Забава
Шарлиз Терон сподели ретка фотографија од ќерките и мајка ѝ

Шарлиз Терон сподели ретка фотографија од ќерките Џексон (10) и Огуст (7), додека го прославуваше роденденот на својата мајка Герда во четвртокот.
46-годишната оскаровка постираше слајдшоу од фотографии на нејзината инстаграм-страница за да го облежи овој настан.
„Денес е роденден на мојата мајка. Сакав да споделам со сите вас бидејќи секој што ја познава знае колку е прекрасно да се застане на нејзината сончева светлина“, напиша Шарлиз во описот на објавата.
„Таа навистина е живот. Се смее погласно од кој било што сум го сретнала.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Сара Џесика Паркер не разговарала со Крис Нот од наводите за сексуален напад

Сара Џесика Паркер, ѕвездата и продуцентка на новата сезона на „Сексот и градот“, „И едноставно така“, не разговарала со долгогодишниот колега од оригиналната серија Крис Нот откако се појавија обвинувања против него за наводен сексуален напад.
„Не знам ни дали сум подготвена да зборувам за тоа“, изјави 57-годишната актерка, во разговор со „Холивуд репортер“ во вторникот.
„Но, не мислам дека не реагирав на скандалот како продуцент.”
Нот го портретираше сопругот на Кери Бредшо – финансиерот Џон Џејмс Престон или мистер Биг – во сите шест сезони на „Сексот и градот“, двата филма со ист наслов, и во новото поглавје „И едноставно така“ (And Just Like That) на „ХБО макс“.
На 16 декември Крис ги отфрли обвинувањата за сексуален напад над двете жени и беше дециден дека станува збор за консензуални средби во далечно минато.
Набргу потоа, уште две жени се појавија со слични тврдења за Нот, кој веднаш беше исфрлен од Агенцијата за уметници А3, а ликот кој го глумеше во „Праведник“ (‘The Equalizer), серија на Си-би-ес, беше елиминиран.
Сара Џесика Паркер не мораше да го отпушти Крис Нот, бидејќи неговиот лик – мистер Биг – починува од срцев удар уште во првата епизода на серијата.
Забава
Кери Фукинага, режисерот на „Џејмс Бонд“, етикетиран како сексуален штетник

Три млади актерки го обвинија холивудскиот режисер Кери Фукунага дека е сексуален предатор кој им предизвикал страв.
Рејчел Винберг (23) тврди дека Фукунага (44), режисерот на најновиот филм од серијалот за Џејмс Бонд, „Не е време за умирање“, почнал да врши притисок над неа за романтична врска пред пет години, веднаш откако наполнила 18 години и дека врската со него ѝпредизвикала синдром на посттрауматски стрес.
Тие се запознале за време на снимање реклама што тој ја режирал. Двојката започнала консензуална врска која вклучувала и сексуални односи, откако Рејчел станала полнолетна.
„Поминав години плашејќи се од него. Пазете се жени!“, напиша таа на својата инстаграм-страница, додавајќи дека по врската со Фукинага таа била трауматизирана до таа мера што ѝ било дијагностицирано посттрауматско стресно растројство (ПТСН).
Рејчел сподели фотографии на кои е со режисерот и напиша: „Во повеќе наврати се обидов да стапам во контакт со него за да му кажам како ме натера да се чувствувам, но никогаш не презеде одговорност. Тој всушност ме избриша“.
Актерките близначки Хана и Кејлин Лоеш, исто така, го обвинија за сексуално вознемирување. Во објава на Твитер, тие тврдат дека се дружеле со Фукунага во 2018 година, кога имале 20 години, но наводно, прекинале кога им кажал дека сака тројка во хидромасажна када во нивната куќа во Пенсилванија.
Наводите доаѓаат откако Фукунага објави сторија на неговата инстаграм- страница во која ја изјавува својата поддршка за правата на жените, во врска со документот што протече неодамна, а кој открива дека Врховниот суд на САД е на пат да го поништи случајот „Рое против Вејд“, пресуда со која се легализира абортусот во Америка.
Тој напиша: „Врховниот суд ќе нè турне чекор поблиску до војна со самите себе… легитимизирајќи ја војната против правата на жените“.
Забава
Боб Меки: Ким Кардашијан направи голема грешка носејќи го фустанот на Мерлин

Ако некој има моќ да ја натера Ким Кардашијан да зажали за идејата да го облече оригиналниот ‘Happy Birthday, Mr. President’ фустан на Мерлин Монро на овогодишната „Мет гала“, тоа е Боб Меки, легендарниот дизајнер кој ја создаде скицата за фустанот на Монро, а подоцна ја изведе Жан-Луис.
Повеќе модни експерти гласно проговорија против Кардашијан во врска со нејзиниот избор на облека за свеченоста, потенцирајќи ја екстремната кревкост на фустанот и неговата света улога во американската култура, но Меки можеби ја изрече смртната казна.
„Мислам дека тоа беше голема грешка“, изјави Меки во ново интервју за „Ентертејнмент викли“.
„Мерлин беше божица. Луда божица, но божица. Таа беше фантастична, чудесна. И фустанот беше направен за неа. Тој беше дизајниран за неа. Никој друг не треба да се појави во тој фустан“.