардо да Винчи пред да ја потурат сликата со супа.

Потоа и двете ги соблекле јакните за да откријат бели маици на кои со големи црни букви беше испишано „Riposte Alimentaire“ – што значи „Одговор на храната“.

Сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз.

Демонстрантите, наводно, барале право на „здрава и одржлива храна“.

Ова не е прв пат Мона Лиза да биде мета на климатски активисти – во мај 2022 година, демонстрантите фрлија торта врз неа.

Маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли торта врз непроценливото дело, пред да извика „мислете на планетата!“ додека беше придружуван надвор од зградата.

Се обидел да го скрши и заштитното стакло пред сликата, но не успеал.

Прикажи повеќе...

Бизарно

УФЦ шампион донел девојка дома да ја вери, па дознал дека веќе е омажена

Објавено пред

Навистина бизарна ситуација му се случила на актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Алекс Переира. Тој тврди дека неговата поранешна свршеница Мерл Кристин во текот на целата врска криела дека веќе била мажена за друг маж!

Се чинеше дека на Переира му цветаат рози на сите полиња. Тој е непобедлив во октагонот, а одлично му оди и на љубовен план… Беше во долгогодишна врска со избраничката Мерл Кристин и планираше да се венчаат, но потоа откри дека неговата саканата водела двоен живот.

Кристин била во брак додека била во врска со познатиот борец. Барем така тврди Переира.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минути

Утре променливо облачно време со дожд и грмежи, температурите во опаѓање

Времето утре ќе биде променливо облачно, а претежно во западните делови од земјата ќе има повремен дожд. Локално се очекуваат...

Свет52 минути

Трамп: Иранците рекоа дека ќе добиеме нуклеарен прав

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е уверен дека Иран ќе престане да збогатува ураниум и ќе се откаже од...

Свет57 минути

Пентагон објави колку војната во Иран ја чинела Америка досега

Американската војна во Иран досега чинела 29 милијарди американски долари, изјави денес висок функционер на Пентагон, што е зголемување од...

Македонија1 час

Ученикот кој беше прободен во училиште во Ченто е во болница и е во добра состојба, вели Стефковски

Ученикот кој вчера беше прободен во основно училиште во Ченто е во болница и е во добра состојба, вели градоначалникот...

Економија1 час

Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“: „’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

Компаниите од земјава и од регионот треба да ги напуштат локалните практики и да работат според глобалните правила и стандарди,...

Македонија2 часа

Во завршна фаза е изградбата на боксерската сала во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, изврши увид на изградбата, односно завршницата на еден капитален објект за Битола. Центарот за спорт...

Македонија2 часа

Средба на Сиљановска-Давкова со канадските претприемачи со македонско потекло, Џон Битов помладиот и Јордан Битов

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на македонската дијаспора во Канада, меѓу кои и канадските претприемачи Џон Битов помладиот и...

Свет2 часа

Кремљ го повтори тврдењето на Путин дека војната во Украина е речиси завршена

Кремљ денес го повтори тврдењето на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во Украина е речиси завршена, откако украинскиот претседател...

Македонија2 часа

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на СОС Детско село Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на СОС Детско село Македонија по повод одбележувањето на 25-годишнината од постоењето и...